Блискиот Исток низ призмата на Турција 46-2016

Маната на победата на Трамп за Блискиот Исток

611410
Блискиот Исток низ призмата на Турција 46-2016

На претседателските ибори во САД што се одржаа на 8 ноември 2016 победи кандидатот на Републиканците Доналд Трамп. Изјавите што ги даде Трамп во рамките на изборната кампања во врска со Блискиот Исток покажуваат дека ќе следи поинаква политика од досегашната. Затоа слободно може да се каже дека ќе има новини во американските Блискоисточни политики.

Трамп зазеде спротивен став наспроти досегашната либерална меѓународна надворешна политика на демократот Обама. Според Трамп, унапредувањето и развојот на добри односи на САД со меѓународната заедница не зависи само од нив.  Исто така и постоењето на меѓународните организации и пактови. Најзначајно во сето тоа се трошоците на односите. Ако трошоците на односите се поголеми од користа, тогаш тоа значи дека тука има некоја грешка.

Во екипата на Трамп има и есктремни десничари, но и покрај тоа Трамп има одредени разлики во споредба со политиките на Обама и неговиот претходник Буш. Трамп е против иницијативите како што се еветуални промени на режимот, извоз на демократијата и градење нација. Во надворешната политика на Трамп нема реторики во врска со човековите права. Дури не се стреми јавно да ја брани тортурата. Ако се осврнеме на тоа зошто Трамп ја брани тортурата, тогаш се појавува еден од најзначајните фактори на неговата Блискоисточна политика, борбата против тероризмот.

Без оглед на се, потенцирањето на значењето на борбата против тероризмот од страна на Трамп има големо значење од неколку аспекти. Прво, потенцирањето има исламофобиска појдовна точка. Тероризмот се поистоветува со изгледот на јавниот живот на Исламот. Не само Трамп, познато е дека поголемиот број од членовите на екипата на Трамп го споделуваат истото мислење. Во тој контекст, не само ДАЕШ туку и опозицијата во Сирија па дури и движењето Муслиманско братство се стекнува со терористички статус.

Второ, плиткиот пристап кон тероризмот, го олесна владеењето на авторитарните режими во регионите кои 20 години се изложени на притисиоци за реформи. Гледано од тој аспект, прв лидер кој по изборот за претседател на Трамп му честиташе беше египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси, поради што има посебно значење. Од аспект на раководството на Трамп се додека соработуваат во борбата против тероризмот, нема некое поголемо значење кој ќе биде угнетуван во земјата.

Трето, погрешните политики на досегашното раководство на Обама во последните пет години предизвика Русија, Иран, Ирачките шиитски милицајци, ПЈД и Хезболах да се стекнат со значајни придобивки. Блискоисточниот и приод на раководството на Трамп кон тероризмот ќе предизвика  да зајакнат придобивките со кои се стекнаа.

Од досегашните излагања на Трамп и неговото раководство можеме да увидиме дека тероризмот го поистоветуваат со сунитскиот радикализам. Во тие рамки, под ист изговор и причини се поистоветуваат интересите со Русија од аспект на легитимитетот на присуството во регионот. Поаѓајќи од наведените причини може да се заклучи дека раководството на Трамп ќе отвори нов простор за режимот на Асад во Сирија. Според Трамп, опозицијата во Сирија чија основа претежно се базира на исламски елементи имаат терористичка карактеристика. Гледано од тој аспект, Асад се оценува како добар меѓу лошите. Меѓудругото, приодот на Русија кон Трамп како кон партнер, можеме да кажеме дека ќе одигра улога на лепак меѓу режимот на Асад и раководството Трамп.

Нема да биде погрешно ако кажеме дека со новиот приод на раководството на Трамп кон Асад како кон сојузник, ќе ги укине досегашните иницијативи за барање решение на кризата во Сирија без Асад. Во случај да продолжат судирите, на дневниот ред се појавува прашањето: Што ќе стане со цивилите кои беа протерани од родните места? Предлогот на Трамп во врска со тоа е формирање тампон зона и сместување на сите оние цивили кои беа протерани во оваа зона. Секако дека појдовната точка на Трамп не е да се обезбеди безбедноста на овие луѓе. Трамп кој на муслиманите смета како на потенцијална закана, во суштина се залага да го контролира бранот на миграции од Сирија кон Запад. Гледано до аспект на Сиријците пак, овој приод претставува затворање на вратата на надежта.

Несомнено дека освен Сиријците, во периодот на владеењето на Трамп со САД, Палестина и Палестинците ќе бидат изложени на најнеповолното влијание на Блискоисточната политика на новото американско раководство. Трамп се стекна со епитет на најтврдокорен приврзаник на Израел во рамките на досегашните изборни кампањи во САД. Ќе биде погрешно во иднина да се очекува Израел да биде присилен од страна на раководствата на САД за продолжување на преговорите за изнаоѓање решение на Палестинското прашање. Трамп нема никакви критики во врска со еврејските доселеници и нивното населување на палестинските територии. Еден друг трагичен факт е податокот дека за Трамп  официјалното признавање на Ерусалим како за вечен главен град на Израел нема никаква пречка.

Познато е дека Трамп е против нуклеарниот договор што беше постигнат во периодот на Обама. Погрешно ќе биде да се каже дека оваа состојба може да предизвика неповолен развој на Иранско-американските односи. Новата состојба ќе ја зајакне позицијата на иранските соколи како што се Хасан Рохани и Џевад Зариф кои беа против постигнувањето на нуклеарниот договор. Секако дека оваа состојба ќе предизвика нови бранувања во внатрешната политика на Иран. Гледано од аспект на општата Блискоисточна политика на Трамп, Иран продолжува со поволната позиција. Пред се, поистоветувањето на тероризмот со радикалните сунити од страна на Трамп како и отвореноста за соработка со режимот на Асад и Русија, ќе биде во корист на Иран. Меѓудругото осудувањето на Саудиска Арабија за мекиот став кон радикалните организации и заканата за окончување на увозот на саудиската нафта од страна на Трамп, од страна на Иран беа прифатени со голема радост и  задоволство. Изјавата на Трамп дека нуклеарниот договор повторно ќе биде поставен на разгледување, се оценува како настан кој ќе предизвика поголема загриженост дури и кај умерените прагматични средини во земјата.

Накратко, Блискоисточната политика која се очекува да се следи во периодот на Трамп нема да ги реши проблемите во регионот, а исто така нема да предизвика некои значајни промени од аспект на распоредувањето на рамнотежата на силите.



Слични вести