На денешен ден 28.02

На денешен ден 1922 година, Египет ја прогласи независноста од Обединетото Кралство

1154285
На денешен ден 28.02

На денешен ден 1922 година, Египет ја прогласи независноста од Обединетото Кралство.

Египет во 1500-те години влезе под хегемонијата на Османлиската Империја. Околу 400 години се наоѓаше под турска управа. Во 1882 година Египет се одвои од Османлиската хегемонија и влезе под англиска хегемонија. По 40 годишната управа од страна на Англичаните, на 28 февруари 1922 година Египќаните го прогласија Египетското Кралство. Но и покрај прогласувањето на независноста, немаше никакви промени. Околу 30 години по прогласувањето на независноста во Египет преовладуваше британското присуство и влијание кои го одредуваа текот на управувањето на земјата. Британското влијание во Египет заврши дури во 1952 година, по пучот со кој беше укинато Египетското Кралство. Една година по соборувањето на Египетското Кралство, беше прогласена Републиката.

На денешен ден 1940 година првпат еден кошаркарски натпревар во САД почна да се емитува во живо преку ТВ-канали. Кошаркарскиот натпревар меѓу екипите на универзитетите Фордхам и Пицбург кој го играа на Медисон Скуер Гарден беше првиот кошаркарски натпревар кој се емитуваше во живо од страна на телевизиските канали.

1945 година – Турција ја потпиша декларацијата на ОН. Осум месеци по потпишувањето на декларацијата од страна на тогашниот вршител на должноста Орхан Ерол, во Америка официјално беше формирана Организацијата на ОН. Турција истовремено е една од земјите основачи на ОН. Идејата за формирање на ОН првпат беше изнесена кон крајот на Втората светска војна од страна на земјите победнички, со цел да се укинат недоразбирањата меѓу земјите и да се намалат и спречат евентуалните закани во иднина кои би можеле да предизвикаат нова војна.

2015. – Почина турскиот писател Јашар Кемал кој беше номиниран за Нобеловата награда за литература. Јашар Кемал уште пред да почне да со образованието, пишуваше песни. Со текот на времето Кемал почна да пишува романи, раскази и сценарија и важи за еден од најголемите на писатели на турската литература. Делата на Јашар Кемал се преведени на низа странски јазици и се објавени низ целиот свет. Голем број филмови во Турција се снимени според неговите дела.

Освен големиот број награди што ги освои во Турција, Јашар Кемал е добитник на над 20 меѓународни награди како што се „Cino del Duca“, орденот „Légion d'Honneur“, „Premi Internacional Catalunya“ и Наградата за мир на Саемот на Здружението на германските книжарници во Франкфурт.



Слични вести