Ибрахим Калин: Пораката на Ибн Халдун за нас

Портпаролот на претседателот Ердоган, Ибрахим Калин вели дека Ибн Халдун кој се прифаќа како основач на социологијата, со својот супериорен интелект со еден широк спектар проширен на сите основни сфери на знаењето, беше и мислител и човек од акција

631482
Ибрахим Калин: Пораката на Ибн Халдун за нас

Абдурахман бин Мухамед бин Халдун (1332-1406) е едниот од најголемите умови на исламската мисловна традиција и е познат по неговото ремек дело Мукаддиме (Вовед); Има напишано многу поголем број дела за историјата, културата, општеството, цивилизацијата и политичката власт од било кој друг муслимански мислител. Длабоките забелешки во врска со општествата на Северна Африка чиј дел е и самиот го усмериле кон развивање на еден зачудувачки концепт на универзална историја и светска цивилизација.

Ибн Халдун со својот супериорен интелект со еден широк спектар проширен на сите основни сфери на знаењето, беше и мислител и човек од акција. Некои него го сметаат и како основач на социологијата. Историчарите му се восхитуваат на неговата мудрост  која што се појавува со она што го вели за подемот и падот на големите сили. Марксистите го фалат поради неговите мисли кои што продираат над силата на обликување на економските услови на индивидуалните ставови и општествените односи. Османлиските државници и историчари со векови неговиот концепт „Асабијах“ го анализирале и употребиле за објаснување на успесите и неуспесите на империјата. Некои него го сметаат како најголем филозоф на цивилизацијата. Тој, независно од тоа од кој аспект приоѓате, е  личност кој располага со еден огромен интелект и кој оставил трајни мисли.

Сега пак во оваа ера на растечка несигурност и глобално нарушување во кое што живееме Ибн Халдун има порака за сите нас. Ако историјата е сведок, што пак за Ибн Халдун тоа апсолутно е така, ни го вели следното: Клучот на материјалниот и духовниот просперитет на едно општество е кохезијата-целината, интегритетот  т.ј. единството и солидарноста. Човекот е „политичко суштество“ согласно својата природа поради тоа што е приморан да живее заедно-во заедница, а поради потребата за остварување на својот потенцијал за да го зачува и продолжи своето потекло, да ги обезбеди своите основни потреби и за да би бил „цивилизиран“.

Деструктивните сили својствени на човековата природа ќе ги искористат предностите на фактот дека луѓето кога ќе научат да коегзистираат заедно и да си помагаат едни на други ќе сфатат дека мора да соработуваат. Тоа пак ја налага потребата од постоење на низа морални и политички принципи околу кои би можеле да се обединат. Позначајно од тоа ниту една цивилизација не би можела да постои без  да располага со свои метафизички темели. Оние кои ќе ја изгубат својата општествена кохезија и групната солидарност се запоседнуваат од страна на оние кои ќе го зачуваат своето единство, својата сила и својата издржливост и кои застануваат во нивна одбрана.

Најосновно прашање за Ибн Халдун беше, што беше тоа што ги држеше луѓето заедно и приврзани. Тоа беше основата на целата култура, цивилизацијата и политичката власт или доминацијата (владеењето). Без да постои таа основна компонента ниту една група, ниту едно племе, клан или една поширока заедница-група не можеше да ја добие политичката власт, не можеше да изгради урбан живот и да го зачува. Ете токму овде се среќаваме со концептот на Ибн Халдун „Асабијах“, односно со групната солидарност и општествената кохезија. (Тешкото преведување на други јазици на ова Халдуново концептуализирање „Асабијах“ и различните обиди за негово пренесување на други јазици го потврдуваат примарното значење на овој концепт).

„Асабијах“ е сврзувачко средство т.ј. лепило  кое што ги врзува групите во заедништво. На групите им ја дава потребната сила и способност за да се заштитат против надворешните напаѓачи и овозможува да ги воспостават мирот и редот меѓусебе. Ги подготвува на „умран“ односно на изградба на цивилизација.

Меѓутоа оваа состојба истовремено е место каде што се соочуваме со една голема Халдуниан длема: Тогаш  кога група луѓе меѓусебно приврзани и зајакнати со Асабијах ќе преминат на урбан живот и ќе ја достигнат цивилизацијата ја губат општествената кохезија и чувството на солидарност. Лицата откако ќе почнат да ги вкусат конфорот и предностите на цивилизираниот живот што го носи урбанизацијата , стануваат нежелни, мрзеливи и „премногу зрели“ да се заштитат  од налетот на оние кои ги зачувуваат своите „бедуински доблести“ и воинствени карактеристики. Нивното освојување од страна на други пак станува само прашање на време.

Во Халдуниан парадигмата  цената на цивилизацијата  е губиток на општествената кохезија , групната солидарност и племенитите карактеристики кои доаѓаат со нив. Оние кои го губат својот „Асабијах“ исто така го губат и својот „Асалах“ односно својата „племенитост“. Оваа состојба доаѓа во состојба на тема која што се повторува: Вечен социјален циклус кој што со посредство на племињата, нациите, државите и империите се издигнуваат и паѓаат. Ибн Халдун на еден ваков циклус му скрои животен век  од време приближно од четири поголенија, односно малку повеќе од еден век. Освен тоа тој веруваше дека најосновната потпора на општествената кохезија е роднинството. Според него нема посилна и применлива врска која што ги поврзува луѓето едни кон други. Никој не може да се осмели да ги нападне оние кои имаат силни роднински врски. Меѓутоа откако луѓето почнуваат да живеат во град и да стануваат урбани-цивилизирани единки ги губат своите чувства на роднинство, односно сродство. Ибн Халдун не може да види излез од овој безизлез, од оваа дилема: Со посредство на Асабијах со кој што располага ги добиваш власта, урбаниот живот и цивилизацијата; Меѓутоа тогаш кога почнуваш да ги вкусуваш  предностите на постојаниот и цивилизираниот живот ја губиш кохезијата.

Отворено стои дека оваа Халдуниан теорија е значајна кога станува збор за мали групи како што се племиња, меѓутоа останува недоволна во објаснување на тоа како пошироки општествени заедници се здружуваат-обединуваат и формираат долговековни држави и империи. Освен тоа оваа теорија на Ибн Халдун се тестира и од страна на хаотичноста на модерниот свет во кој живееме. Па добро, што ќе направиме во оваа состојба? Дали неговата теорија ќе ја дефинираме како микро димензионална, племенска и застарена и ќе ја фрлиме настрана?

Одговорот секако гласи „Не“!. Она што треба да го направиме е додека од една страна продолжуваме да го проблематизираме концептот општествена кохезија и групното солидаризирање кој што Тој ги темели на роднински и племенски врски, од друга страна повторно да ги преразгледаме и прошириме неговите анализи во еден поспектарен урбан и глобален план, а за да би ги сфатиле основните проблеми во однос на кохезијата, односно целовитоста, урбанизацијата и цивилизацијата. Тоа претставува итна задача особено за денешниот муслимански свет кој страда т.ј. пати од недостатокот од оптешствена кохезија и цивилизациско единство. Неуспешните и слаби држави, вондржавните актери, племенството, секташтвото, етничкиот национализам и голем број други проблеми ги лишат муслиманските општества од било какво сврзувачко средство кое што би ги штитело од напаѓачите и од искористување на сопствените интелектуални и материјални извори за културата и цивилизацијата.

Концепот на Ибн Халдун за општествена кохезија и колективна солидарност е поврзано со она што го вели муслиманска книга Куранот  во Ајет 46 во Сурата Енфал: Бидете послушни кон Аллах и неговиот пејгамбер, немојте да западнете во неслога затоа што ќе ослабете и ќе ја изгубите силата. Бидете трпеливи. Аллах сигурно е заедно со оние кои се трпеливи.“

Тогаш кога членовите-припадниците на една иста група или народ ќе почнат разурнувачки да се караат меѓусебно, го губат својот „ветер“ односно својата сила и чемрејат-страдаат, забавуваат во секоја сфера од животот.

Ако се земе во предвид лошата состојба во која се наоѓаме во моментов сега е точно време современите муслимански заедници да го читаат Ибн Халдун.

Да се одржат и општествената кохезија и градската цивилизација би можело да претставува надчовечка задача. Меѓутоа за да би ги надминале повеќето од нашите модерни болести мораме да го земеме во предвид овој предизвик.

 

Автор на статијата објавена во весникот „Дејли Сабах“ на англиски под насловот „Пораката на Ибн-и Халдун за нас“ е Ибрахим Калин, портпарол на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган



Слични вести