Како треба да гледаме на Кина?

Анализа на деканот на Факултетот за политички науки на Универзитетот Јилдирим Бејазит, проф. Кудрет Буљбуљ

Како треба да гледаме на Кина?

Во нашата претходна анализа, забележавме дека Турција не е сигурна кога станува збор за Кина. Говоревме за повикот на кинеската амбасада во Анкара и работната посета на Кина, која ја реализиравме заедно со Ирам. Продолжуваме да зборуваме за Кина и во оваа анализа.

Напорите на двете земји за укинување на границите: Кина и Турција се две земји кои имаат вкоренето минато, култура и цивилизација, чии историски искуства и улога во 20 век во голема мера беа ограничени. Спротивно на очекувањата, двете земји излегоа со многу поголема корист од процесот на глобализација во споредба со земјите на Западот. Како резултат на тоа и нивото што го постигнаа двете земји вложуваат големи напори да ги укинат поставените граници. Додека Турција тоа го прави отворено, Кина истото го правеше многу тивко и длабоко.

Заглавеноста на двете земји, меѓусебната потреба: И Турција исто како и Кина е земја која бележи и постигна брз економски развој, поради што името на Турција во претстојните години се спомнува меѓу големите светски и влијателни економии. И додека Кина и Турција вложуваат големи напори да одиграат поголема улога на глобално ниво, меѓу глобалните актери се забележуваат проблеми на опкружување. Глобалните актери, Имено Кина и Турција како земји коишто се обидуваат да воспостават мултилатерални наместо еднострани односи, за жал се соочуваат со слични стратешки проблеми. Двете земји се зависни од аспект на природните извори. Двете земји имаат потреба од мултилатерални стратешки соработки за да ги избегнат политиките на сузбивање. Исто така може да се забележи дека двете земји споделуваат слични позиции од аспект на низа глобални случувања. Двете земји се наоѓаат под заканите од санкции и притисоци на САД.



Слични вести