Блискиот Исток низ Призмата на Турција 49-2016

Заедно со Алепо исчезнува и хуманоста

624491
Блискиот Исток низ Призмата на Турција 49-2016

Во знак на реакција против етничкото чистење во првата половина на 1990-те години во Босна, на една налепница која беше популарна во тој период во САД пишуваше: Крвта на Босанците претставува дамка за човештвото. Во војната од 1991 до 1995 година за егзистенција на Босанското општество загинаа десетици илјадници лица, а исто така десетици илјадници лица присилно беа протерани од родните места и изложени на тешки зулуми и насилства. Во тие години Русија беше скоро изолирана од светската политика. Но покрај тоа, Западните земји на почетокот на 1990-те години преферираа да бидат индиферентни кон случувањата за време на кризата во Босна. Да преземеа порешителен став во однос на случувањата, многу побрзо ќе беа окончани крвопролевањето и повредувањето на човечкото достоинство во Босна.

Поголема индиферентност и рамнодушност во споредба со онаа во Босна во последните пет години се доживува во Сирија. Степенот до кој се достигна во Источен Алепо претставува конкретен доказ за неуспешните Западни политики кон Сирија. Како што вели еден набљудувач на случувањата во Сирија, „Источен Алепо денес претставува престолнина на рамнодушноста на Запад“. По се изгледа дека Силите на Асад поддржани од Русија нема да се ограничат само со пресметувањето во Алепо, кое претставува едно од одбранбените позиции на последните човечки катастрофи.

Фијаското на Запад во Сирија е толку очигледно и јасно што отворено се изнесува дури во парламентите на овие земји.

Седницата посветена на Сирија на Сојузното собрание на Германија претставува само еден од овие показатели. Претседателот на комисијата за надворешни односи Норберт Ротген во говорот на Сојузното собрание на Германија не се стремеше јавно да изнесе дека западните земји беа некомпетентни и неспособни во спречувањето на судирите во сирискиот град Алепо. Ротген, позицијата на Запад во врска со човечката трагедија во Алепо ја оцени како бесвесна состојба. Според Ротген, Алепо претставува симбол на најголемата катастрофа во последните години на западната надворешна политика.

Деновиве целиот свет сведочи за човечката катастрофа која во историјата ќе бидат забележани како најцрни страници. Патот кој води кон оваа катастрофа беше отворен со стапувањето на Русија со воената сила во април 2015.  Во првиот квартал на 2015 година, режимот на Асад и покрај поддршката на Хезболах од Иран, Ирак и Либан, покажа дека му истече рокот.

Додека Запад за жал во врска со Сирија без Асад следеше амбвивалентен став. Меѓудругото, со појавата на факторот ДАЕШ, предизвика САД да се пренасочи и интензивира кон борбата против ДАЕШ. Оваа состојба од страна на Русија беше проценета како очекувана прилика поради што стапи на сила со прекумерна сила за заштита на режимот на Асад. Од април 2015 година, Русија следеше кампања на воздушни бомбардирања без оглед на тоа дали станува збор за цивилното население, училишта или болници. Освен интензивните воздушни бомбардирања, во Источен Алепо владее недостиг на вода и храна. Цел на воздушните бомбардирања во последните недели се особено пределите во најнаселениот град Алепо кои се наоѓаат под контрола на силите на опозицијата.

Во руските воздушни напади од април 2015 до денес, загинаа над 2700 лица. Од 26 ноември наваму, најмалку 25 илјади лица го напуштија Источен Алепо. Според претпоставките, во подрачјето продолжуваат да живеат над 50 илјади лица.

Русија до 20 јануари се обидува да го исчисти Источен Алепо од силите на опозицијата. Секако дека за остварување на своите цели поаѓа од претпоставката дека САД ќе остане без конкретни чекори до полагањето заклетва на новиот претседател. Покрај тоа што не се очекува, земајќи ја во предвид и веројатноста за преземање поостар став од страна на раководството на Трамп, ја тера Русија да употреби поголема воена сила. Според претпоставките, со исчистувањето на Источен Алепо и поголеми територии од силите на опозицијата, новиот американски претседател ќе биде принуден да ја прифати ситуацијата во Сирија.

Во Сирија до денес беа доживеани најголеми човечки загуби од Втората светска војна наваму. Но покрај големите тешкотии, лекарите и претставниците на различни невладини хуманитарни организации во Источен Алепо вложуваат извонредни напори за намалување на тагата на граѓаните. Сите оние кои денес во Сирија применуваат насилство и тортури и ги убиваат невините лица, не треба да заборават дека ќе дојде ден кога ќе им се суди како на воени злосторници поради злосторствата кои ги извршија.



Слични вести