Ибрахим Калин: Европа, Туркофобијата и опасната иднина

Портпаролот на претседателот Ердоган, Ибрахим Калин: Одлуката на Европарламентот за суспендирање на преговорите со Турција треба да се процени во една поширока рамка која што содрж погрешно позиционирани стравови, стари предрасуди и политички популизам

621671
Ибрахим Калин: Европа, Туркофобијата и опасната иднина

Европскиот парламент (ЕП) во период кога не успева да ги разгледува вистинските прашања како што се растечкиот расизам, растечкото непријателство кон странците, групите против мигрантите, радикализацијата, отуѓувањето и исламофобијата, фрли потпис на една скандалозна одлука против Турција. Европа со своите сопствени проблеми, микро-национализмите и процесот Беркзит го стеснува својот стратешки поглед и го губи својот контекст.  Одлуката која што Европскиот парламент (ЕП) ја донесе на 24 ноември за суспендирање на преговорите со Турција треба да се процени во една поширока рамка која што содржи погрешно позиционирани стравови, стари предрасуди и политички популизам. Одлуката и покрај тоа што не е обврзувачка од правен аспект ги одразува онаа токсична политичка клима и тесниот стратешки поглед во Европскиот парламент (ЕП). Оваа состојба се храни со растечкиот антитурски политички популизам во Европа. Ги изнесува на виделина поранешните предрасуди на стариот континент кон Турците и Турција.  Меѓутоа оваа одлука самата повеќе од она што го кажува во врска со Турција го кажува за онаа состојба на затемнување во која се наоѓа европскиот политички хоризонт.

Не поминува нути еден ден некои во Европа да не ја испробаат својата шанса да ги напаѓаат Турција и турскиот претседател Реџеп Тајјип Ердоган  и да добијат поен од тоа што веќе е дојдено во профитна состојба. Политичарите, новинарите, комичарите, уметниците и другите го довеле во толку опсесивна состојба Ердоган што дури и зборот „Ердоган“ веќе не укажува на личност која е претседател на Република Турција; меѓутоа укажува на еден неизвесен израз кој што тогаш кога овие луѓе ќе станат негови противници, ќе напаѓаат, ќе критикуваат, ќе се чувствуваат себе си подобро и ќе бидат во потрага по “другиот“.

Како што истакнува Елиф Зехра Кандемир, како жена Турчинка, Германка муслиманка: „Името на Ердоган е дојдено во состојба на вид понижување. Бесмртен непријател во кој се одразуваат старите предрасуди. Ердоган е сето она кое што нема свое место во Европа.

Еден пример на овој нов модел кој што влева страв можеме да видиме во специјалниот број на германското списание „Дер Шпигел“ кое систематското напаѓање на Ердоган го довело во состојба на навика . На сликата на корицата на списанието е претставен Ердоган како „мафијаш“ со наочари за сонце кој гледа кон џамијата Султанахмет чии две минариња се претставени во вид на ракета.  Минарињата претставени во вид на ракета се одразени на стаклата на наочарите за сонце кои што на Ердоган му придаваат изглед на „мафијаш“ и со тоа алудираат на пожар, оган и зулум. Насловот на списанието пак ја објаснува пораката која што се сака да се даде со целата оваа слика: Турција ја губи својата слобода.

Вистината пак дека оваа корица на „Дер Шпигел“ е објавена само два месеци по неуспешниот Ѓуленистички обид за преврат  е впечатлива. Можеби ова германско списание не беше среќно од тоа што превратот беше неуспешен. Доколку превратот беше успешен можеби ќе беше и негов поддржувач. Веројатно на својата корица ќе поставеше една фотографија на Фетулах Ѓулен како лидер на превратот кој ќе и ја вратеше слободата на Турција.  „Дер Шпигел“ превратот ќе го славеше како нешто добро за демократијата и таа негова исклучителна способност на новинарство и известување ќе го искористеше за објаснување на тоа дека всушност помеѓу демократијата и воениот удар „не постои никаква противречност“.

Ова списание и неговите приврзаници во Европа кои ги обзела лудост со Ердоган освен тоа би требало да објаснат како тоа што ги засолнуваат и заштитуваат терористите на ПКК и нивните поддржувачи во Германија и во останатиот дел на Европа е во услуга на демократијата и каков вид на борба против тероризмот е тоа. Треба да објаснат зошто протестот против превратот што се одржа во Келн дојде во толку големо прашање во германските медиуми и треба да се појасни зошто беше дозволена една друга демонстрација на приврзаниците на ПКК која што беше одржана веднаш потоа по неколку недели и како оваа демонстрација без да предизвика никаква загриженост зазеде место во германските медиуми.

Би можеле да изнајдат некои волшебни патишта за оправдување и прекривање на расистичките убиства на НСУ. Би можеле да уживаат од провоцирање на Турците во Германија за оправдување на своите расистички неонацистички напади. Би можеле создавајќи еден имагинарен модел на Хитлер и хранејќи го овој нивен имагинарен модел да се обидуваат да му покажат на светот дека „злото“ секогаш не произлегува од нив. Би можеле да актуелизираат нови приказни за геноцид за да би го намалиле макар и малку она чувство на вина предизвикано од ужасот на Холокаустот. Би можеле да измислат одредени патишта производ на илузија со кои што целосната асимилација би ја покажале како интеграција и мигрантите т.ј. бегалците да ги делат на добри (односно оние кои личат на нив) и лоши (односно оние кои претпочитаат критичката посветеност да ја прифатат како послушни овци). Овој список би можел вака да продолжи уште долго.

Оваа опсесија кон Ердоган не е нешто здраво и позитивно.  Всушност значи да се појават како симптом многу пошироки прашања и можеби некои подлабоки психолошки проблеми. Тоа се протега од вознемиреноста која што се чувствува во врска со Турците и муслиманите кои живеат во Европа до договорот за бегалци што германската канцеларка Ангела Меркел го постигна со Турција. Освен тоа претставува поволна утеха и за бегство од вистинските прашања кои што наближуваат. Го нормализира расизмот и политичкиот изговор на главно движење на опасен начин го поместува кон екстремно десничарска и исламофобична оска.

Освен тоа и корицата на „Дер Шпигел“ е расистичка и исламофобична: Минарињата ги претставува како ракета, исламот го истоветува со тероризмот и го претставува Ердоган како поттикнувач на новиот бран „верски тероризам“ и веројатно е против европската цивилизација. Меѓутоа и покрај тоа не може да се спаси од заривање во еден старомоден антисемитизам. Земајќи ги за основа етничката припадност, културите и верските верувања напаѓаат одредена група луѓе. Исто како руската матрушка (Бабушки) фигура: Од вознемирување на Ердоган и Туркофобијата до исламофобијата, а оттаму до непријателството кон странците и потоа оди кон уочлив расизам. Сите се различни слоеви на еден ист менталитет.

Европскиот парламент, Дер Шпигел и слични наместо да го напаѓаат Ердоган и храбриот турски народ треба да се поклонат пред нив за да им ја достават својата почит поради тоа што го сопреа превратот. Она што го спаси турскиот народ ноќта на 15 јули не беше само турската демократија туку демократијата секаде. Таа ноќ не ја одбранија само безбедноста на Турција туку воедно ја одбранија безбедноста и на Балканот и на Европа. Така да наместо да ги бранат и охрабруваат поддржувачите на ПКК во Европа треба да преземат јасен став против тероризмот. Во оваа епоха на меѓусебни зависности доколку сите не сме безбедни ниту еден од нас не е безбеден. Европејците прават многу голема грешка со тоа што му ја отвораат својата прегратка на секој оној кој ја напаѓа Турција. Да се изгуби Турција нема да ја направи Европа подобро или побезбедно место.

И покрај сето тоа за среќа во Европа има голем број рационални и чувствителни луѓе кои не западнале во она политичко опортунистичко  движење кое што се потпира на настроеноста против Турција: Тоа се луѓе кои се приврзани кон вредностите како што се демократијата, слободата и владеењето на правото и кои кога станува збор за други народи без да прават дискриминација остануваат приврзани кон овие вредности. Го согледуваат значењето да работиме заедно за итните проблеми на нашата планета земја кои се дојдени во меѓусебна зависност во глобален и растечки степен. Не се во потрага да собираат евтини политички поени запаѓајќи притоа во она движење против мигрантите и непријателството кон странците во Европа. Го отфрлуваат прагматичниот поглед „Демократијата е добра само додека е во услуга на нашите интереси.“ Позитивно го дочекуваат фактот на миграција како реалност во светот во кој живееме и претпочитаат да се справат во етичка и политичка одговорност. Турција ја оценуваат како партнер, а не како непријател или како его кое што му припаѓа на „другиот“. Не се во комплекс Оедипус кон Ердоган или кон Турција.

 

Автор на статијата објавена во весникот „Дејли Сабах“ на англиски под насловот „Европа, Туркофобијата и опасната иднина“ е Ибрахим Калин, портпарол на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган

 



Слични вести