Специјалитети од турската кујна 21-2019

Турскиот специјалитет „тас кебаб“ е вид јанија со месо и зеленчук

1204125
Специјалитети од турската кујна 21-2019

Турскиот специјалитет „тас кебаб“ е вид јанија со месо и зеленчук. Историјата на ова јадење датира од поодамна и оа е  едно од најпреферираните јадења на османлиската кујна. Зборот тас на турски значи сад. Според преданијата, бидејќи јадењето се подготвувало во бакарни тасови односно садови, името на јадењето потекнува токму од тоа. Иако сеуште постојат ресторани во кои тас кебабот се подготвува на стариот начин, денес тас кебабот по домовите се подготвува во челични или тенџериња со дебело дно. Готвењето на тас кебабот е многу практично и покрај тоа што може да се сервира самостојно, исто така може да се сервира со пире од компири или пилав.

За подготвување на тас кебабот потребни ви се следните состојки:

Половина килограм сечкано јагнешко месо

1 супена лажица зејтин

1 супени лажици путер

1 ситно исечкан кромид

1 крупно исечкан морков

3 крупно исечкани компири

4 чешни лук

2 кафени лажици салца од домати

3 чаши топла вода

½ кафена лажица сол

црн пипер.

Тас кебабот се подготвува на следниот начин: најпрвин во тенџерето го потпржувате зејтинот, откако ќе го додадете и путерот додадете го и месото. Месото оставете го да се вари на среден оган се додека на ја испушти водата. Нешто потоа додадете го ситно исечканиот кромид и продолжете да го мешате месото со кромидот. По неколку минути додадете ги и чешните лук. Откако ќе омекнат кромидот и лукот додадете ја салцата и продолжете да ја мешате смесата. Потоа додадете ја топлата вода. Оставете малку да се свари, На крајот додадете ги компирите и морковите. Јадењето зачинете го со сол и црн пипер. Затворете го капакот на тенџерето и месото заедно со додатоците оставете да се вари на ниска температура околу 30 минути, се додека не омекне.

Пријатно нека ви е.



Слични вести