На денешен ден 11.03.2019

На денешен ден 1851 во Венеција на сцена беше поставена операта Риголето на Џузепе Верди

На денешен ден 11.03.2019

На денешен ден 1702 година, во Велика Британија почна да се објавува првиот дневен национален весник Дејли курант. Весникот се состоеше од еден страница и на предната страница се наоѓаа информации, додека на задната реклами.

1851 во Венеција на сцена беше поставена операта Риголето на Џузепе Верди. Операта се стекна со голем успех поради што утредента мелодиите на операта почнаа да се свиркаат по улиците на градот.

1935 година почина историчарот и политичарот Јусуф Акчура, еден од предводниците на турското национално движење, основач на Турските домови (Türk Ocakları).

Азиските игри кои првпат се одржаа во Њу Делхи завршија на 11 март 1951 година. Натпреварите на игрите продолжуваат и денес со поддршка на Меѓунардниот олимписки комитет, а се одржуваат по покровителство на Азискиот олимписки комитет.

2004... Во 4 посебни експлозииво 3 железнички станици во Мадрид загинаа 177 лица. Владата за нападот ја обвини организацијата ЕТА; која ги одби обвинувањата.

Една година по нападот во Мадрид, во знак на сеќавање на загинатите во нападот на 11 март се отвори споменикот „Шума на мртвите“.

2011... во јапонската област Тохоку се случи зејотрес со јачина од 9 степени. Овој земјотрес беше најсилен земјотрес во Јапонија, а се најде меѓу првите пет најсилни во светот.  По земјотресот се формираа џиновски бранови цунами чија големина достигна дури 38 метри.



Слични вести