На денешен ден 18.02.2019

1294 година умре монголскиот император Кублај Кан

1147176
На денешен ден 18.02.2019

1294 година умре монголскиот император Кублај Кан кој во 1271 година ја формираше династијата Јуен во Кина. Во рамките на 23 годишното владеење, Кублај Кан со уништување на династијата Сонг ја обедини кинеската држава. Првата банкнота во Кина почна д асе употребува во периодот на Кублај Кан. Во периодот на Кублај Кан, Кина беше посетена од страна на низа Европејци. Најпознат меѓу нив беше Марко Поло.

1451 година султанот Мехмет Втори Освојувачот по втора пат седна на тронот. Во 1444 година султанот Мурат Втори престолот му го препушти на синот Мехмет Втори кој имаше 12 години. Некои од тогашните високи бирократи на чело со Чандарли Халил Паша се спротивставија на ова назначување, но султанот Мурат Втори не ги прифати нивните приговори. Со нарушување на претходниот договор постигнат со Унгарците и започнување војна, султанот Мехмет Втори на некои државници и татко му им испрати по едно писмо. Во писмото до татко му ги напиша следните познати зборови:

„Ако сте султан, тогаш командувајте со војските, ако сум јас султан, тогаш послушајте ја нашата наредба и застанете на чело на војските“.

Со ова писмо Мурат Втори повторно седна на османлискиот престол. По смртта на татко му, Мехмет Втори вторпат на престолот седна седум години подоцна.

1695 година, островот Хиос повторно беше одземен од Венецијанците. Османлиската држава по Крстоносните војни кои започнаа во 1683 година, во 1695 година повторно ја презеде управата над островот Хиос.

1856, во Османлиската држава беше објавен ферман за реформи. Со објавување на ферманот за реформи во периодот на султанот Абдулмеџид се планираа коренити реформи во Османлиската држава која се наоѓаше во фаза на распаѓање.

1952, Големото национално собрание на Турција го одобри пристапувањето на Турција во НАТО. Приклучувањето на Турција во Корејската војна и острите руски политики, ги натераа САД и сојузничките земји за безбедноста на Средоземното море да ги примат Турција и Грција.



Слични вести