Блискиот Исток низ перспективата на Турција 47-2016

Одразот на победата на Трамп врз Египет и Израел

615069
Блискиот Исток низ перспективата на Турција 47-2016

На претседателските избори што се одржаа на 8 ноември во САД победи кандидатот на Републиканците Доналд Трамп. Во минатонеделната програма се осврнавме на Блискоисточните политики на администрацијата на Трамп која се очекува да ги спроведува во претстојниот период. Во текот на денешната програма ќе се осврнеме како ќе се одрази периодот на Трамп врз Египет и Палестина.

Според досегашните анализи и резултати, администрацијата на Трамп во врска со тероризмот споделува мислење дека се поистоветува со изгледот на јавниот живот на исламот. Тоа е став кој за жал може да се оцени како исламофобија. Ако ова сфаќање го оцениме од аспект на безбедноста, тогаш можеме да кажеме дека истиот предизвикува оттуѓување и поистоветување со ѓаволот на социјалниот живот на приврзаниците на исламот. Во тој контекст, дури движењето Муслиманско братство во Египет се вбројува меѓу терористички движења. Гледано од тој аспект, ставовите на Трамп овојпат се поистоветуваат со египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси.

Ваквиот приод и став на Трамп кон тероризмот индиректно предизвикува на авторитарните лидери како што се ал-Сиси да гледаат со симпатии. Трамп поаѓа од гледната точка дека тероризмот предизвикува силен отпор, додека силниот отпор има потреба од силен лидер. Затоа, Трамп на средбата во септември во Њујорк, ал-Сиси го оцени за фантастична личност. Трамп во секоја прилика јавно ја истакна американската поддршка на Египет во борбата против тероризмот. Меѓудругото, САД секогаш го изнесува ставот дека ќе биде доверлив и лојален пријател и сојузник на Египет.

Велид Фарис, советникот на Трамп за надворешни односи, на средбата со египетските пратеници во рамките на седницата на Генералното заседание на ОН истакна дека на приврзаниците на движењето Муслиманско братство ќе сметаат како на терористичка организација. Гледано од тој аспект, првата честитка до Трамп по повод изборот упатена од ал-Сиси има  посебно значење. Ал-Сиси и неговата екипа кои на власт дојдоа по интервенцијата на администрацијата на Обама во 2013, не се соочија со никакви пречки од аспект на признавањето. Но истовремено и официјален Вашингтон го критикуваше Каиро. Исплатата на оружјето кое го откупи Египет како и воените кредити привремено беа одложени. Ал-Сиси и неговото блиско раководство овој став на Обама го оценија како поддршка на Муслиманското братство.

Ал-Сиси во меѓувреме почна да ги развива односите со режимот на Асад во Дамаск. По заладувањето на односите со Саудиска Арабија, ал-Сиси од аспект на надворешната политика почна да ги подобрува односите со Русија. Меѓудругото Египет првпат во својата историја гласаше за еден израелски член на Комисијата на ОН. Ал-Сиси мисли дека политиката што ќе ја следи Трамп на Блискиот исток во претстојниот период ќе биде во согласност со египетските регионални политики.

Според досегашните проценки, во периодот на Трамп, американската надворешна политика најголемо и неповолно влијание ќе има врз Палестинците. Во раните етапи на предизборната кампања, Трамп имаше изјавено дека ќе биде непристрасен во однос на изнаоѓањето решение на спорот меѓу Израел и Палестина. Меѓудругото, ја преиспита логичноста на воената помош во износ од милијарди долари која се доделува на Израел. Трамп освен тоа што имаше истакнато дека е на страната на решение кое ќе се заснова на формирање бизонална држава, истовремено рече дека е против тоа Ерусалим да биде главен град на Израел.

Во натамошните етапи на предизборната кампања, како последица на критиките кои беа упатени од страна на конкурентката Хилари Клинтон, Трамп радикално го промени својот став во реториките. За време на предизборната кампања, Трамп влезе во трка за тоа кој ќе биде поизраелски настроен особено со демократскиот кандидат Берни Сандерс. Во тој контекст, Трамп веќе не го употребуваше изразот дека решението на израелско-палестинскиот спор треба да се базира на бизонална држава. Трамп рече дека да се биде произраелски настроен е еден од фактите без кој не може да се замисли американизмот. Исто така рече дека на Израел никогаш не сметал како на окупаторска земја. Меѓудругото изрази поддршка на брзиот пораст на еврејското населување на Западниот Брег. Во врска со Ерусалим рече дека ќе го признае како главен град на Израел и дека амбасадата на САД ќе ја префрли во Ерусалим.

По објавувањето на резултатите од претседателските избори во САД, освен ал-Сиси, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху исто така беше еден од најзадоволните лидери од победата на Трамп. Нетанјаху освен тоа што му честиташе за победата на изборите, исто така го потсети за дадените ветувања на изборите. Министерот за образование на Израел Нафтали Бенет кој важи за еден од најзначајните личности во врска со доселувањето и населувањето на еврејските доселеници на окупираните палестински територии, победата на Трамп ја оцени како крај на обидите и иницијативите за изнаоѓање решение на спорот кој евентуално ќе се базира на бизонална држава и формирање на Палестинската држава. Претседателот на еврејскиот регионален совет на Западниот брег Јоси Даган резултатите од изборите во САД ги оцени како палење зелено светло за натамошното населување на еврејските доселеници и тоа без никаква пречка.

Зарем навистина е можно Трамп да се врати од поранешниот став во однос на палестинското прашање, а кои ветувања ги даде во рамките на изборната кампања? Имено скоро целата екипа на Трамп, вклучувајќи го и потпретседателот Мајк Пенс се состои од произраелски настроени екстремно десничарски политичари и советници. Гледано од тој аспект слободно можеме да кажеме дека нема да стане збор за евентуално враќање чекор назад. Единствено што можат да направат е евентуално да заборават Ерусалим да биде признат како главен град на Израел.

Еден друг факт кој  предизвика зближување меѓу Нетанјаху и Трамп е ветувањето на Трамп за повторно разгледување на нуклеарниот договор кој беше постигнат меѓу САД и Иран. Во тие рамки, може да се очекува активна и блиска соработка меѓу двајцата лидери. Во случај Трамп да изврши притисок врз Иран, ваквиот приод пак може да предизвика проблеми со Русија од аспект на координацијата на политиките кои планира да ги реализира на Блискиот Исток.

Политиките на Трамп кон Египет и Палестина се надополнуваат. Израелската политика против Хамас и египетската против Муслиманското братство исто така се надополнуваат и поистоветуваат. Овие ставови пак наоѓаат место во концептот на Трамп во борбата против тероризмот. Меѓудругото продлабочувањето на односите меѓу Египет и Израел треба да се продлабочат од аспект на безбедноста на Израел и во тие рамки на Египет да му се укаже дека е неоткажлива земја за безбедноста на Израел.



Слични вести