Блискиот исток низ призмата на Турција / 05.02.2017

Каква стратегија би требало да имаат Туркмените во Сирија?

663439
Блискиот исток низ призмата на Турција / 05.02.2017

Секој актер инволвиран во сирискиот конфликт ја разгледува својата позиција и ја определува својата идна стратегија. Денеска ќе се обидеме да дадеме одговор на прашањето каква стратегија би требало да имаат Туркмените во Сирија?

Наш соговорник денес е  Џемил Догач Ипек асистент на катедрата за меѓународни односи на универзитетот Ататурк.

Еве што за денешната тема вели Ипек :

Постоеја надежи дека 2016 година ќе биде година на нов период за Сирија,но за жал тие надежи останаа само како неостварени желби. На почетокот на 2017 година Турција и Русија иницираа нови меѓународни преговори за Сирија во Астана главен град на Казахстанската република. Преговорите во Астана успешно се реализираа на ред се преговорите во Женева. На преговорите во Астана беа повикани и претставници на Туркмените во Сирија.

Туркмените се староседелци во Сирија.Тие таму живеат од почетоците на 7 .век и тоа претежно во подрачјата околу Алепо, Лазкије,-Идлиб, Хомс, Хама,Тартус,Рака, Дера, Дамаск и Голан. Туркмените во Сирија со векови се борат за својата егзистенција и за задржување на своите национални обележја.

Борбата на Туркмените во Сирија започна со народно востание во 2011 година против државниот тероризам што го спроведуваа сириските власти на чело со Асад, неколку пати бомбардирајќи ги населените места околу Алепо, Бајир-Буџак и другите. Во овие напади загинаа голем број Туркмени, некаде околу 100 000 како што тие самите тврдат. Згора на тоа постојат и голем број исчезнати и затворени Туркмени.

Туркмените како посебна етничка заедница во Сирија од почетокот на 2011 година се бореа на два фронта,од една страна против терористичките организации ДЕАШ и ЈПГ а од друга против силите на сирискиот режим. Инаку во Сирија живеат над 1 милион Туркмени кои го говорат турскиот јазик, а со бројот на Туркмените кои го заборавиле турскиот јазик оваа цифра се искачува на над 3 милиони. Постоењето на Туркмените во Сирија го докажуваат Турските императорски архивски материјали и архивските материјали на Франција.Туркмените долг временски период како што се борат за своите човекови права, се борат против масакрите и за стекнување на своите национални права и слободи. Време е меѓународната заедница да реагира на оваа ситуација во која што се наоѓаат Туркмените во Сирија.

Како почеток светската јавност треба да биде информирана дека во Сирија живее Туркменско население,кое е жртва на разни масакри , културна асимилација и етничко чистење.

На туркменското прашање во Сирија треба да се гледа и од перспективата на меѓународното право. Во меѓународните договори на пример од 1921 година во Анкара,  1923 година во Лозана и од 1939 година меѓу Турција и Франција не е предвиден било каков статус за Туркмените во Сирија. Тоа е пред се резултат на тоа што Туркмените се припадници на муслиманската религија и што прашањето е разгледано на тој начин. Како резултат на тоа туркменското население во Сирија  нема политичко правен статус и неговата состојба не се разгледува како национално прашање. Токму заради тоа време е туркменското население во Сирија да се бори за добивање на политичко правен статус, и како посебен актер во сирискиот конфликт да биде претставено на преговарачката маса на која ќе се одлучува за иднината на Сирија. Доколку се успее во тоа, туркменското население во Ирак кое е исто така во значителен број,ќе има пред себе модел на кој што ќе може да се огледа.

Меѓународната заедница треба да биде информирана дека Туркмените во Сирија немаат апсолутно било какви проблеми со демократијата, лаицизмот, модерните вредности и западните култури воедно дека имаат почитување кон сите останати етнички и верски заедници во регионот. Тоа од причина што Туркмените во Сирија како по западно ориентирани и секуларни за разлика од другите етнички заедници во Сирија ќе бидат многу поинтересни за западот. На овој начин на западните средини ќе им биде јасно дека Туркмените во Сирија ќе бидат тој елемент кој ќе војува против терористичката ДЕАШ како на терен така и во сите полиња.

Освен тоа треба да се искористат сите можности кои што ги нудат како Турските императорски архивски материјали така и архивските материјали на Франција кои што се однесуваат на туркменското население во Сирија преку анализирање и публикување.

На меѓународен план афирмацијата на Туркмените во Сирија би можела да се постигне преку примерот на Кримските Татари кои во 2014 година согласно уставот на Украина го добија својот статус на локално население,или преку примерот на Косово, статусот на турското население во Западна Тракија, Грција или пак статусот на немуслиманското население во Турција.

Конечно правниот статус ќе им обезбеди на Туркмените објективност, што е многу подобро од нивниот сегашен субјективен статус во Сирија. Се додека трае овој нивен субјективен статус никој нема да се интересира за нив освен Турција.

 

 



Слични вести