Актуелно 51/2018

Камбаните бијат за сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1112669
Актуелно 51/2018

 Со неодамнешната изјава на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган официјално беше прогласена операцијата на Турција за исчистување на источниот дел на реката Еуфрат од сепаратистичко-терористичката организација ПКК. По оваа изјава на претседателот Ердоган дојде до безброј случувања во регионот, меѓутоа значајни се процесот кој што доведе до реализација на операција во Сирија и политиката на САД кон Сирија и алтернативите кои што Турција им ги нуди на САД.  

Во врска со прашањето ви го пренесуваме коментарот на новинарот - истражувач Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...

Подрачјето на градот Менбич беше од големо значење поради што Турција премина во акција воено кон источниот дел на реката Еуфрат. Особено со домино ефектот што се појави по операцијата во подрачјето на Африн во Сирија, на дневен ред беа поставени и подрачјето на Менбич и источниот дел на реката Еуфрат. Така Турција и во воена смисла почна да делува кон подрачјето на Менбич. САД поради тоа што го согледаа тоа беа приморени да седнат на маса со Турција и беше утврдена патна карта. Во рамките на оваа патна карта требаше да започнат заедничките патролирања, меѓутоа вон тоа требаше терористичката организација ЈПГ да го остави тешкото оружје и да почне да се повлекува источно од реката Еуфрат и во подрачјето на Менбич да се формира собрание кое ќе се состои од локалните племиња. Меѓутоа САД во оваа смисла играат на добивање време и беше согледано дека тешко делуваат и дека терористичката ЈПГ сеуште продолжува да стои во ова подрачје. Оваа состојба пак, во сериозна смисла ја потресе довербата на Турција кон САД. Обезбеди особено да се обликува наново погледот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кон САД. Турција премина во акција паѓајќи од логиката „Доколку јас не можам по дипломатски пат заедно со САД да ја минимализирам заканата од ЈПГ и ако морам да стапам во акција воено, тогаш колку што ќе чекам повеќе, цената ќе биде уште поголема.“

САД официјално во врска со нивното присуство во Сирија изнесуваат неколку причини. Да се води борба против терористичката организација ДЕАШ, потоа да се спречи повторно да се појави ДЕАШ, да се протера Иран од подрачјето и да се држи Асадовиот режим далеку од ова подрачје. Турција пак, како алтернатива пред САД го изнесува следното: Како со хегемонијата на ПКК ќе се воспостави стабилноста во подрачјето, каде што живее претежно арапско население? Ионака, како што се гледа не може да се воспостави стабилноста во подрачјето. Каков простор на авторитет преку ПКК ќе се воспостави против Иран, како држава со која ПКК се уште работи заедно? Како ќе се држат далеку од подрачјето ЈПГ и  Асадовиот режим кои долги години работеа заедно? Во процесот по 2011 година областите на населените места Ајн ел Араб (Кобани), Африн и Камишли како и голем број оружје и беа предадени т.ј. отстапени на ЈПГ, од страна на Асадовиот режим. САД не можат да ги обезбедат преку ПКК трите нивни поставени цели. Турција пак, на САД како алтернатива им предлага заедничко елиминирање на терористичката организација ПКК и воспоставување на стабилноста во источниот дел на реката Еуфрат заедно со Националната армија составена од Арапи, Туркменци и Курди, која што сириската опозиција ја формираше легитимно во склопот на привремената сириска влада. Така доколку САД немаат своја тајна агенда би требало да гледаат позитивно на овој предлог, меѓутоа тоа што САД го отфрлаат овој излез што го нуди Турција, доведува до поставување на значајни знаци прашалници во точката на тоа која е вистинската цел на САД во Сирија.

И покрај тоа што политиката на САД кон Сирија претставува закана за безбедноста на Турција, тоа што САД не се придржуваат кон постигнатите договори со Турција на дипломатско поле и не се доближуваат кон алтернативите кои што ги нуди Турција, беше причина да се зголемат грижите на Турција во правец на целите на политиката на САД кон Сирија. Во општа смисла тоа е и основната причина за најавената операција на Турција кон источниот дел на реката Еуфрат. Турција е одлучна сопствената судбина да ја преземе во свои сопствени раце и да го исчисти источниот дел на Еуфрат од сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ.

 

Тоа беше коментарот на новинарот - истражувач Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...

 



Слични вести