Од перспективата на Турција 16/2016

Да се сподели животот

618602
Од перспективата на Турција 16/2016

Една споделена порака на социјалната мрежа Твитер во изминатите денови предизвика доста големо воодушевување кај мене. Во една видео-снимка од 30 секунди во која се раскажуваше за процесот на повторно враќање во живот на едно улично куче пред изумирање се раскажуваше всушност за еден подарен живот на еден „живот“. Едно мало дете кое донерот и јогуртот во својата рака ги споделуваше со едно друго живо суштество, едно улично куче, воедно му пружаше и еден живот.

Ова видео не беше однапред подготвено сценарио и постојат безброј примери кои што потсеќаат на ова видео и во турската и во светската кинематографија. Но за жал овие безброј примери денеска постепено се намалуваат кај меѓудржавните односи. Дури политиките на некои држави имаат за цел да го стеснат просторот на живот на друга држава која како да се оценува како нивен ривал или противник.

Особено овој проблематичен приод кај западните сојузници на Турција да се оценува како отворена државна политика е дојден во положба на обичен настан.

Мошне е чудно... Западниот свет ја употреби во сите пишани и визуелни медиуми таа трогателна фотографија на бебето Ајлан кое за да се спаси од масакрите во Сирија влезе во потрага по нов живот и се збогува со својот мошне краток живот во студените води на Средоземното Море. Со денови се зборуваше на телевизиските екрани. Ги „красеше“ кориците на списанијата и насловните страници на весниците. Мислам дека доколку фотографијата на бебето Ајлан не ги красеше излозите на западните медиуми туку се стекнеше таму со свое место ЕУ ќе беше верна кон договорот за предавање и примање на бегалците кој што го постигна со Турција и во минатиот октомври беше ставен во примена. Турција не само излогот на колективните средства за комуникација ги отвори и своето срце, своите територии и вратите на своите граници за приближно 4 милиони бегалци кои живеат на нејзини територии.

Меѓутоа, политиката на ЕУ која себе си се гледа како колевка на демократијата и како претставник на демократијата не застанувајќи цврсто пред расистичкиот бран кој што расте внатре во нејзини граници ја покажа слабоста да не може да го направи она кое што го налагаа меѓународните договори под кои го има ставено својот потпис. Европскиот расизам кој што поради овој дволичен став е во пораст по извесно време ќе се одразеше себе си на улиците како метод на организирано насилство. Затоа претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган на состанокот на 62-рата Асамблеја на НАТО што се одржа во Истанбул привлече на ова прашање. Ердоган нагласи дека доколку силните држави не успеат животот да го споделат со беспомошните луѓе кои имаат потреба од помош терористичкиот бран ќе им се врати на самите нив како бумеранг.

Претседателот на Турција господинот Ердоган е крајно во право по ова прашање. Освен растечкиот расизам водечките кадри на голем број терористички организации кои делуваат од Авганистан до Сирија, а поготово во Турција живеат во земјите членки на ЕУ и во Северна Европа. Штабовите на терористичките организации како што се ПКК, ДХКП-Џ, МЛКП, ФЕТО/ПДЈ кои досега во Турција убија илјадници војници, полицајци, политичари, цивили, верски лица, бизнисмени, жени и деца се наоѓаат во земјите членки на ЕУ. Сите водачи на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО која денеска претставува Усаме Бин Ладен на Турција и која е најопасна вооружена организација на денешницата се во Западот и живеат под гаранција на западните земји.

Во Европскиот парламент се закачуваат постери на челникот на терористичката организација ПКК Абдулах Оџалан, убиецот на бебиња, која организација од страна на ЕУ е прогласена за терористичка.

Офицерите терористи припадници на Фетулахистичката терористичка организација кои за време на обидот за преврат на 15 јули убија стотици турски граѓани цивили, а ранија илјадници, слободно живеат во европските земји каде што дури шетаат под државна заштита.

Многу е интересно тоа што додека Европската унија и Северна Европа се однесува толку многу дарежливо за обезбедување на услови за живот за терористите, зошто се однесува многу скржаво кон цивилите, жените, децата и старците кои немаат никаква цел освен да се одржат во живот? Европа која ги поттикнува терористите да влезат по незаконски патишта во своите земји и ги угостува во претседателски дворци, зошто станува причина бегалците да се дават во студените води на Средоземното Море и Егејското Море.

Според истражувањата на европските организации за човекови права ЕУ ја дава секој вид помош на терористичката организација ПЈД која делува во Сирија и која врши геноцид и стотици илјади лица протерува од нивните родни места. Освен тоа им пружа најлуксузен живот на терористите на оваа организација во најубавите градови. Зошто истата ЕУ им свртува грб на бегалците чија единствена цел е да се одржат во живот?

Прашање кое што најмногу стои во мојата глава деновиве е „Дали Самуел Хантингтон тогаш кога во почетокот на 1990-сетите години ја пишувал тезата за судир на цивилизациите размислил за тоа дека западната цивилизација ќе биде противречна во себе и ќе изврши самоубиство?

Фундаменталните човекови права како што се правата на жените, правата на децата и правата на единките беа вредности кои ја правеа Европа привлечен центар. Сега таа иста Европа формира партнерства со терористичките организации како што се ПКК и ПЈД од страна на чии припадници се силуваат малолетни и мали женски деца кои во организацијата се користат како секс робинки, а машките деца на 13-14 годишна возраст насилно со оружје ги грабнуваат од нивните семејства и ги водат во војна. Дали со тоа таа иста Европа не ја порекнува својата сопствена цивилизациска теза?

По оваа споредба како треба да се протолкуваат истите тие терористички организации кои со посредство на медиумите се доведуваат во состојба на привлечен центар?

Дали младите генерации на една Европа која е во спротивност со своите сопствени вредности ќе може да ја продолжи оваа противречност? Зошто европските социолози трудовите и истражувањата кои што ги реализираат на териториите на Азија, Африка и Истокот не ги спроведуваат над европската младина која е во предвечерието на  спиралата на тероризмот?

15-годишното момче беше на колена пред кучето кое беше беспомошно и го сподели донерот што го јадеше. Потоа со својата рака му ја отвори устата и му даде да пие од својот јогурт. Му понуди живот и ги фрли темелите на радоста на тоа беспомошно улично куче за да се одржи во живот. А дали Европа, европските социолози и политичари се беспомошни за да им понудат макар и сосема малку живот или да споделат нешто најпрвин со своите млади генерации, а потоа и со само 3 или 4 милиони бегалци.



Слични вести