Економијата на светот 04/2017

Почнува периодот на тргување со национални валути

659208
Економијата на светот 04/2017

Агенциите за кредитен рејтинг со минато од еден век одигруваат ефикасна улога во инвестирањата во глобалната економија кои што ќе ги реализираат сопствениците на фондови. Агенциите за кредитен рејтинг одигруваат функција на усмерување помеѓу сопствениците на фондови кои даваат долг и страните кои земаат долг, односно се задолжуваат.

Агенциите за кредитен рејтинг преземаат активна улога особено за сопствениците на фонд во изборот на земјата во која ќе се пренесува фондот. За постоечката состојба на земјата или фирмата кон која ќе се усмери фондот и за предвидувања дали е погодна за инвестирање и за нејзината иднина се аплицира до агенциите за кредитен рејтинг. Така агенциите за кредитен рејтинг се детерминирачки во протекот на странски капитал кој што ќе влезе во земјите.

И покрај тоа што постојат голем број агенции за кредитен рејтинг од сите овие институции Мудис, Стандард енд Пурс и Фич формирале олигополистичка структура во доделувањето на кредитна оценка и рангирањето, односно оценувањето. Овие институции освен за претворање на пазарот на оценување т.ј. доделување оценка на кој што доминираат во олигополистички пазар истовремено се критикуваат за погрешно усмерување на пазарите пред азиската криза во 1997 година, глобалната економска криза во 2008 година и европската должничка криза во 2011 година. И покрај тоа што презентирале и презентираат погрешен и пристрасен став поради тоа што големите фондови за да би можеле да инвестираат мораат да делуваат според оценките на агенциите за кредитен рејтинг ја елиминира т.ј. укинува можноста овие институции да полагаат сметка.

Неусогласеноста во критериумите кои што ги земаат за вреднување т.ј. рангирање агенциите за кредитен рејтинг, појавата на преден план на субјективните пресуди на аналистите, недоследностите во анализите и прогнозите на овие институции, тоа што не постојат никакви механизми за нивна контрола и поради причини како што е тоа што овие агенции за кредитен рејтинг долги години користат иста методологија станува причина да се преиспитува односно да се доведува во прашање нивниот кредибилитет и овие институции не се во состојба да ја исполнуваат со право онаа нивна задача на механизам за предупредување за иднината.

Тоа што прилично заостануваат од следење на пазарот и затоа во голема мера имаат потенцијал ненадејните промени во кредитната оценка на земјата која се соочува со економски проблем во колема мера да ја нарушат перцепцијата на пазарот, ја формира перцепацијата дека агенциите за кредитен рејтинг влијаат на кризата од систематски аспект. Едниот од најдобрите примери во однос на тоа дека не можат да ги следат случувањата на пазарот пак е Турција.

Турција почна да се вреднува од страна на овие институции во 19990-сетите години и од 1994 до 2012 година и немаат доделена оценка на Турција на ниво на земја погодна за инвестирање, односно земја во која може да се инвестира. Високиот перформанс кој што го презентира турската економија во последните 15 години и подорбувањата во нејзините економски показатели беа изоставени од вид од страна на меѓународните агенции за кредитен рејтинг. И покрај тоа што економските показатели на Турција се во многу подобра состојба од голем број земји нејзината кредитна оценка неправедно долго време се држи на нови на земја во која не може да се инвестира, односно земја која е непогодна за инвестирање. Со години на неправеден и неразбирлив начин на Турција и се доделува оценка под нивото на земја во која може да се инвестира. На тој начин се попречува влезот на инвестициски фондови во Турција така да оваа состојба ја кошташе земјата тешко.

Освен тоа, тоа што агенциите за кредитен рејтинг не ја оценуваат, односно вреднуваат Турција рационално предизвикаа и Турција да се задолжува со високи каматни стапки  и да биде приморена да плати високи камати. Овие институции чии механизми на вреднување не се познати и кои постојано исчекуваат прилика за намалување на оценката воедно и по подобрувањето на економските показатели ги изоставија и изоставуваат од вид овие подобрувања. Најдобар показател за тоа е тоа што Мудис кој од 1994 до 2013 година не и додели оценка на Турција на ниво на земја во која може да се инвестира, во 2013 година и додели кредитна оценка на Турција на ниво на земја во која може да се инвестира, меѓутоа овојпат веднаш по 15 јули како да исчекува прилика оваа кредитна оценка повторно ја повлече под ниво на земја во која може да се инвестира.

На ист начин по обидот за воен удар на 15 јули и другите агенции за кредитен рејтинг речиси се натпреваруваат една со друга за повлекување на инвеститорите кои делуваат во Турција. Овие институции со донесување на пристрасни одлуки поставувајќи го на мета пред меѓународните пазари процесот што го доживува Турција во внатрешниот пазар продолжуваат да вршат негативни операции на перцепција.

Агенциите за кредитен рејтинг со закана за намалување на кредитната оценка усмерувајќи го излезот на странскиот капитал се обидуваат да воспостават притисок врз турската лира. Тоа што одлуките кои што ги донесуваат овие институции се далеку од објективност покажува дека моментално имаат за цел по обидот за воен удар да и нанесат штета на угледот на турската економија на меѓународните пазари и да ги спречат инвестирањата.  

Односно треба да се развие алтернативна структура на институциите како што се Фич, Мудис и Стандард енд Пурс. Во однос на прашањето на следење на системот на вреднување, односно оценување на агенциите за кредитен рејтинг треба да се утврди надлежна институција и да се формира соодветен оддел. Треба да се информираат инвеститорите по прашањето на прогнозите и методолошките грешки на овие институции и не треба да се дозволи да се создава операција на перцепција.

Освен тоа овие агенции за кредитен рејтинг создаваат неправедна конкуренција особено за земјите во развој кои имаат потреба од надворешни инвестирања и извори, а воедно создаваат и голем број негативни влијанија во глобалната економија вклучувајќи ја и кризата. Во тој контекст треба да се поддржуваат регионалните агенции за кредитен рејтинг и да се скрши онаа олигополистичка структура на секторот на кредитен рејтинг, односно вреднување.



Слични вести