Туризмот во Турција 11/2019

Археолошкиот локалитет Ани, во границите на градот Карс во источноанадолската област, од првите периоди до денеска било избирано како место за населување

171395,aniarkeolojiksit06.png
171394,aniarkeolojiksit05 (1).png
Ani antik kenti 5.jpg
Ani antik kenti 7.jpg
ani 3.jpg
Ani05.jpg

Во сите области во Турција има антички населени места кои во текот на стотици години биле домаќини на безброј цивилизации... Меѓу нив е и археолошкиот локалитет Ани.

Археолошкиот локалитет Ани, во границите на градот Карс во источноанадолската област, од првите периоди до денеска било избирано како место за населување, а бидејќи располага со мошне погодна местоположба за населување и одбрана. Овој антички град бил формиран на првиот влез од Кавкас кон Анадолија на Патот на свилата, како значаен трговски пат во средниот век. Поради својата местоположба покажал голем развој во тој период и станал политички, културен и економски центар.

Во Ани кој што во понатамошниот период станал мултикултурен трговски центар, биле развиени урбанизацијата, архитектурата и уметноста. Припадниците на различни заедници како заратустра, христијаните и муслиманите кои живееле во подрачјето, освен тоа што ја разноликувале културата на градот, влијаеле и на неговиот архитектонски стил. Населувањето во внатрешното кале кое што започнало во 4’от век, го сочинувало првиот пример на премин од модел на затворен град кон модел на отворен град, во подрачјето.

Античкиот град Ани низ историјата бил точка на состанување на грузиската, ерменската, византиската, селџуцката и османлиската култура. Архитектонскиот дизајн, градежните материјали и техники, деталите на декорацијата кои што се појавиле како резултат на мешањето и размената меѓу различни култури, т.ј. акултурацијата, овозможиле да се оформи еден вид архитектонски јазик специфичен за Ани кој што подоцна се проширил низ цела Анадолија и Кавказ; биле изградени споменици со оригинална архитектура.

Ани поради измените во трговските патишта постепено го изгубил своето значење и во почетокот на 16-от век бил напуштен.

Античкиот град со своите верски и воени градби ги презентира карактеристичните специфичности на средновековниот урбанизам.

Археолошката област Ани се простира на простор со површина од 78 хектари.

Областа располага со толку богато археолошко минато што постојат  пронајдоци од железното и бронзеното доба, како и дела од 15-от век. Импресивните ѕидини од надвор биле изградени во 960-сетите години. Внатре во ѕидините постојат 21 потврдена градба кои што пристигнале до денеска како јавни згради, цивилни градби, верски центри како катедрала, џамија, црква, каравансарај, амам и мост. Градот поради сиве овие негови карактеристики во 2016 година е внесен во Списокот на Светското културно наследство на УНЕСКО.

Ако отидете во градот Карс за да го прошетате археолошкиот простор Ани, ние ви предлагаме да не се вратите без да ги видите калето на Карс изградено во 12-от век, доколку сезоната е погодна да скијате во шумите со жолти борови дрвја во скијачкиот центар Сарикамиш, да шетате со санки влечени од коњи на езерото Чилдир чија површина зиме замрзнува, како и да го посетите Птичјиот рај Кујуџук каде што има стотици птици.

Градот Карс, е познат по сирењето и особено кашкавалот, специјалитетот  од тесто наречен хангел и специјалитети кои што се подготвуваат со месо од гускa...

Меѓу нашите предлози се и оние да ги следите локалните игри кои што го изнесуваат богатството на културната градба во областа и да ги слушате народните трубадури наречени „озани“...



Слични вести