Блискиот Исток низ призмата на Турција 48-2016

Економската криза во Алжир

619784
Блискиот Исток низ призмата на Турција 48-2016

По стекнувањето со независноста во 1962 година, се до 1990 година републичкиот режим во Алжир продолжи да опстојува со една партија. Фронтот за национално ослободување (ФЛН) кој имаше предводничка улога во борбата за независност беше центарот на политичкиот систем кој беше формиран во земјата. Алжир го прифати социјалистичкиот економски модел на развој и централно планирање кој беше во мода кај земјите кои со независноста се стекнаа по Втората светска војна. Но економскиот и политички систем кои беа формирани во земјата, во 1980 година се најде на прагот на застој. За надминување на овој застој, тогашниот претседател Шадли Бин Џедид презеде низа иницијативи за политичка и економска либерализација.

Преземените иницијативи не вродија со плод. По победата на партијата Исламски фронт за спас на парламентарните избори во 1991 година, беше извршен воен удар.  По воениот удар во Алжир беше доживеана 10 годишна крвава граѓанска војна. По воениот удар повторно не се премина кон еднопартиски систем. Партијата Фронт за национално ослободување (ФЛН) и натаму продолжи да важи за центар на повеќе партискиот систем во Алжир.

Економската либерализација наместо здрава пазарна економија предизвика формирање иницијаторска класа која беше испреплетена сo политичките елити и капитализам кој се заснова на роднински врски. Економската состојба во последните денови во Алжир покажува дека не напредува во најдобра насока.

Економските реформи во последно време покажуваат дека не беа доволни за стекнување на довербата на меѓународните инвеститори. Политичките и економски елити на Алжир, на странскиот капитал сметаат како на фактор кој може да ја скрши нивната контрола над економскиот и трговскиот живот на земјата. Една од причините поради повлекувањето на странските инвеститори е и фактот дека Алжир важи за земја каде што корупцијата е најмногу проширена.

Во последните години продолжува да расте финансискиот и трговски дефицит и да се намалуваат меѓународни девизни резерви. Исто така вредноста на алжирска валута изгуби 30 насто од својата вредност. Стапката на економски раст на Алжир во 2015 година изнесуваше 3,7 настоö а годинава се очекува да опадне на 1,9 насто. Намалувањето на цената на нафтата како и извозот на јаглеводород, Алжир се наоѓа на прагот на трговски дефицит. Во 2014 година во Алжир имаше 4,3 милијарди долари надворешен трговски суфицит, во 2015 13,7 милијарди долари трговски дефицит, додека во 2016 година трговскиот дефицит продолжува да расте. Ако се земе во предвид фактот дека над 20 насто од младата популација на земјата е без работа, тогаш многу подобро може да се сфати потребата за поголем економски раст од досегашниот. Кон средината на годинава, Владата на Алжир прифати еден нов модел според кој се предвидува да се збогати економската структура која претежно се заснова на нафта. На тој начин се планира економијата на земјата da се ослободи од зависноста од јаглеводороди. Една третина од наведените производи ја сочинуваат основата на бруто националниот доход, две третини приходите на владата и 95 насто од извозот.

Тешко е да се каже дека новиот модел на економски раст ќе може да одговори на барањата и да ги даде очекуваните резултати. Исто така не постои некоја поголема надеж од аспект на постигнувањето на критериумите како што се управување со квалитетот, владеењето на правото, борбата против корупцијата и ефикасноста на администрацијата. Најголемата пречка пред социјалните, политичките и економските реформи е одлучноста на главните фактори на постоечкиот режим во зачувувањето на стекнатите интереси и права.

Планот чии детали сеуште не се објавенı од страна на одлучните средини кои се наоѓаат на клучните позиции и вложуваат напори да ги сочуваат своите интереси во суштина e подготвен. Исто така не е можно да се остварат економските и финансиски реформи без да се допрат нивните интереси. Секако дека невозможно е да пакетот реформи кој е изготвен од страна на наведените средини да донесе некои новости.

Затоа новиот модел не се очекува да го отвори патот на странскиот капитал во Алжир. Меѓудругото не се очекува некоја поголема раздвиженост од аспект на формирањето динамична пазарна економија која ќе го поттикне локалното претприемништво.

Намалувањето на трошоците на владата како и зголемувањето на даночните стапки и стапките на царинските даноци исто така неповолно ќе се одрази врз инвестициите и потрошувачките. Моментално преземените козметички мерки во суштина немаат некоја поголема функционалност освен одложување на одлуките за радикалните структурни промени.



Слични вести