ФЕТО: Глобална предавничка мрежа

Анализа на професорот Кудрет Буљбуљ, декан на Факултетот за политички науки при универзитетот Јилдирим Бејазит

1238906
ФЕТО: Глобална предавничка мрежа

ФЕТО: Глобална предавничка мрежа

Се наоѓаме во третата година од обидот за воен удар на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) во кој настан загинаа 251 а илјадници лица беа повредени. Приврзаниците на терористичката организација ФЕТО кои беа инфилтрирани во сите стратешки организации и установи како што безбедносните, разузнавачките, правосудните органи, со преземањето на управата над овие организации, авионите, тенковите на државата ги насочија против народот, Големото национално собрание на Турција, зградата на претседателството и се обидоа да извршат воен удар. Со текот на времето многу подобро може да се разбере дека ФЕТО е закана за целиот свет не само за Турција. Денес сакаме да се осврнеме на глобалната закана на ФЕТО и превентивните мерки кои што треба да се преземат против оваа организација.

Глобалната димензија и денешната ситуација на ФЕТО

Земјите организатори на играта како што е Турција не се препуштаат насамо од страна на глобалните сили. Денес Германија се раководи со еден систем и уредување кој и се диктира по Втората светска војна. Долг период и Турција се раководеше според режимот на политичко туторство. Терористичката организација ФЕТО е формирана по периодот на Студената војна со цел Турција да се стави под протекторат. Гледано од аспект на географските простори на кои се простира Турција како и историскаото минато, терористичката ФЕТО е регионален проект формиран врз основа на Турција со цел да се постигне протекторат и туторство врз целиот регион. Ако се земе во предвид успешноста на криење, инфилтрирајќи се во сите установи на државата со цел да ја преземат контролата над системот, можеме да кажеме дека ФЕТО прерасна во глобална организација на туторство и протекторат.

На третата годишнина од 15 јули, сеуште продолжуваат дискусиите во врска со тоа дали се уништи терористичката организација ФЕТО. Тешко е да се каже нешто поконкретно во врска со ова тврдење за една терористичка организација и нејзините приврзаници кои се мајстори во себекриење и измамување на луѓето. Но бидејќи денес им падна маската, во голема мера се намали капацитетот на организационото зло на ФЕТО во Турција. Денес во Турција владее големо освестување во врска со ФЕТО. Во иднина многу поголема ќе биде заканата од индивидуалниот терористички капацитет на приврзаниците на ФЕТО отколку капацитетот на организирано зло.

Како што истакнав погоре, земјите како што се Турција постојано ќе настојуваат да ги држат под протекторат и контрола. Затоа секогаш ќе биде актуелно прашањето во врска со можностите за нови елементи на протекторатот и нови организации како што е ФЕТО.



Слични вести