Балканска агенда 46/2016

На што укажуваат претседателските избори во Бугарија

612979
Балканска агенда 46/2016

Граѓаните на Бугарија на 13 ноември во недела гласаа на вториот круг од претседателските избори. Според првите соопштени официјални резултати Румен Радев кој беше поддржуван од страна на опозиционата Бугарска социјалистичка партија (БСП) освои приближно 59-насто од гласовите на бирачите и беше избран за нов претседател. Поради тоа што кандидатката на владејачката партија Граѓани за европски развој на Бугарија ГЕРБ Цецка Цачева ги изгуби изборите со голема разлика бугарскиот премиер Бојко Борисов поднесе оставка на премиерската функција и го започна процесот на предвремени избори. Затоа во наредните месеци се очекува да се доживее голема раздвиженост на внатрешната политичка сцена во Бугарија.

Новоизбраниот претседател на Бугарија Румен Радев за време на предизборната кампања најмногу привлече внимание со своите дадени проруски изјави. Особено во западните медиуми беа изнесувани коментари во правец на тоа дека доколку биде избран Радев кој застанува во одбрана на укинување на санкциите на ЕУ врз Русија геополитичката склоност на Бугарија ќе почне да се поместува кон Русија. На ист начин се тврдеше дека рускиот претседател Владимир Путин за да се спаси од санкциите на ЕУ искористувајќи ги лидерите како Радев се обидува да ја ослаби солидарноста во ЕУ.

Во периодот на Студената војна економската, политичката и енергетската зависност на Бугарија кон Советскиот Сојуз која исто така ги споделува и заедничките верски и културни вредности со Русија, секогаш беше на високо ниво. Зависноста на Бугарија кон Русија и денеска во енергијата, трговијата и туризмот е во високи проценти. Поразлично од минатото прашање кое што ја обликува внатрешната и надворешната политика на Бугарија се политиките и одговорностите кои се неопходни од аспект на нејзиното членство во ЕУ и НАТО. Прозападниот став за елитните средини во Бугарија беше неопходен логичен избор во процесот на премин кон пазарна економија. Меѓутоа срцето на мнозинството од нив продолжи да биде во Москва. Јасно стои дека новиот претседател на Бугарија Румен Радев ја искористи токму оваа состојба во срцата на бугарските граѓани.

Радев никако не се распраша и не ја преиспита стратешката склоност на неговата земја. Само застана во одбрана на тоа дека Бугарија треба да ги развие своите односи и со трети земји како што е Русија. Во глобалниот поредок во кој што живееме нема ништо поприродно колку разноликувањето особено на економските односи. За жал западните земји во последните години не ја кријат вознемиреноста од присуството на Балканот на земјите како што се Русија, Турција и Кина. Се гледа со сомневање дури и кон економските инвестирања на Балканот на овие наведени земји. Затоа кон лидерите како што е Радев кој му придава значење на развојот на економските односи со Русија може да се гледа со предрасуди во западните земји.

Западните земји треба да бидат свесни за ова: Во процесот на премин кон пазарна економија луѓето на Балканот се надеваа дека ќе се стекнат со поголем просперитет и подостоинствен живот. Меѓутоа тоа не се оствари и во регионот со години речиси се доживува капиталистичка криза. Во минатото ЕУ во очите на балканските земји беше „економски џин“. И Бугарија поради ова се обиде што побрзо да стане членка на ЕУ и по тој пат да го зголеми својот степен на просперитет. Меѓутоа за обичните луѓе во Бугарија членството во ЕУ по себе донесе и скап живот. Од друга страна додека народот го носеше товарот на влошените економски услови на земјата владите останаа недоволни во борбата против корупцијата и организираниот криминал. Освен тоа и поради поделбите кои што се појавија во последно време внатре во ЕУ и верувањето кај народот во однос на тоа дека Брисел во одредени прашања не се однесува доволно чесно кон Бугарија, продолжија да го зголемуваат скептицизмот во Бугарија кон Европа.

Поради сето тоа на претседателските избори народот во Бугарија претпочита да му даде шанса на Румен Радев кој нема свое политичко минато и кој претходно ја извршувал должноста командант на бугарските воздушни сили.

Радев ги освои срцата на народот и со изнесување на остри изјави против мигрантите. Бугарија каде што се доживуваат тешки економски услови е загрижена поради тоа што во иднина би можела да се преобрази во складиште на ЕУ во кое се натрупани мигранти.

Изборот на Радев за нов претседател нема да влијае премногу на основната геополитичка склоност на Бугарија која и во иднина од аспект на сопствената безбедност ќе ги избере Америка и НАТО. На сличен начин Софија ќе ги продолжи и своите напори во правец на зајакнување на сопствената позиција во ЕУ. Изборот на Радев повеќе од надворешната политика укажува на тоа дека би можело да дојде до промена на силата во внатрешно-политичката сцена на Бугарија. Опозиционата Бугарска социјалистичка партија (БСП) поради победата на Радев себе си се чувствува зајакната. Меѓутоа Румен Радев во претседателската трка влезе како независен кандидат, додека во вториот круг од изборите успеа да ја добие поддршката на еден дел од Турците и младите бирачи во Бугарија. Затоа на предвремените парламентарни избори за кои што се планира да се одржат напролет во 2017 година тешко е да се претпостави каков успех ќе постигне Бугарската социјалистичка партија (БСП).

Единствената причина која што ја изнесоа претседателските избори е таа што владејачката партија Граѓани за европски развој на Бугарија ГЕРБ која во изминатите години излезе со победа од 11 избори овојпат не можеше да добие доволна поддршка од народот. За да би била поуспешна на претстојните предвремени парламентарни избори ГЕРБ треба да покажува поблиска заинтересираност кон потребите на народот, а освен тоа треба да ги преразгледа и своите партнери на изборите. Партијата за права и слободи во која мнозинството го сочинуваат Турци би можела да одигра клучна улога во формирањето на новата влада во Бугарија.

 

Автор на програмата е доктор Ерхан Турбедар



Слични вести