Туризмот во Турција 10/2019

Античкиот град Троја на оддалеченост од 4,5 километри од брегот на морскиот теснец Чанаккале (Дарданелите) е формиран на падините на планината Каз, во митологијата позната како Ида, и располага со минато кое се протега до 3000'дитата година п.н.е.

Truva-Antik-Kenti.jpg
truvaantikkent.jpg
Truva
10-11/Files/UploadedImages/4336488522truvahazineleri2.jpg
truva.jpg
Truva atı kabartma.jpg

Троја е едниот од најпрочуените античкиградови во светот.

Станал тема на епови; Троја е град кој од страна на историјата се дефинира како "гнездо на љубовта, јунаштвото и цивилизацијата... Ова античко населено место на оддалеченост од 4,5 километри од брегот на морскиот теснец Чанаккале (Дарданелите) е формиран на падините на планината Каз, во митологијата позната како Ида, и располага со минато кое се протега до 3000'дитата година пред нашата ера.

Териториите на кои што се водела Тројанскатавојна за која се раскажува во делото на Хомер "Илијада", ги води своите посетители на прошетка од илјадници години наназад.
Планината Каз, во митологијата позната како Ида, на чии падини е формирана Троја, според митологијата е местото каде што бил одржан и првиот натпревар за избор на најубавата жена во светот. Убавици кои учествувале на овој прв натпревар за мис се божиците Хера, Афродита и Атена.

Задачата за да ја избере најубавата од нив му била доделена на Парис кој ја избрал Афродита која пак му ја ветила жената на кралот на Спарта, убавата Хелен. Потоа Парис ја зема Хелен и тоа станува причина за започнување на војната. Двајцата вљубеници Парис и Хелен бегаат од Спарта и доаѓаат во Троја, со што помеѓу Акајците и Тројанците започнува Тројанската војна која траела приближно 10 години. 

За време на Тројанската војна која се водела во 1180 'тите години пред новата ера, откако ниту една од двете страни не можела да воспостави надвласт, Акајците приредиле една многу итра игра.  

Се преправиле како да се повлекуваат од војната и како симбол на мирот испратиле еден огромен коњ изграден од дрво, во Троја. Внатре во овој дрвен коњ се сокриле најсилните команданти и војници на Акајците. Тројанскиот народ кој бил изморен од војната и со радост го дочекал мирот, ноќта приредил прослава и под дејство и на алкохолот западнал во сон. Акајските војници скриени во дрвениот коњ излегле и ги затекле Тројанците неподготвени. По овој ужасен масакр кога Троја целосно била разрушена и запалена, градот бил претворен во рушевини

Поради војните и природните непогоди Троја низа пати била наново изградена. Нејзината погодна географска местоположба за населување и овозможиле да стане привлечна низ историјата. Кон крајот на 14’от век постепено го изгубила своето економско и културно значење.

Најзначајната карактеристика на Троја, е таа што располага со 9 различни градски слоеви на населување. Овие 9 слоја означуваат непрестано временски период повеќе од 300 години и ни овозможуваат да ги следиме цивилизациите кои што живееле во ова подрачје. 

Првите ископувања во овој величествен археолошки град биле реализирани во 1871 година. Со ископувањата кои што продолжиле во понатамошните години биле откриени остатоци од театар, амами т.ј. бањи, различни други остатоци, како и крајно развиен канализационен систем и темели на исто така развиени градби за тоа време.

Активностите во правец на изнесување на светлината на денот на богата и комплицирана археолошка градба на градот продолжуваат и денеска.

Троја, најзначајниот центар за населување во историјата на човештвото, од 1998 година се наоѓа во Списокот на светското наследство на УНЕСКО.

Ако одите во Чанаккале за да ја посетите Троја, ви предлагаме да ги посетите гробиштата на паднатите борци (шехидите) за време на битката на Чанаккале, едната од најзначајните војни во историјата на светот, храмот на Атена во Асос, а ако сте љубители на природата да се искачите на планината Каз, митолошката планина Ида.

Други туристички места кои што вреди да се видат во подрачјето се и островите Ѓокчеада и Бозџаада, од чии културни и природни убавини ќе бидете импресионирани. 
 



Слични вести