Институциите на Турција со улога на мост 10/2019

Кога ќе погледнеме кон поднесените аплицирања т.ј. пријавувања за „Стипендиите на Турција“ оваа (2019) година гледаме дека со 145 илјади 700 аплицирања од 167 различни земји е соборен рекорд

Институциите на Турција со улога на мост 10/2019

Во оваа наша програмска содржина насловена како „Институциите на Турција со улога на мост“, продолжуваме да ве запознаваме со Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB). Во денешното продолжение ќе говориме за програмата „Стипендии на Турција“, која се наоѓа меѓу значајните активности на Претседателството.

Програмата „Стипендиите на Турција“ е конкурентна програма за стипендија која што им се доделува на успешните студенти од различни делови на светот за нивно учество на програмите на најдобрите универзитети на Турција; а воедно се поддржува и од страна на државата.

Цел на „Стипендиите на Турција“ е да ги едуцира т.ј. обучува лидерите на иднината кои себе си се посветиле на јакнењето на самите себе си и на соработката помеѓу земјите и заедничкото сфаќање меѓу општествата, како и да формира мрежа на солидарност во која се вклучени овие лидери.

„Стипендиите на Турција“ не само што им доделуваат стипендија за образование на квалификуваните, солидните меѓународни студенти од секој степен на високо образование, истовремено ги опфаќаат и процесите т.ј. времето на подготвување на овие ученици и нивното сместување, односно запишување на универзитет.

Периодите за аплицирање, односно пријавување за „Стипендиите на Турција“ се објавуваат преку официјалната интернет страница на „Стипендиите на Турција“ и тоа на турски, арапски, англиски, француски, руски, бошњачки, персиски и шпански јазик.

Моментално им се обезбедува можност за доделување стипендија на над 16 илјади лица, додека секоја година се доделуваат приближно 5 илјади нови стипендии. Кога ќе погледнеме кон поднесените аплицирања т.ј. пријавувања за „Стипендиите на Турција“ оваа година пак, гледаме дека со 145 илјади 700 аплицирања од 167 различни земји е соборен рекорд.

За стипендиите за факултет, магистратура и докторат се пријавуваат лица кои не се државјани на Република Турција, а воедно ова пријавување т.ј. аплицирање се однесува, односно го опфаќа и периодот на сместување т.ј. запишување на универзитет.

На кандидатите им се признава право за избор на еден од 12 предложени универзитети во Турција.



Слични вести