Ибрахим Калин: Проблемите на Европа

Портпаролот на претседателот Ердоган, Ибрахим Калин истакнува дека доколку Европа сака да остане моќна во својот дом и значајна во интегрираниот свет, европските политички лидери треба да направат рационални проценки

625814
Ибрахим Калин: Проблемите на Европа

Европа се соочува недоверба, регионален хаос и инаетчиство во средина на игнорирање на мигрантите и потенцијално со бран на разорувачки политички популизам и опортунизам. Овој тренд по гласањето за Брекзит и се заканува на европската идеја и ја изнесува опасноста од ослабување на ЕУ. Изгледа дека заедно со низа национални и локални избори кои што ќе се одржат идната година европската политика ќе го продлабочи сомневањето во себе и ќе ги охрабри популизмот, антиимигрантството, исламофобијата и непријателството кон странците на древниот континент. Доколку Европа сака да остане моќна во својот дом и значајна во интегрираниот свет, европските политички лидери треба да направат рационални проценки.

Оние кои располагаат со сериозни грижи во врска со новиот-расизам во подем и политички опортунизам воздивнаа со победата на Александер ван дер Белен на одржаните претседателски избори во Австрија пред екстремниот десничар Норберт Хофер. Хофер не само што сподели отворено расистички ставови во врска со Турците и муслиманите, ја преиспита и самата ЕУ така да на почетокот на својата предизборна кампања (но на крајот ја промени оваа своја идеја), побара да се одржи референдум за Брекзит. Да беше избран ќе беше прв и отворено екстремно десничарски и исламофобичен претседател на едната од водечките земји на Европа. Но и покрај тоа што Хофер изгуби, неговите идеи и размислувања кои што ги брани и распространува сеуште се живи. Тој не беше само против членството на Турција во ЕУ, туку истовремено беше и против заминувањето на Турците и муслиманите во Австрија и овој политички став постепено се повеќе се распространува во голем број европски земји. Во меѓувреме актуелната австриска влада сеуште продолжува со оној нејзин контроверзен (дискутабилен) и непријателски став против Турција.

Изборните резултати во Австрија макар и малку покажаа светлина на надеж во однос на тоа дека обвинувањето на муслиманите, Турците и доселениците за проблемите во Австрија и во Европа секогаш не доведуваат до успех на изборите.  Во најмала рака некои во Европа можат да ја согледаат вистината, а тоа е дека; поврзувањето на искомплицираните проблеми за само една причина и прогласувањето за жртвено јагне на одредена група луѓе можеби во краткорочен период би можеле да обезбедат политички придобивки, меѓутоа во долгорочен период не би можеле да ги решат присутните проблеми. Доколку европските екстремно десничарски партии продолжуваат да се стекнуваат со интерес од погрешно позиционираните стравови на обичните граѓани и да го потпалуваат народот со предрасуди и со фанатичност со тоа само ќе ги продолабочат чувството на безнадежност, конфузијата во главите и гневот, а со тоа ќе бидат неуспешни во решавањето на вистинските проблеми на Европа.

Оваа состојба изгледа дека би можеле да ја видиме повторно и на изборите во Франција кои што ќе се одржат идната година. националниот фронт под лидерство на Марин Ле Пен увиде дека во последните неколку години е проширен неговиот електорат поради што се очекува да биде значаен противник на претседателските избори во 2017 година. Господинот Франсоа Оланд изјави дека нема повторно да се кандидира, а тек во наредните денови ќе видиме како ќе се одвиваат лошиот перформанс на Социјалистите во анкетите и каква реакција ќе покаже Франсоа Филон кандидатот на Партијата на Републиканците (по поранешното име Унијата на народно движење или УМП) на сиве овие политички динамики во оваа земја. Она што се гледа сигурно е тоа дека истите ставови против мигрантите, против глобализацијата и против Турците и мсулиманите ќе бидат дел од предизборната кампата во Франција. Многу и не се гледа за можно Франција да го следи моделот на Брекзит и да се откаже од ЕУ. Меѓутоа интеграцијата, исламофобијата, радикализацијата, проблемите со невработеноста и перцепцијата на Франција во врска со чувството на идентитет и себесвојственост кои што продолжуваат веќе подолго време ќе продолжат да преовладуваат и на социјалната и политичката сцена во Франција.

Изгледа дека со слични проблеми ќе се соочи и германската политика за време на претстојните парламентарни избори идната година. Најсилниот лидер на Германија и Европа Ангела Меркел и покрај тоа што е голема веројатноста да победи ќе се соочи со растечки проблеми како што се антимиграциската политика и да ја држи моќна европската економија. Меѓутоа и покрај нејзините напори на високо ниво и успехот во правец на стопирање на мигрантската криза усмерена кон Европа дури и Меркел беше приморена да плати сметка на локалните избори. Таа ќе остане да се соочува со прашања како што се политичкиот популизам и опортунизам кои што инаку имаат големи последици како во нејзината земја, така и во Европа.

Како додаток на тоа референдумот за уставни промени во италија на кој победија оние кои гласаа против и резултираше со оставката на италијанскиот премиер Матео Ренци, располага со потенцијал на продолабочување на политичката нестабилност во Италија како значајна европска земја и пошироко во Европа. И покрај тоа што Италија е позната како земја во која често се менуваат влади и во која владеат нестабилни партиски политики (имено по Втората светска војна досега беа формирани 64 влади), една нова владина криза ќе вроди значајни политички и економски последници и за оваа земја и за Европа.

Мошне е природно оваа тешко разбирлива политичка состојба во Европа да има влијание и врз односите меѓу Турција и ЕУ. Недостатокот од стабилност и поддршка на борбата на Турција против тероризмот одигрува отровна улога и ги продолабочува постоечките разлики. Тоа што не се посвтеува внимание во вистинска смисла на зборот на безбедносните проблеми на Турција која инаку е во состојба на клуч за безбедноста на Европа, храни едно длабоко чувство на недоверба. Преговорите за членство кои што напредуваат неверојатно бавно и во основа се задоцнуваат, не влеваат иднина. Неуспешноста на Европа во ефикасното и погодно справување со бегалската криза продолжува да ги затегнува односите. Воедно и тоа што неодговорните политичари во име на политички опортунизам ги претвораат претседателот Ердоган и Турција во „друг“, односно ги отуѓуваат никако не ја олеснува оваа работа.

Патот за спас од овој безизлез е правилно да ги определиме нашите приоритети и да појасниме дека нашата заедничка безбедност и нашиот просперитет се поврзани со заедничкото работење во секоја сфера. Во време кога се зголемуваат взаемната зависност и заедничките тешкотии би можеле да создадеме средина на зајакнување и на двете страни и би можеле да одбиеме да поткленкеме пред игрите чиј победник не постои. Европа би можела да изнајде решение за своите проблеми не жртвувајќи ја мејнстрим политиката за екстремните десничарски и расистички насилни наметнувања и со повторно присвојување на основните вредности на мејнстрим политиката.

Отворањето на една нова страница во односите со Турција би можела да вреди многу во овој процес. Постигнувањето резултат во процесот на визната либерализација во Шенген зоната кој што продолжува со Турција одредено време ќе создаде една нова клима на партнерство. Тоа ионака е право кое што требаше да им се даде на турските граѓани многу однапред. Еден друг значаен чекор за ЕУ е да ги одржи своите дадени ветувања во врска со бегалците и да го сподели товарот на Турција. Како последно, да се размерат безбедносните проблеми на Турција пред и по обидот за преврат на 15 јули,  ќе помогне за променување на постоечката непријателска политичка средина во Европа. Непријателството против Турција во име на политичкиот популизам повеќе од Турција и наштетува на Европа.

 

Автор на статијата објавена во весникот „Дејли Сабах“ на англиски под насловот „Проблемите на Европа“ е Ибрахим Калин, портпарол на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган



Слични вести