Балканска агенда 48/2016

Стапките на раст во економијата на Босна и Херцеговина

622747
Балканска агенда 48/2016

Босна и Херцеговина во 1996 година почна да ги поправа рушевините за кои што беше причина 3,5 годишната војна. Покрај тоа Босна и Херцеговина која во периодот пред војната располагаше со централно планирана економија, влезе и во период на трансформирање на својот економски систем кон пазарна економија и во тие рамки во период на промена на своите институционални и структурални калапи и начини на однесување во изминатите 20 години во овие сфери се остварени значајни успеси. Инвестирањата кои што беа реализирани во рамките на реконструкцијата ги подобрија условите на живот, додека монетарниот одбор и финансиската дисциплина кои што беа применувани беа основни средства во воспоставувањето на макроекономската стабилност. Меѓутоа и покрај високите проценти на раст кои што беа уочувани во економијата на Босна и Херцеговина земјата многу и не го надмина она ниво на реален бруто домашен производ (БДП) во 1989 година.

Тогаш кога на крајот на 1995 година заврши војната нивото на реалниот бруто домашен производ (БДП) на Босна и Херцеговина изнесуваше околу 20-насто во споредба од пред војната. Во првите три години од повоениот период пак благодарение на странската помош која што пристигна нивото на реалниот бруто домашен производ (БДП) оствари висок раст од 86-насто, 37-насто и 15,6-насто. Меѓутоа поради фактори како што беа намалувањето на доставената помош и на меѓународната финансиска поддршка, како и застојот на економските реформи, не траеше долго и овој согледан висок раст во економијата на Босна и Херцеговина.

Во периодот помеѓу 1999-2008 година, со исклучок на 2001, 2003 и 2005 година процентите на раст на реалниот бруто домашен производ во Босна и Херцеговина изнесуваше над 5-насто. Дури и во 2008 година кога интензивно беа почувствувани негативните влијанија на глобалната економска криза процентот на раст на реалниот бруто домашен производ (БДП) на земјата изнесуваше 5,5-насто. И покрај процентите на висок раст кои што беа согледувани во економијата на Босна и Херцеговина според податоците на Европската банка за изградба и развој (EBRD)  во 2007 година земјата до она ниво на реален бруто домашен производ (БДП) во 1989 година можеше да достигне само до ниво од 80-насто.

Во периодот 2009-2014 година економијата на Босна и Херцеговина можеше да оствари раст од само приближно симболични 0,1-насто. Процентите на раст во последните две години пак се претпоставува дека се остварени под 3-насто. Планот за приватизација кој што е прифатен во текот на оваа година би можел да и придаде дополнително заживување на економијата на земјата. Меѓутоа исто како и во примерот со другите Балкански земји  економскиот раст во Босна и Херцеговина многу и нема растечко влијание на вработувањето. Впрочем процентот на невработеност во земјата продолжува да изнесува над 27-насто. Процентот на невработеност кај младите пак е на трагично ниво. Според податоците на Евростат за 2012 година процентот на невработеност кај групата млади од 15 до 24 годишна возраст во Босна и Херцеговина беше на ниво од околу 62,8-насто. Бројките на невработеност во Босна и Херцеговина се прилично над просечното ниво на невработеност во земјите членки на ЕУ.

При анализирање на степенот на просперитет во Босна и Херцеговина ќе биде поправилно оваа земја да се споредува со други слични регионални земји од економски аспект. Впрочем би можело да се рече дека од аспект на нивото на бруто домашниот производ по глава на жител пресметан по паритетот на куповната сила Босна и Херцеговина е блиску до просечниот износ во западен Балкан. Дури од аспект на овој показател се подразбира дека Босна и Херцеговина е во подобра состојба од Албанија и Косово. Само Хрватска од аспект на показателот на приходите кои се паѓаат по глава на жител е над просекот во регионот.

Кога ќе се направи споредба од аспект на примањата се подразбира дека состојбата на Босна и Херцеговина и не е премногу добра. И покрај тоа што реалните примања во Босна и Херцеговина во периодот од 2000 до 2007 година се зголемени за 44-насто, просечната месечна исплатена бруто плата во 2008 година во оваа земја изнесуваше 480 евра. Во периодот од 2009 до 2014 година пак просечните месечни плати во оваа земја реално се зголемија само за 0,6-насто.

Исто како и во секоја земја и економските услови во Босна и Херцеговина се одразуваат различно на различни средини во општеството. На пример просечната пензионерска плата во земјата е некаде околу 160 евра. Разликата помеѓу највисоката пензионерска плата и највисоката работничка плата во 2012 година во српскиот ентитет изнесуваше 32-ва пати, а во ентитетот на Федерацијата Босна и Херцеговина 20 пати.

Како што се истакнува во најтешка економска состојба во општеството во Босна и Херцеговина се семејствата кои ги положиле своите животи и ги изгубиле своите блиски за слободна и независна Босна и Херцеговина. Од друга страна процентот на сиромаштијата во Босна и Херцеговина изнесува некаде околу 17-насто, додека близу половината од народот ја продолжува својата егзистенција на ниво блиску до границата на сиромаштија.

 

Автор на програмата е доктор Ерхан Турбедар



Слични вести