Национални проекти за безбедност и одбрана 12-2018

„Тенковска болница“ во Кајсери

1104211
Национални проекти за безбедност и одбрана 12-2018

 



Воените фабрики во земјава претставуваат одраз на значајна акумулација. Воените фабрики се јавни работни места и имаат големо значење од аспект на работната сила, активностите, можностите и способностите. Турција значењето на овие фабрики многу повеќе го почувствува особено во воените акции и борбата против тероризмот. Активностите за формирање на 2-та Дирекција на фабриката за главно одржување во Кајсери започнаа во 1951 година. Оваа фабрика во 1954 година беше отворена во Кајсери под името 1020-та Фабрика за главни поправки на армиската опрема.  Името на Командата во 1987 година беше променета во 1009-та Фабрика за главни поправки на армиската опрема, во 2003-та година во 2-ра Централна команда за главно одржување, во 2016 година во 2-ра Дирекција на фабриката за главно одржување кое име го носи и денес. Во фабриката работат 800 лица од кои 480 работници, а останатите офицери, подофицери и државни службеници. Заедно со управата и вработените фабриката постигнува значајни успеси.  

Во врска со денешната тема ви го пренесуваме коментарот на Таркан Зенгин, директорот на синдикатот Турк Харб-иш кој вели:

2-та Дирекција на фабриката за главно одржување во Кајсери се бави со одржување, поправка, обновување, модернизација, подобрување и производство на резервни делови на возилата на гасеници кои се наоѓаат во инвентарот на Турските вооружени сили. Тоа се следните возила на гасеници: тенкови, оклопни транспортери, оклопни борбени возила, оклопни минофрлачи. Фабриката истовремено обезбедува поддршка на сите воени единици. Останатите активности и задачи со кои се бави 2-та Дирекција на фабриката за главно одржување во Кајсери се следните:

  1. Производство на резервни делови за возила на гасеници,
  2. Анализа на моторот и маслото на возилата на гасеници,
  3. Калибрација на електронските и механички уреди,
  4. Стручно образование и обука на персоналот на пријателските и сојузнички земји на работното место,
  5. Обезбедување консултантска поддршка на пониските единици.

 

 

 

Тенковите M-60 T целосно обновени

Искуството со кое се стекнаа фабриката и персоналот од периодот на формирањето при подобрувањето, модернизацијата на возилата на гасеници допринесе успешно да ги модернизираат и трансформираат за примена над 200 возила како што се тенкот од типот M48AT1-T2, потоа производството на спасувачи на тенкови ТАМАЈ, воени возила за фортификација, тенкови со лизгачки мостови. Меѓудругото со модернизација на над 2000 оклопни возила од типот М113 од нафтената група, со модернизацијата на надворешниот резервоар и другата опрема, го зголемија перформансот односно работната успешност и ги претворија во модели М113 А2Р2. Дел од овие возила успешно ги пренаменија за потребите на Турските вооружени сили во рамките на водовите и единиците за фортификација, потоа оклопно командно возило, амбулантно возило, управен центар за издавање наредба за оган и оклопно командно возило. Во последните години заврши модернизацијата на тенкот М60Т и производството на тенкот со лизгачки мост МЛЦ 70. Во рамките на проектот за модернизација на тенкот М60Т, првпат на еден турски тенк му беше поставен експлозивно реактивен оклоп (Explosive Reactive Armour/ERA). На сите 170 тенкови од типот М-60 кои беа модернизирани во фабриката за одржување во Кајсери, од гасениците преку труповите до кулите и системите за оружје беше поставена и буквата Т која асоцира на именката Турчин и во инвентарот на Турските вооружени сили се заведени под името „М-60 Т“. Поинаку речено, тенковите од типот „М-60 Т“ беа обновени и модернизирани од глава до пети и предадени на управата на Вооружените сили. Меѓудругото тенковите по процесот на модернизација, поминуваат низа тестови во базените, рампите со наклони, специјалните полигони со кои располага фабриката. Во 2-та Дирекција на фабриката за главно одржување во Кајсери заедно со проектот за автоматизација на стрелбата (АДОП-2000) продолжува  и остварувањето на проектот Стекнување на тенкот Леопард 2А4 со противтенковски способности.

 

 

Работно место кое пружа поддршка на операциите

2-та Дирекција на фабриката за главно одржување во Кајсери во рамките на операциите на ТВС како што се Еуфратски штит во 2016, Маслиново гранче во 2017 и операцијата во Африн, пружи поддршка со резервни делови, моторните распореди, комплетни секундарни материјали и опрема за потребите на операциите. Истовремено, на возилата на гасеници кои потешко беа оштетени, презедоа активна улога како оперативен центар за одржување и поправка. За време на операциите во ова работно време, вработените работеа на две смени и процесот на производство, обновување и поправки го зголемија за два пати. Меѓудругото со мобилните екипи што ги испрати во подрачјето на операциите, како во земјава така и надвор од границите, уште од првиот ден ја обезбеди потребната поддршка од аспект на одржувањето, спасувањето и поправките на возилата на гасеници и другите на тркала. Работниците и останатиот воен персонал во ова воено работно место со посредство на мобилните екипи на лице место во рамките на операциите Еуфратски штит, Маслиново гранче и операцијата на Африн интервенираа во одржувањето и поправката на оштетените возила.

 

 

Работно место кое поседува голем број потврди за квалитет

         2-та Дирекција на фабриката за главно одржување во Кајсери поседува Сертификат за систем за  индустриска безбедност на НАТО кој ги опфаќа активностите за дизајн и производство AQAP-2110 (барања за квалитет и безбедност на НАТО за дизајн, развој и производство), Сертификат за систем за управување со животната средина TS EN ISO 14001 според кој сите активности ги извршува согласно прописите за заштита на животната средина, сертификат за безбедност и здравје при работа ОХСАС 18001. Освен основната задача, 2-та Дирекција на фабриката за главно одржување придава големо значење и на квалитетната работа. На 4 март 2017 со зачленувањето во својство на правно лице во Здружението за квалитет на Турција, Дирекцијата на 18 октомври 2017 година удри белег со започнување на иницијативата за национален квалитет бидејќи е прва воена фабрика на тоа поле. Со изборот за пилот фабрика од страна на министерството за национална одбрана, 2-та дирекција на фабриката за главно одржување во Кајсери како резултат на успешните активности и подготовки се стекна со Сертификат за способност со три ѕвездички.



Слични вести