29 Октомври Празник на Републиката

Денеска на 29 октомври 2019 година, ја одбележуваме 96 годишнината од формирањето на Република Турција, на денешен ден во 1923 година

29 Октомври Празник на Републиката

Денеска, на 29 октомври 2019 година, ја одбележуваме 96 годишнината од формирањето на Република Турција.

На 29 октомври 1923 година, формирањето на Република Турција беше прогласено до светот со топовски истрели и прослави и радост.

Тоа што Османлиската Империја излезе поразена од Првата светска војна и потоа нејзините територии беа приграбени и меѓусебно поделени од страна на земјите победнички, предизвика голема тага и болка во земјата.

Националните сили кои се организираа како Кувај-и Миллије/Народни Чети и се обединија под водство на Мустафа Кемал Ататурк, потоа ја започнаа народноослободителната војна.

На крајот на борбата којашто беше започната поаѓајќи од идејата областите во кои мнозинството од населението го сочинуваат Турци да останат во рамките на турските граници, на 30 август 1922 година беше извојувана победата на Битката на Врховниот командант и окупаторските сили беа протерани од териториите на денешна Турција.

Со мировните разговори, ослободувањето на Истанбул од окупација, а потоа и со постигнатиот Мировен договор од Лозана, Османлиската Империја беше избришена од историската сцена, а своето место во историјата го зазеде младата и нова Република Турција.

По разговорите коишто продолжија до 29 октомври 1923 година, формирањето на Републиката со главен град Анкара беше прогласено до целиот свет.

Во овој радосен ден кога среќни ја славиме 96. годишнина од формирањето на Република Турција, со почит и благодарност, како и со желба да почиваат во мир и спокојство, се сеќаваме на јунаците на нашата Национална борба на чело со големиот лидер Мустафа Кемал Ататурк.

Нека е честит 29 октомври, Празникот на Републиката.



Слични вести