21 Септември, Светски ден на мирот

Годишнината т.ј. денот, датумот кога Хитлерова Германија и објави војна на Полска, во земјите од поранешниот Советски Сојуз и во Турција се одбележува како Светски ден на мирот

1273512
21 Септември, Светски ден на мирот

Денеска е 21 септември, Светски ден на мирот.

Годишнината т.ј. денот, датумот кога Хитлерова Германија и објави војна на Полска, во земјите од поранешниот Советски Сојуз и во Турција се одбележува, односно празнува како Светски ден на мирот.

Формирањето на Организацијата на Обединетите Нации (ООН) по Втората светска војна за да не дојде уште еднаш до војна, во основа спречи да се појават и да се прошират голем број војни. Сепак и покрај тоа повремено се случија и случуваат регионални судири и војни.

За време на формирањето на Организацијата на Обединетите Нации (ООН) спротивно и без да постои принцип на еднаквост, од страна на 5 земји членки беше формиран Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН). И покрај тоа што голем број земји изнесуваа и изнесуваат критики поради оваа состојба, до денеска петте земји постојани членки на Советот за безбедност продолжуваат да ја извршуваат својата задача.

Во врска со безброј проблеми како што е на пример случај со Палестинскиот проблем, поради попречувањето или противењето на само една земја од тие 5 земји постојани членки, не можат да се донесуваат заеднички одлуки.

Идејата која што претседателот на Турција Реџеп Тајјип Ердоган силно ја изнесува, а која гласи „Светот е поголем од 5“, во последните години наидува на се поголема поддршка.

Наша желба е Обединетите нации (ОН) како светска организација која има големо значење во одбраната на светскиот мир, со егалитарно и непристрасно структуирање да биде во услуга на целиот светски мир.

Честит 21 септември Светскиот ден на мирот...



Слични вести