Балканска агенда 50/2016

Предвремени парламентарни избори во Македонија: И двете страни прогласуваат победа

629893
Балканска агенда 50/2016

На 11 декември (2016) во недела граѓаните на Македонија гласаа на предвремените парламентарни избори за кои се оценуваше дека се од животно значење и на кои се натпреваруваа 6 политички партии и 5 коалиции, вкупно 11 политички субјекти.

Изборите кои што ги следеше одблизу и ЕУ се очекува да стават крај на политичката криза во Македонија која што продолжува веќе подолго време. Меѓутоа ноќта по завршување на гласањето откако почнаа да доаѓаат првите резултати Скопје стана сцена на прославување победа и на власта и на опозицијата.

Според објавените резултати од страна на Државната изборна комисија (ДИК) на Македонија помеѓу власта и главната опозициона партија, т.ј. коалициите кои ги предводат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ има мошне мала разлика во бројот на гласовите. Тоа што коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски освои 38,12-насто, додека коалицијата „За живот во Македонија“ предводена од главната опозициона партија Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) 36,66-насто од гласовите на бирачите укажува на тоа дека процесот за составување на нова влада ќе помине со тешкотии.

На политичката сцена во Македонија уште од 2014 година се доживуваат сериозни превирања. Опозициониот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) долго време како постојано ја обвинува власта за која тврди дека врши изборни измами и корупција. Откако овие негови обвинувања не беа земени во предвид СДСМ почна да ја бојкотира работата на Собранието. Потоа откако опозицијата почна да ги споделува со јавноста тајно снимените разговори го достигнаа врвот и обвинувањата против власта. Тајните снимки ги поставија на дневен ред на Македонија тврдењата како што беа незаконското преслушување на граѓаните, интервенциите врз медиумите, судството и бизнисмените, изборните измами, апсењата со политичка цел, назначувањето во јавните институции на лица верни на владејачката партија. Согласно тоа во земјата беа одржани антивладини протести со широко учество.

ВМРО-ДПМНЕ која се наоѓа на власт уште од 2006 година уште од почетокот ги отфрли обвинувањата кои што беа изнесувани против неа. Застана во одбрана на тоа дека објавените снимки од преслушувањата се измислени од страна на странските разузнавачки служби со цел да ја дестабилизираат Македонија. Но и покрај тоа за надминување на продлабочената политичка криза во Македонија под дејство и на објавените снимки, тогашниот премиер Никола Груевски се согласи да посредуваат ЕУ и САД.

Со постигнатиот договор во јули 2015 година Груевски прифати до 15 јануари 2016 година да поднесе оставка на премиерската функција и да се формира техничка влада со која ќе се оди на предвремени парламентарни избори. Во постигнатиот договор беа внесени и реформи кои што беа подготвени од страна на Европската комисија и беа доставени до владата на Груевски, по прашањата на владеењето на правото, ослободувањето на јавната администрација од политиката, изборната реформа и слободата на изразување.

Никола Груевски кој остана верен кон договорот во предвидениот рок поднесе оставка на премиерската функција, по што беше формирана привремена техничка влада со широко учество која ќе управува со земјата до одржувањето на предвремените парламентарни избори. Меѓутоа под изговор дека не се исполнети сите услови од постигнатиот договор во јули 2015 година, опозициониот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) продолжи да го применува оној негов негативен став. Затоа датумот на предвремените парламентарни избори на два пати беше одложен. Опозицијата инсистираше особено да биде проверен и прочистен избирачкиот список и да бидат направени реформи во однос на независноста на медиумите.

Конечно минатата недела можеа да се отворат гласачките кутии во Македонија за одржување на предвремени парламентарни избори. И испитувањата на јавното мислење покажуваа дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) доби поени пред ВМРО-ДПМНЕ која изгуби доста сила. Меѓутоа тешко беше да се претпостави дека и големата владејачка партија и главната опозициона партија ќе располагаат со речиси ист број на пратенички мандати во Собранието. Имено изборните резултати укажуваат на тоа дека и власта и опозицијата во Собранието на Република Македонија составено од 120 пратеници се во состојба да можат да го обезбедат потребното мнозинство.

Два основни фактори ќе определат  од чија страна ќе се формира новата влада на Македонија. Како прво, како секогаш и овојпат судбината на новата влада ќе ја определат албанските бирачи. На изборите во недела петте партии кои беа во трка за албанските гласови освоија 17,81-насто од вкупниот број гласови. Меѓу овие пет партии Демократската унија за интеграција (ДУИ) освои 7,3-насто од гласовите и успеа да стане трета партија по бројот на освоени гласови. Особено поддршката на ДУИ ќе биде во својство на фактор кој што ќе ја определи судбината на новата влада. Освен тоа согласно и со Охридскиот рамковен договор со кој што беше ставено крај на внатрешните судири во Македонија и беше потпишан во 2001 година, во Македонија не може да се формира ниту една влада во која нема да има барем една политичка партија на Албанците. Односно мора да се оди на коалиција со една партија на Албанците.

Втор значаен фактор кој што ќе го определи формирањето на нова влада во Македонија е ставот на ЕУ и САД. Имено, и Брисел и Вашингтон во минатото упатија различни критики против власта на Груевски. Така доколку ЕУ и САД ги убедат албанските политички партии да го поддржат Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) ќе заврши и десетгодишната непрекината власт на ВМРО-ДПМНЕ. Всушност и Брисел и Вашингтон на изглед како повеќе да посакуваат да се формира нова влада во Македонија со широко учество. За да би можело да се изнајде решение за проблемот со името кој што се доживува со Грција и по пат на тоа да биде заживеан процесот на Македонија за пристапување во членство во ЕУ и НАТО, Западњаците би можеле да претпочитаат во новата влада да ги има и власта и опозицијата.

Како што би можело да се подразбере од сето тоа формирањето на нова влада во Македонија нема да биде лесно и во наредните денови значајни случувања ќе продолжат да го преокупираат дневниот ред на оваа земја.

Што се однесува до Турците во Македонија тие во новиот состав на Собранието ќе бидат претставувани со два пратенички мандата, од кои едниот од владејачката коалиција „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а вториот од опозиционата коалиција „За живот во Македонија“ предводена од СДСМ.

 

Автор на програмата е доктор Ерхан Турбедар



Слични вести