Институциите на Турција со улога на мост 11/2019

Кои можат да се пријават, односно да аплицираат за програмата „Стипендии на Турција“ за добивање стипендија за запишување на универзитетите во Турција, кои документи се потребни за пријавување и што опфаќа оваа стипендија?

burslar.jpg
türkiye burslarına rekor başvuru.jpg
10-11/Files/UploadedImages/9595948829trkiyeburslari.jpg

Како што ќе се сетите минатата недела во доставивме општи информации во врска со програмата „Стипендии на Турција“, која се наоѓа меѓу најзначајните активности на Претседателството на Турците во странство и роднински заедници.

Денеска ќе се обидеме да дадеме одговор на прашања како што се кои можат да се пријават, односно да аплицираат за програмата за стипендија за која станува збор, кои документи се потребни за пријавување и што опфаќа оваа стипендија.

                        ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

Сите кандидати за апликациите кои што ќе бидат доставени преку интернет, треба да ги поднесат следните документи:

  • Валидна лична карта/легитимација
  • Валиден пасош
  • Слика на кандидатот сликана во блиско време
  • Резултати од национален испит (ако постојат)
  • Диплома или привремен документ за дипломирање
  • Транскрипт (препис) на академски оценки
  • Резултати од меѓународен испит (доколку се бара од странана избраната програма, како што се GRE- Додипломски рекорд испит, GMAT-Дипломиран менаџмент Тест за прием)
  • Резултати од испит за јазик (доколку се бара од страна на избраната програма)
  • Предлог за тема на истражување и еден напишан примерок во    врска со реализираните трудови (само за апликации за докторат)

КОИ МОЖАТ ДА ДОБИВААТ СТИПЕНДИЈА?

  • Стипендиите на Турција се достапни (отворени) за граѓаните на сите земји.
  • Неопходен степен на минимален академски успех за стипендија:
  • За оние кои аплицираат за додипломско ниво: 70%
  • За оние кои аплицираат за здравствени науки (медицина, стоматологија и фармација): 90%
  • За оние кои аплицираат за магистратура и докторат: 75%
  • За да може да се аплицира за Стипендиите на Турција треба да се исполнат долунаведените критериуми:
  • За програмите за додипломски студии да се биде под 21 годишна возраст
  • За програмите за магистратура да се биде под 30 годишна возраст
  • За програмите за докторат да се биде под 35 годишна возраст
  • За програмите за истражување да се биде под 45 годишна возраст

                      ШТО ОПФАЌА СТИПЕНДИЈАТА?

  1. Месечен џепарлак:
    • За додипломско ниво: Месечно 700 турски лири
    • За магистратура: Месечно 950 турски лири
    • За докторат: Месечно 1.400 турски лири
    • За стипендии за истражување: Месечно 3.000 турски лири
    • За програма за летна школа за изучување на турскиот јазик: Месечно 500 турски лири
    • За програма за комуникација на турски јазик за државни службеници и академици: Месечно 2.000 турски лири
  2. Школарина
  3. Еднократен повратен авионски билет
  4. Сместување

        5. Едногодишна настава (курс) по турски јазик



Слични вести