98 години од прифаќањето на турската национална химна

Денеска со гордост, понос и љубов се потсетуваме на 12 Март 1921 година, на 98 годишнината од прифаќањето на турската национална химна и на неговиот автор Мехмет Акиф Ерсој

98 години од прифаќањето на турската национална химна

Денеска на 12 март,  уште еднаш ја славиме 98-годишнината од прифаќањето на „Химната за независност“ за национална химна на Државата Република Турција.

Оваа национална химна истовремено е химна и на Турската Република Северен Кипар (ТРСК). Автор на националната химна е Мехмет Акиф Ерсој кој се нарекува и „Национален поет“ и „Поет на татковината“.

Турската национална химна, односно „Маршот на независноста“ за прв пат била прочитана пред Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) на 12 март 1921 година, во годините кога се водеше народноослободителната борба.

Како што вели и самиот Мехмет Акиф Ерсој „Да не даде Аллах овој народ да биде приморан уште еднаш да напише национална химна.“

Денеска со гордост, почит и љубов уште еднаш се потсетуваме на 12 март 1921 година, датумот кога беше прифатена националната химна, како еден од симболите на турскиот народ.



Слични вести