Франција- Секуларизмот на Јакобинците

Анализа на проф. д-р Кудрет Буљбуљ, декан на Факултетот за политички науки при универзитетот Јилдирим Бејазит

1211336
Франција- Секуларизмот на Јакобинците

Замислете дека во училиштата за малцинствата во Турција или во земјата во која се наоѓате на децата и родителите им се забрани излет во еврејска или христијанска носија.

Неверојатно нели? Зарем може да се случи вакво нешто во овој век? Каков примитивизам, какво реакционерство, каква заостанатост?

Во продолжение ви ја пренесуваме анализата на проф. д-р Кудрет Буљбуљ, декан на Факултетот за политички науки при универзитетот Јилдирим Бејазит кој вели:

Темата на денешната програма се случува во Франција, а не во Турција. Затоа не треба да се грижите. Имено Франција се наоѓа на прагот на усвојување на една ваква одлука во врска со муслиманите.

Сенатот на Франција го усвои членот на законот кој беше подготвен од страна на владата според кој на придружниците членови или блиски роднини на семејството на учениците за време на заедничките излети им се забранува да носат шамии. Законот за да стапи на сила треба да се одобри и од страна на Собранието.

Францускиот министер за образование Бланкер рече дека ќе направи се што е во негова можност на излетите да не се носат верски обележја. Предлог законот со којс е забранува учество на мајките со шамии или некој роднина на излетите со децата во основно училиште се заснова на тоа што родителите за време на училиште излети имаат статус на привремен државен службеник и не смеат да имаат и носат било какво верско обележје.

Во Франција и голем број западни земји, особено во Австрија, наведената и низа други забранети архаични имплементации и коментари станаа вообичаени. Самата оваа имплементација, како што истакнав во низа претходни колумни, доволно е да ја покаже самодовербата на Запад и во каква криза се наоѓа. Без да го зголемиме бројот на примерите, да го анализираме затемнувањето на умот, односно со каква криза се соочува Запад и како брзи чекори кон тоталитаризмот.



Слични вести