Крикот на мајките од Дијарбакир: „Вратете ни ги нашите деца“

Мајките од Дијарбакир чии деца се измамени и присилно однесени на планина и кои одржуваат протест со седење пред зградата на градскиот огранок на партијата ХДП, 2 месеци како продолжуваат да стражарат за своите деца

Крикот на мајките од Дијарбакир: „Вратете ни ги нашите деца“

„Ни пресушеа солзите“

Мајките од градот Дијарбакир веќе 2 месеци како продолжуваат да одржуваат протест со седење пред зградата на градската управа на партијата ХДП и да стражарат овде за своите деца кои се измамени, киднапирани и присилно однесени на планина.

Мајката Хаџире Акар од градот Дијарбакир, тврдејќи дека Партијата ХДП посредувала во измамувањето и присилното однесување на планина (киднапирањето) на нејзиниот син Мехмет Акар, на 22 август започна протест со седење пред зградата на градската управа на ХДП.

Протестот со седење којшто мајката Хаџире го започна за да не го даде својот син како жртва во тероризмот, вроди резултат и оваа ожалостена мајка со нејзината решителна борба на 24 август го доби својот син. Борбата којашто ја водеше мајката Хаџие за својот син, стана пример и за другите мајки кои ја доживуваат истата болка, чии срца горат и копнеат и патат по своите чеда.

Бројот на семејствата се зголеми на 52

Бројот на мајките кои се приклучија кон протестот со седење којшто го започнаа мајките Февзије Четинкаја, Ремзије Аккојун и Ајшеѓул Бичер, а кои ја зедоа како пример мајката Хаџире, достигна до 55 семејства.

Протестот се седење на мајките кои секојдневно чекаат пред зградата на градската управа на партијата ХДП да им бидат вратени нивните деца, продолжува со посети за поддршка.

Голем број граѓани од секои средини на општеството, а пред се министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, министерката за семејство, труд и социјални услуги Зехра Зумрут Селчук, семејствата на шехидите (загинатите), политичари, уметници, новинари, писатели, претставници на граѓански здруженија; ги посетија семејствата, ги споделија нивните болки и им ја доставија својата поддршка.

Мајките кои продолжуваат со протестот со седење со сликите на своите деца, чекаат да им бидат вратени и да се сретнат со своите деца по кои патат.

„Ни го упропастија животот“

Мајката Иммихан Нилифирка која од Истанбул дојде во Дијарбакир и се приклучи кон протестот со седење барајќи го својот син Мехмет кој пред 4 години бил киднапиран и присилно однесен на планина, рече дека сака да и биде вратен нејзиниот син.

Нилифирка наведува дека за киднапирањето и присилното носење на нејзиниот син на планина е одговорна ХДП и го истакнува следното: „ХДП го киднапира мојот син, знам. Да ми го вратат назад моето дете. Од него не можевме да добиеме ниту вест, ниту телефон. Семејно сме мртви. Ни го грабнаа, присилно однесоа детето, ни го упропастија животот. Ни пресушеа солзите. Што бараа од моето дете? Мојот син не беше нагазнал ниту на мравка, беше успешен во школото.“

Велејќи дека два месеци како го продолжуваат протестот со седење, Нилифирка објасни дека очекуваат одредено соопштение, појаснување од ХДП.

Ожалостената мајка Иммихан Нилифирка тагата којашто ја трпат ја изнесе со следните зборови: „Да излезат и да ни достават одредено соопштение. Ако и тие се Курди, да дојдат и да седнат меѓу нас. Јас не сакам такви Курди. И јас сум Курд. Да не вршат политика преку мојот син. Му ги зедоа од рацете слободата, иднината, на мојот син. Нашиот протест ќе го продолжиме до крај.“

„Нема да отидеме оттука без да си го земеме нашето чедо“

Мајката на 5 деца Фатма Бинѓол која се приклучи кон протестот со седење, за нејзиниот син Тунџај кој бил киднапиран од Истанбул пред 5 години кога имал 14 години, раскажува дека сака да се сретне со своето чедо и дека многу и недостига.

Велејќи дека 5 години како не може да го види својот син, мајката Бинѓол вели: „Да ни ги вратат нашите чеда. Да не чекаат овде толку мајки, штета е, гревота е. Никој нема право да расплакува толку мајки овде, да ги измачува, да им причинува болка. Сите ние сме цврсто сплотени, рака за рака, нема да отидеме оттука се додека не го земеме нашето чедо. Ако сакаат нека не убијат. Ние не се плашиме од смрт.“

„Да видат каков зулум врши ПКК врз Курдите“

Мајката Сонѓул Алтинташ која учествува во протестот со седење за својот син Муслум кој бил киднапиран од страна на терористите на пат за отслужување војска на 2 октомври 2015 година во населеното место Пулумур кај градот Тунџели, вели дека 4 години не може да добие никакви вести од нејзиниот син.

Велејќи „60 дена како сме овде, а ако затреба би останале и уште 60 години. Овде сме се додека не дојде нашето дете“, Алтинташ упати повик до мајките и татковците чии деца се на планина, да се приклучат кон протестот со седење.   

Мајката Сонѓул Алтинташ го истакнува следното: „Курдските мајки веќе нека се разбудат, нивните чеда се носат пред нивните очи. Нека се разбудат и нека видат каков зулум врши ПКК врз Курдите. Веќе нека го видат тоа. Нашиот единствен непријател е ПКК.“

„Нема да отидеме оттука, се додека не дојде мојата ќерка“

Таткото Јасин Каја кој се приклучи кон протестот со седење вели дека го чека своето чедо, неговата ќерка Чигдем која пред 4 години била киднапирана на 17 години и била присилно однесена на планина.

Велејќи дека сите мајки и татковци кои учествуваат во протестот ќе продолжат да ги чекаат своите чеда и во снег и во студ, таткото Каја вели: „Ние чекаме одредено соопштение. Нема да отидеме оттука се додека не дојде мојата ќерка. Тие велат дека се Курди, не се Курди. Вистински Курди сме ние. Моето дете го киднапира, однесе присилно на планина ХДП. Нека повелат, нека дојдат овде и нека речат 'Проклета да е ПКК, ние не и се приклучуваме на ПКК'. И ние ќе си отидеме. Ние ги сметаме за одговорни нив.“



Слични вести