Од перспективата на Турција 18-2016

„The final countdown“ (Последното одбројување)

627252
Од перспективата на Турција 18-2016

Еден од изразите кој остави длабок впечаток во мојот живот е „The final countdown“ (Последното одбројување), вели авторот на програмата Ердал Шимшек.

Овој израз потекнува од името на истоимената мелодија „The final countdown“ во младоста, која беше многу популарна и постојано свиреше на радио станиците, кај продавачите на касети и во автомобилите. Текстот на песната која е во хард рок стил, слушателите ако размислат малку подлабоко, можат да го сфатат влијанието на оваа песна.

Наместо бунтовничкиот „Rock“, шведската музичка група „Europe“ во песната раскажува за ништожноста на разделбата, смртта и световниот живот. Исто така повикуваше на длабока смиреност и размислување. Во песната не се говореше само за смртта, разделбата или расцепканоста на животот, туку истовремено и за ништожноста. Јас како лице кое се стекнав со секуларно и верско образование, вели авторот на програмата Ердал Шимшек. Оваа песна одигра големо влијание врз моите погледи на животот и случувањата. Учењето што имав можност да го научам од книгите за исламскиот суфизам, стиховите на оваа песна се потпевнуваа во вид на романтичен бунт и крик. Последно одбројување. Последно одбројување на збогувањето со животот, светот и световните случувања.

По последните избори во Италија, можеби по период од 20 години стиховите на оваа песна повторно почнаа да се излеваат од мојата уста. Состојбата во која падна ЕУ со изборите во Италија, на најубав начин ја резимираат тажната драма.

Во суштина Европа последното одбројување го започна со приемот на Кипарско грчкиот дел. Бидејќи ЕУ отворено ги прекршуваше принципите на унијата и пишаните правила. Според правилата на ЕУ, проблематичните подрачја и региони не треба да се примат во ЕУ. Кипар беше проблематичен остров уште од 1960-те години наваму поради геноцидот на грчките расисти врз Турците. Терористот Никос Самсон и архиепископот Макариос кој ги поддржуваше, земјата ја претворија во бојно поле и без оглед на тоа дали станува збор за деца, жени, возрасни, болни или цивили, масакрираа десетици Турци. Република Турција согласно правата и обврските предвидени со потпишаните меѓународни договори, масакрите на грчките расисти на Кипар ги спречи со воена операција. Тој ден, турските војници на Кипар беа дочекани со голема радост и возбудување не само од страна на Кипарските Турци туку истовремено и од страна на Кипарските Грци кои беа на страната на мирот и единството и против грчкиот расизам што се спроведуваше.

По спречувањето на етничкото чистење на Кипар кое започна од страна на Кипарските Грци, на островот се формираше де факто ситуација. Кипарските Турци со прогласувањето на независноста во 1983 година ја формираа Турската Република Северен Кипар.

Европските земји не ја признаа новата турска држава на Кипар. По неколку години се формираше Европската унија која се раководеше спротивно на начелата на формирањето и во 2004 година ги примија Кипарските територии кои се наоѓаа под окупација на Кипарските Грци. Со овој настан, ЕУ политиките во врска со Турција ги сведоа на хипотека на окупаторскиот режим на Кипарските Грци на југот на Кипар.

ЕУ нивото кое што е постигнато до денес, го формира во рамките на верското убедување на Европа, а не врз европските вредности и придобивки како што досега во светот ја пазаруваше стратегијата на пораст. Исто така постојано внимаваа да ги држат затворени вратите за евентуалното пристапување на Турција, која имаше посилна економија од поголемиот број од земјите членки на ЕУ, па дури и пожива, променлива и мултикултурна општествена структура.

Во текот на процесот на пристапувањето, ЕУ на Турција и постави толку многу услови кои не ги постави на некоја друга земја кандидат. Не се ограничија само со тоа. Со секоја промена на привремениот претседавач со ЕУ, се менуваа односите на ЕУ со Турција, преговорите за пристапување, отворањето и затворањето на поглавјата.

Додека ЕУ од една страна се фали со мултикултурализмот, од друга страна пак со затворањето на своите порти за пристапувањето на Турција, премина во силен политички пад. Се понеразбирливо беше влијанието на унијата врз светската политика. На пример, во кризата со Украина, рускиот лидер не ги почитуваше соопштенијата, изјавите, барањата, заканите на ЕУ.

Секако дека противењето на ЕУ кон мултикултурализмот, предизвика зајакнување и развој на расистичките, националистички, маргинализирачки политички движења кои почнаа да потсетуваат на националистичкиот бран од 1930-те години.

Кога станува збор за своите интереси, Европа не се стремеше да го одложи дури спроведувањето на демократијата и демократските начела со кои се фали дека се основа на Европа. На пример, Европа не реагираше против генералот Сиси кој со воен удар го собори легално и демократски избраниот претседател Мухамед Мурси, па дури изврши и масакри врз невините граѓани. За диктаторот генерал кој изврши крвопролевање беа пространи црвени килими од Англија до сите главни градови на европските земји. Беше спроведен државен протокол од прв ред.

Европејците подолг временски период беа индиферентни и наспроти обидот за воен удар на меѓународната Фетулахистичка вооружена терористичка организација ФЕТО која на 15 јули се обиде да изврши воен удар против претседателот на Турција кој беше избран со гласовите на над 50 отсто од граѓаните како и владата. По победата што ја извојува турскиот народ против воениот удар и пучистите, земјите членки на ЕУ и нејзините установи, наместо да молчат од срам, овојпат почнаа да се спротивставуваат на барањето сметка на Турција од пучистите во рамките на меѓународното право. ЕУ, наместо да изрази поддршка на турските граѓани цивили кои беа изложени на немилосрдните напади со авиони, хеликоптери, тенкови и снајпери, во кои загинаа и беа повредени стотици лица, за жал преферираа да застанат во одбрана на пучистичките убијци и терористички генерали на терористичката организација ФЕТО.

Целиот свет, особено исламскиот свет имаше можност да ја увиде оваа контрадикторност. Беше симнат превезот кој го покриваше лицето на ЕУ. Поголемиот број од турските граѓани кои до вчера и околу половина век сакаа да влезат во ЕУ, денес веќе не сакаат да влезат.

Не само Турците, туку и Италијанците, Шпанците, Холанѓаните па дури и граѓаните на развиените земји членки на ЕУ денес сакаат да излезат од редовите на ЕУ.

Авантурата на ЕУ траеше многу кратко. Исто така за кратко време беа истрошени универзалните вредности од периодот на Магна карта (Големата повелба за правата)  како што се демократијата, слободата, универзалното право, правата и слободите на индивидуата на Европа. Сега Европа веќе нема некоја вредност која би можела да ја пазарува во светот.

ЕУ влезе во еден процес на уривање од кој нема враќање а кој не претставува само распад. Како што рековме на почетокот на програмата, надоврзувајќи се на песната на рок групата „Europe“, почна „Последното одбројување“ односно „The final countdown“.



Слични вести