Специјалитети на турската кујна - ќебапчиња

Ќебапчиња

Специјалитети на турската кујна - ќебапчиња

Ќебапчињата се незаменлив вкус на турската кујна. Ќебапчињата се најсаканите јадења од страна на сите луѓе, без оглед на тоа дали се богати или сиромашни, кои се подготвуваат како дома така и во рестораните. Според различни извори, постојат околу 300 видови на ќебапчиња. Претежно се спомнуваат со името на местото каде што се подготвуваат. Скоро секој град или област има свој вид на ќебапчиња. На пример Измирски ќебапчиња, Текирдагски ќебапчиња, Сиваски ќебапчиња. На прашањето: „Што е ќебапче?“ – наједноставниот одговор кој што може да се даде гласи: јадење од мелено месо мешано со зачини. Зависно од состојките, начинот на подготвување и зачините, ќебапчињата го добиваат и името на местото. Денес ќе ве запознаеме со наједноставниот вид на ќебапчиња.

За подготвување на наједноставниот вид на ќебапчиња односно класичните ќебапчиња потребни ви се следните состојки:

1 главичка кромид

2 кришки срединка од бајат леб

8-10 гранчиња ситно исецкан магдонос

500 грама средно мрсно мелено

1 јајце

1 лажичка маслиново масло

1 лажичка ким (кумин)

1 лажичка црн пипер karabiber

сол

Ќебапчињата се подготвуваат на следниот начин. Најпрвин срединките од бајатиот леб без кора ги наводнуваме со вода, потоа ја цедиме водата и добиваме еден вид тесто. Потоа кромидот го рендаме во еден длабок сад. Врз ренданиот кромид ставаме мелено месо, срединката од леб, јајце, ситно исецкан магдонос, црн бибер, ким и сол. Смесата добро ја мешаме се додека не се измешаат сите состојки. Со рацете земаме од смесата и формираме топчиња во големина од околу еден орев. Потоа топчињата ги рамниме се до дебелина од 1 цм. Целата смеса ја подготвуваме на ист начин. Ќебапчињата ги пржиме на скара или на тава во малку масло. Ќебапчињата ги сервираме топли. Ви посакуваме пријатен апетит.



Слични вести