На денешен ден 26.03.

1931 година беше роден американскиот актер, режисер, музичар и фотограф Леонард Симон Нимој

1170790
На денешен ден 26.03.

 На денешен ден 922 година по наредба на Калифот на Абасите Муктедир Билах беше погубен иранскиот суфист и писател Халаџ-и Мансур.

1931 година беше роден американскиот актер, режисер, музичар и фотограф Леонард Симон Нимој. Светот актерот Нимој го запозна со улогата Мистер Спок.

1931 година со усвојувањето на Законот за мерки во Турција, на местото на старите мерки како што се ока, ендезе почнаа да се користат грам, метар, литар.

1979 година, Амвар елСадат, Менахем Бегин и Џими Картер во Вашингтон го потпишаа израелско-египетскиот мир.

1995 година стапи на сила Шенгенскиот договор со кој целосно се укина полициската и царинска контрола на граничните премини меѓу земјите членки на Европската економска заедница.



Слични вести