Специјалитети од турската кујна 08-2019

​​​​​​​Хунќар бегенди (јадење кое му се допаднало на султанот)

1147745
Специјалитети од турската кујна 08-2019

Во претходната програма рековме дека од модрите патлиџани во турската кујна можат да се направат стотици јадења. Покрај тоа што модриот патлиџан во Анадолските територии влегува доста доцна, во турската кујна секогаш имаше централно место. Во рамките на денешната програма ќе ве запознаеме со рецептот за тоа како се подготвува јадењето „хунќар бегенди“ од модри патлиџани со јагнешко месо, кој претставува специфичен вкус на турската кујна. Во превод би значело „јадење кое му се допаднало на султанот“. Во врска со потеклото на ова јадење постои една мошне интересна анегдота.

Не се знае колку е точна анегдотата за потеклото на јадењето „хунќар бегенди“, но според досегашните преданија кои се пренесуваат од уво на уво, приказна гласи вака: во 1867 година, султанот Абдулазиз на покана на императорот Наполеон Трети престојува во посета на Франција. Во рамките на посетата и султанот Абдулазиз го кани Наполеон да дојде во Истанбул кој поради преголемата ангажираност не можел да дојде. На место него во посета на Истанбул доаѓа императорката Еугенија. Кралицата заедно со себе во Истанбул го донела и готвачот. Францускиот готвач во кујната на сарајот заедно со турските готвачи подготвиле бешамел сос. Овој нов сос го привлекува вниманието на турскиот готвач кој веднаш ставил еден модар патлиџан да се испржи на оган, а потоа направил салата од модар патлиџан. Турскиот готвач кон сосот бешамел го додава модриот патлиџан кој го испржил и згмечил. Прво го пробал, му се допаднал, а потоа заедно со овчо месо му го понудил на султанот. Ова јадење многу му се допаднало на  султанот Абдулазиз, поради што од тој ден наваму ова јадење се вика „хунќар бегенди“ (јадење кое му се допаднало на султанот).

Во продолжение да ве запознаеме со состојките на рецептот на јадењето кое многу му се допаднало на султанот Абдулазиз, а кој претставува еден вид синтеза меѓу турската и западна кујна. За подготвување на ова јадење потребни ви се следните состојки:

500 грама овчо месо

2 супени лажици путер

2 главици ситно исецкан кромид

1 сушена лажица оцет

2 домати

2.5 чаши топла вода

5 модри патлиџани

1.5 супена лажица брашно

1.5 чаша млеко

2 супени лажици рендан кашкавал

сол и оригано.

Јадењето се подготвува на следниот начин:

Најпрвин месото го ставаме во тенџере да се испржи се додека не пушти вода. Веднаш потоа додаваме путер, исецкан кромид, потоа целата смеса оставаме да се испржи уште 3 минути. Потоа додаваме една лажица оцет, по ред ги додаваме ренданите домати, ориганото, топлата вода о најпосле солта. Целата смеса ја пржиме се додека не омекне месото. Во меѓувреме модрите патлиџани печете ги на оган. Откако ќе ги излупите корите, излупените модри патлиџани ставете ги во лимонеста вода да чекаат околу 5 минути. Потоа патлиџаните треба добро да се исцедат, ситно да се исецкаат. Во меѓувреме во една тава ставете путер да се стопи путерот, додајте 1,5 лажица брашно и смесата пржете ја додека да пожолти. Постепено мешајте и додавајте ладно млеко. Кога смесата ќе се згусти, кренете ја тавата. Додајте ги итно иссецканите патлиџани, солта и рендeниот кашкавал, брзо измешајте ги и подготвената смеса можете да ја сервирате. Врз смесата ставете го и месото.

Пријатно нека ви е.



Слични вести