Анализа 01-2020

Посреднички (прокси) војни во Либија

Анализа 01-2020

Во рамките на конјунктурата која беше формирана по Арапската пролет во 2011 и кога започна бунт против Моамер Гадафи, земјите како што се Франција, искористувајќи ја хаотичната состојба во земјата, почнаа воена интервенција. Веднаш потоа со интервенцијата на НАТО, беше воспоставена управа со седиште во Триполи. Но како и во другите примери, така и во Либија никако не се воспостави политичка, економска и воена стабилност. Богатите енергетски извори на земјата и геополитичката состојба во Северна Африка го зголемува апетитот на низа земји, поради што Заливските земји беа вознемиерни од формирањето демократски режим во Либија.

Во врска со денешната тема ви го пренесуваме коментарот на научниот истражувач на Фондацијата за политички, економски и општествени истражуваља (СЕТА) Џан Аџун кој вели:

„Особено земјите како што се Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Египет и Франција кои мислеа дека Владата на национално единство на Либија која од страна на ОН беше призната како легитимна влада, нема да служи на нивните интереси, го поддржаа пучистичкиот генерал Хафтер, поради што сакаа да го постават на власт.  Откако не можеа да ја остварат оваа цел, наведените земји овојпат почнаа со поддршка на алтернативната управа повторно под водство на генералот Хафтер која ќе се формира во Тобрук, а која ќе ја опфати контролата над градовите Мистара, Сирте и другите околни населени места. На тој начин планираа да се формира де факто хегемонија со која ќе управува Хафтер. Оваа коалиција со посредство на ОАЕ и саудиското лоби се обиде да го разубеди дури и американскиот претседател Трамп да го поддржи Хафтер. Но и покрај сета воена поддршка која му беше пружена на генералот Хафтер и САД директно беа вклучени во судирите, Хафтер не успеа да ја преземе контролата над главниот град. Русија ја искористи оваа празнина и се вклучи во играта. Руските платени војници Вагнер во судирите се вклучија директно на страната на Хафтер.

Турција уште од самиот почеток на превирањата во Либија беше против евентуална воена интервенција и застана на страна на Владата на национално единство со седише во Триполи, додека Франција интервенира со цел целата ситуација во Либија да биде ставена пред свршен чин. Во тие рамки Турција се ангажира во Либија да се формира власт која ќе биде пример и модел за другите земји. Остварувајќи активна соработка со Владата на национално единство на Либија, Турција вложи големи напори да ги пренесе своите искуства. Во период кога колаицијата која го поддржува Хафтер започна воена операција, Турција почна со воена поддршка на Владата на национално единство.

Либија е земја со која Турција има историски врски. Во период кога земјата почна да се модернизира, Турција на Либија и пружи сериозни претприемнички услуги и дојде до пораст на трговскиот обем. Особено од геополитичката ситуација во Источниот Медитеран, Либија со текот на времето се стекна со животна позиција за Турција. Гледано од тој апсект, Турција постигна договор за ограничување на поморските овластувања со Либија и ја зајакна својата позиција во Источниот Медитеран. Со воената поддршка на Владата на национално единство, Турција јасно го изнесе својот решителен став дека ќе ја штити Либија против коалицијата која го поддржува Хафтер. Турција го изнесува ставот дека воената интервенција не е трајно решение за Либија, но исто така со поддршката на Владата на национално единство против коалицијата и Хафтер се обидува да постигне воена рамнотежа со цел да се укаже на значењето на веројатноста за изнаоѓање политичко решение на конфликтот.

Тоа беше коментарот на истражувачот на Фондацијата за политички, економски и општествени истражуваља (СЕТА) Џан Аџун.



Слични вести