Социологијата на промените и Турција

Анализа на проф. д-р Кудрет Буљбуљ, декан на Факултетот за политички науки при универзитетот Јилдирим Бејазит

1243283
Социологијата на промените и Турција

Се наоѓаме во ера на промени. Без оглед на тоа дали сакаме или, глобализационите процеси мултидимензионално ги менуваат нашите животи. Заедно со глобализационите процеси во општествата со брз економски развој се доживуваат и низа изопачености. Во денешната анализа сакам да се осврнам на социолошката состојба и социологијата на промени во Турција вели авторот на програмскава серија проф. д-р Кудрет Буљбуљ, декан на Факултетот за политички науки при универзитетот Јилдирим Бејазит.

 

Маслов и Хиерархијата на потребите

Американскиот психолог Абрахам Маслов со теоријата „Хиерархијата на потребите“ го анализира човековото однесување. Маслов изнесува дека луѓето најпрвин се однесуваат според инстиктот за намирување на основните потреби за преживување, дури потоа почнуваат со задоволување на средните и поголеми потреби. Маслов потребите кои ги мотивираат луѓето ги споредува со една пирамида од пет категори која се стеснува кон врвот на повисоките потреби. На основата на пирамидата се наоѓаат физиолошките потреби. Тука се наоѓаат гладта, жедта, засолнувањето и сместувањето. По намирувањето на овие основни потреби, следува второто ниво на пирамидата, тоа се: работата, имотот, здравјето, безбедносните потреби. На третото ниво на пирамидата на Маслов се наоѓаат потребите за припаѓање, љубов, прифаќање, социјалниот живот. На четвртото ниво се наоѓаат придавање значење и вредност, почит. Општествениот статус, угледот, признавањето, се наоѓаа во оваа скала. На највисокото и најтесно ниво на пирамидата се наоѓа самоостварувањето. Луѓето на ова ниво се наоѓаат многу над почетното ниво. Нивната цел е да бидат покреативни, поморални, со надминување на првобитните ставови, остварување на својата разлика. Тоа се нивните очекувања и мотивација.

Според Маслов, по исполнувањето на една потреба, се губи мотивацијата и се намалува значењето за исполнување на овој вид потреба.

 

Брзиот развој и последиците

Анализата на Маслов за Хиерархијата на потребите на индивидуалците може да се направи и за општествата.

Имено заедно со глобализационите процеси, одредени општества за многу кратко време постигнаа многу брз економски развој. Заедно со Кина, Бразил, Индија и Турција е една од земјите која постигна многу брз економски развој. Пред периодот на владеењето на Партијата за правда и развој (АКП), националниот приход по глава на жител во Турција изнесуваше околу 2000 долари, додека за краток временски период за општествата во светот, овој износ се зголеми на 10 илјади долари.

Несомнено дека брзата економска промена, предизвика и одредени рефлексии во полето на економијата, културата, образованието, семејството, политиката. Нивото на праведната распределба на економскиот развој и приходите е едно друго прашање.

 

Рефлексиите на економскиот развој

Променливите економски избори: Достигнувањето петпати поголемо економско ниво на општествата за кратко време, секако дека ќе ги диференцира и економските избори на индивидуите. Семејствата чии животи поминаа скромно, ќе се соочат со тешкотии при објаснувањето на трошењето и потрошувачката. Гледано од аспект на Турција, променливата состојба најлесно можеме да ја увидиме во изборот на мобилните телефони. Според истражувањата, просекот на промената на еден мобилен телефон во Турција е многу над светскиот просек.

Семејните односи: Економскиот развој од корен ги менува односите меѓу брачните другари и децата. Во претходниот период, додека семејствата имаа релативно поголеми потреби, децата имаа многу поголема почит и беа попослушни. Заедно со економскиот развој, иако семејствата се збогатија, семејните индивидуи се стекнаа со поголеми слободи и покритични ставови.



Слични вести