Актуелно 52/2018

Турција со одлучниот став постигна голема победа во Сирија

1115943
Актуелно 52/2018

Откако американскиот претседател Доналд Трамп на 19 декември 2018 година прогласи дека американските војници ќе се повлечат од Сирија, почнаа наново да се обликуваат и разјаснуваат равенките во Сирија. Во процесот кој што доведе до оваа одлука на Трамп внимание привлекува одлучноста на Турција. По најавената воена операција на источниот дел на реката Еуфрат во Сирија од страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Турските вооружени сили (ТВС) и Слободната сириска армија (ССА) со која Турција делува заедно во Сирија, ги интензивираа подготовките за реализација на оваа операција. Турските воздушни сили продолжуваат и со воздушните операции против присуството на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во Ирак. Бомбардирањето на планината Синџар и на планината Караџак (Карачок) каде што се наоѓа кампот Махмур, во близина на границата помеѓу Сирија и Ирак ја покажа одлучноста на Турција.

Во врска со прашањето ви го пренесуваме коментарот на новинарот - истражувач Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...

На остварениот телефонски разговор на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп на 14 декември 2018 година, претседателот Трамп донесе одлука за повлекување на американските војници од Сирија. Во контекст на телефонскиот разговор американскиот претседател Доналд Трамп посака од претседателот Ердоган борбата против ДЕАШ да биде преземена од страна на Турција и претседателот Ердоган го прифати ова негово барање.

Соопштувањето на одлуката на САД за повлекување од Сирија одекна и кај американските институции, во Сирија и во глобални димензии. Поднесоа оставки американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис и специјалниот претставник за борба против ДЕАШ Брет Мекгурк. Одлуката на САД за повлекување стана причина припадниците на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК да ја критикуваат оваа одлука и да велат "добивме нож во грб".

Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекување од Сирија се очекува во голема смисла да ги промени рамнотежите во Сирија. За иднината на Сирија ќе биде доста значајно од чија страна ќе се исполни празнината која што ќе се појави по повлекувањето на американските војници од Сирија. Додека повлекувањето на американските војници ќе го отвори патот пред Турција за реализација на операција против сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК, а истовремено и Асадовиот режим поддржан од Русија и Иран би можел да се договори со ЈПГ и да дојде во областите кои што ќе бидат испразнети од страна на американските војници.

Заедно со тоа што сепаратистичко-терористичката организација ПКК уште од своето формирање располага со односи со Асадовиот режим, во период кога започна војната во Сирија, Асадовиот режим три области на границата со Турција и ги предаде на терористичката ЈПГ, сирискиот огранок на ПКК. Од друга страна, на остварените разговори помеѓу овие две страни ЈПГ откако зазеде некои области побара автономија, но ова нејзино барање беше одбиено од страна на Асадовиот режим. Заедно со повлекувањето на американските војници ќе се зголемат барањата на терористичката ЈПГ од Асадовиот режим и оваа состојба ќе ги принуди овие две страни да се договорат против Турција. Освен тоа, ќе биде значајно и тоа како Русија и Иран ќе гледаат на евентуалното договарање помеѓу ЈПГ и Асадовиот режим.

За да го спречи евентуалното договарање помеѓу ЈПГ и сирискиот режим, Турција со САД треба да го координира повлекувањето на американските војници од Сирија. Американскиот претседател Доналд Трамоп во соопштението кое што го објави на својата сметка на социјалната медија истакна дека повлекувањето на американските војници од Сирија ќе се одвива полека и дека овој процес ќе се координира со Турција на високо ниво. Тоа пак, е значајно за да се спречи испразнетите области да бидат пополнети од страна на други сили.

Тоа беше коментарот на новинарот - истражувач Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...

 



Слични вести