На денешен ден 08.03.

На денешен ден 1857 година загинаа женските работнички, поради што 8 март беше прогласен за Меѓународен ден на жената

На денешен ден 08.03.

На денешен ден 1857 година загинаа женските работнички, поради што овој ден беше прогласен за Меѓународен ден на жената. Околу 40 илјади жени работнички за ткаење во Њујорк во една фабрика за текстил почнаа штрајк со барање подобри услови за работење. Со полициската интервенција врз жените и нивното затворање во фабриката, како и пожарот што избувна потоа, а поради неможноста да побегнат од барикадите кои беа поставени, загинаа 129 работнички. Како резултат на масакрот на работничките во САД, на Меѓународната конференција на социјалистичките жени во 1910 година во Копенхаген, 8 март беше прогласен за Меѓународен ден на работничките. Генералното заседание на ОН на 16 декември 1977 година усвои резолуција според која беше прифатено 8 март да се одбележува како Меѓународен ден на жената.

Турција 8 март, Меѓународниот ден на работничките првпат почна да го одбележува во 1921 година како Ден на работничките.

1906 ... Масакрот на Моро Кратер. САД во 1898 година постигна договор со Шпанија со кој Филипините ги откупи за 20 милиони долари. Но Филипинците се спротивставија на овој договор. Во 1902 година тогашниот американски претседател Теодор Рузвелт истакна дека заврши војната на Филипините, но дека тоа не го опфаќа народот на Моро. Во нападот на американските војници на Кратерот Моро беа убиени над 600 муслимани Филипинци од кои повеќето беа жени и деца кои беа засолнати во кратерот.

1944... Почина Хусејин Рахми Ѓурпинар, познат турски романописец и новинар во чии романи владее хумор.

1948... Во Истанбул почина ординариус професор д-р Хулуси Бехчет, специјалист за кожни и венерични болести кој со утврдувањето на една кожна болест, истата во светската медицинска литература почна да се нарекува Бехчетова болест.

1955… Во Турција беше отворен првиот диспанзер во борбата против ракот.

1974… Беше пуштен во употреба аеродромот Шарл де Гол во Париз.



Слични вести