Недела на туризмот

Неделата од 15 до 22 април секоја година во Турција се одбележува како „Недела на туризмот“, а со цел да се привлече вниманието на јавноста кон туризмот и неговиот развој

1183088
Недела на туризмот

Активностите во туризмот кои што заедно со 20-от век почнаа да растат, овозможија граѓаните на различните земји да се запознаат со нови места и култури и да ги поминуваат своите одмори во други места.

Денеска има голем број видови туризам од културен до морски и од здравствен до спортски и др. Нашата земја со својата природа, културата и со растечките видови туризам до 2023 година се обидува да влезе меѓу првите пет земји на врвот на туризмот во светот. За постигнување на оваа наша цел ќе придонесат надлежните државни институции, нашиот приватен сектор, доброволните амбасадори на туризмот од нашата земја и туристите кои заминуваат од нашата земја со убави спомени.

Деновиве кога почнуваат да се прават планови за нови одмори, нашата земја со својата извонредна природа и со своите културни знаменитости стари илјадници години, ги очекува туристите од сите страни на светот.



Слични вести