Дали знаете 11/2019

Првите политички права на жените како предводници во секој степен на општеството на младата Република Турција, им беа дадени со донесениот Закон за локалните самоуправи во 1930 година

Дали знаете 11/2019

Дали знаете дека турската жена со своето право за да избира и да биде бирана на избори се стекнала многу порано од голем број други земји во светот?

Првите политички права на жените како предводници во секој степен на општеството на младата Република Турција, им беа дадени со донесениот Закон за локалните самоуправи во 1930 година. Потоа во 1934 година со усвојување на доставениот предлог за законска измена од страна на пратеникот од градот Малатја Исмет Инени и неговите 191 другар, турската жена се стекна со правото ѝ да биде бирана на парламентарните избори.

Во тие години во голем број земји во Европа и во Америка жените сé уште не располагаа со вакви современи права.

Во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) пак, кое се состана на 1 март 1935 година, имаше вкупно 18 пратеници жени.

Жените со право да бираат, т.ј. да гласаат на избори во Франција, се стекнаа тек во 1944 година, во Италија во 1945, Јапонија 1950, а во Саудиска Арабија дури во 2011 година.

Во Швајцарија пак, земјата од каде Турција го зеде Граѓанското право, жените не располагаа со право да гласаат и да се кандидираат на избори, т.ј. да бидат бирани, дури до 1971 година.



Слични вести