Дали знаете 10/2019

Светски познатиот турски уметник фотограф Ара Ѓулер беше вброен меѓу седумте најдобри фотографи во светот

ara güler.jpg
Ara Güler
Ara Güler 9.jpg
Ara Güler 11.jpg
Ara Güler 5.jpg
ara güler.jpg

Дали знаете дека Ара Ѓулер беше вброен меѓу седумте најдобри фотографи во 
светот?

Светски познатиот турски уметник фотограф Ара Ѓулер кој почина на 17 октомври 2018 година, беше најзначајниот претставник на документарната фотографија во Турција кој располагаше со меѓународно реноме

Ара Ѓулер, во 1956 година беше фоторепортер за Блискиот исток на списанието „Тајм-Лајф“ (Time-Life), а во 1958 година на списанијата „Париз-Мач“ (Paris-Match)  и „Дер Стерн“ (Der Stern)

Во „Антологијата годишник на фотографијата“ (Photography Annual Anthology) објавена во 1961 година во Англија, е дефиниран како еден од 7’те најдобри фотографи во светот. Истата година Ѓулер беше примен како единствен турски член во Американското друштво за медиумски фотографи (American Society of Media Photographers), а во 1962 година ја прими титулата „ Master of Leica“(Господарот на лајка) која што им се доделува на мошне мал број фотографи. 

Со своите над 2 милиони фотографии кои што се наоѓаат во неговата архива учествуваше на стотици изложби внатре во земјата и надвор во странство. 

Беше добитник на безберој награди. Ара Ѓулер беше одликуван и со орденот „Легија на честа“ (Legion D’Honour), како една од најугледните награди на Франција, а беше добитник и на Големата претседателска награда за култура и уметност.
 



Слични вести