„Како би можеле себе си секаде да се чувствуваме како дома“

Портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин во својата статија за весникот „Дејли Сабах“ на англиски вели дека Основната карактеристика на филозофијата е „желбата секаде да се биде како дома“

607465
„Како би можеле себе си секаде да се чувствуваме како дома“

Ибрахим Калин, портпаролот на претседателот Ердоган, во својата статија за весникот „Дејли Сабах“ на англиски под наслов: „Како би можеле себе си секаде да се чувствуваме како дома“ вели:

Германскиот филозоф Мартин Хајдегер во својата книга која што се состои од забелешките од наставата што ја предавал во 1929-1930 година „Основните концепти на метафизиката“ изнесува еден извадок од Џорџ Филип Фридрих Фреихер фон Харденберг кој е познат како Новалис, а во врска со значењето на филозофијата и вели: „Филозофијата е копнеж по родбината. Желба човекот себе си секаде да се чувствува како  дома.“ Хајдегер од една страна овој збор на Новалис го наоѓа за „романтичен“, а од друга страна како почетна точка на сфаќањето на својата филозофска мисла поаѓа од овој афоризам. Основната карактеристика на филозофијата е „желбата секаде да се биде како дома“.Мартин Хајдегер додава: „Филозофијата може да претставува една ваква желба само ако ние кои се занимаваме со филозофија секаде се наоѓаме како дома... Секаде да бидеме во свој дом сега и секогаш значи да се биде во целината. Ние да се биде „внатре во оваа целина“ и нејзината карактеристика на целина/целосност го нарекуваме свет.

Загубата на оваа целина отсекогаш била главниот мотив на изградбата на себесвојсвеноста       на модерниот човек. Копнежот по родбината произлегува од оваа загуба и нас не принудува да го бараме нашиот дом - местото каде што сбее си повторно ќе се чувствуваме комплетни и целосни. Како што вели Петер Бергер лицето во ерата на “Бездомничките умови“ колку и да е вознемирувачко земајќи ја во увид можноста која што никогаш не би ја пронашол треба да биде во потрага по засолниште. Исто како што се вели во овие редови за кои што се вели дека му припаѓаат на муслиманскиот светец Бејазит Бестами кој живеел во 9-от век: Вистината не можете да ја најдете со барање и трагање по неја, меѓутоа оние кои ќе ја најдат се само оние кои продолжуваат да ја бараат, односно да трагаат по неја.

Во епохата на раселените духови од своите места и бездомните умови, она на што алудира Хајдегер на врската помеѓу филозовската контемплација и потрагата за да го најдеме нашето место во светот, онака како што го нарекува Тој самиот обезбедува значајна внатрешна визија, увид или разбирање во врска со нашата ограниченост/конечност и индивидуализација. Нашата интеракција со светот се потпира на следната вистина: Ние сме живи суштества со крај кои можат да извлекуваат значење од постоењето како конечни/ограничени, еднински и самостојни суштества.

И муслиманските филозофи светот го увидоа како место по кое трагаме за да излезе на виделина вистината за да се реализираме самите себе. Меѓутоа нивното дефинирање на филозофијата го содржеше значењето на нештата и мноштвото разбирање во однос на нивните врски со нас луѓето. Според класичното дефинирање кое што од Кинди и Фараби пристигнало до Мола Садра, филозофијата беше вистината на нештата да се познаваат и знаат како што се и да се постапува согласно тоа, онолку колку што е можно за човекот. Ова дефинирање претпоставува дека постои нешто кое што се нарекува вистина на нештата и дека ние би можеле да водиме борба за да го знаеме тоа како суштества со крај. Меѓутоа „знаењето“ како ментална активност не е доволно, лицето треба да делува според она што го знае, односно според вистината на нештата. Тоа со најопширно значење на зборот значи да се земе за сериозна вистината и да се покажува почит и грижа и внимателност кон неја. Ние не сме сопственици и господари на светот, само би можеле да бидеме негови чувари кои располагаат со одговорност и мудри соговорници.

Меѓутоа овде има нешто на кое што треба да се внимава. Вистината која што се дефинира од страна на муслиманските филозофи е поголема од она кое што тоа би можело да го опфати или содржи светот. Она по кое што лицето трага за да го открие е вистината, а не самиот свет. Она кое што нам ни стои во услуга како основа, засолниште и дом е вистината. Лично самиот да се биде во светот нам нема да ни придаде привилегија во нашата потрага по вистината. Оваа состојба треба да се обедини со сфаќањето за свет кој што преминува вон менталните и физичките ограничувања на светот.

Ете ова е местото каде што филозофијата како духовна примена не носи на патување кое што ќе обезбеди можност да сведочиме за нашето место во светот и за она кое што лежи во позадината. Како што вели Мола Садра конечна цела на филозофската контемплација е нашето индивидуално постоење да го надминеме во „хоризонтот на постоењето“. Оваа точка е место кое што е наш предводник кон нови интелектуални и духовни хоризонти каде што формалната филозофија пртставува еволуција на мудроста. Тоа претставува патување кое што го откриваме и  наново откриваме значењето на постоењето и нашето место во него. Патување кое што ни пружа засолниште и ни дава соодветно солидно и добро место. Благодарение на тоа за да бидеме дома секаде онаму каде што сме, доаѓаме на растојание на хоризонтот на постоењето.

Меѓутоа оваа состојба апсолутно не ја предлага филозофијата за бегство од вистината која ќе посредува за да ги изоставиме од вид неправдата и експлоатацијата во светот. Туку за соочување со политичките и економските проблеми предизвикани од отуѓувањето и експропријацијата кои што гледаме дека денеска се излезени од контрола мора да се располага со една правилна филозофска перспектива и морален став. Цврстите политички вистини никако не би требало да претставуваат причина која би не одвратила од потрагата по вистината. Тоа пак само би било можно тогаш кога вистинското значење на филозофската контемплација ќе ја интернализираме како мудрост и духовно чистење. Целта на филозофското распрашување е будењето на оваа свест во нас. Ако повторно изнесеме извадок од Садра да се дојде во состојба на подобар човек значи да се надминеме себе си и да преминеме во врска или однос со една повисока суштина која не ќе може да се лаже себе си, не ќе може да се манипулира од страна на арогантното его и не ќе може да се земе под монопол. Земајќи го од центарот егото кое што само наредува и откривајќи ја поголемата вистина чиј дел сме и ние секаде онаму каде што се наоѓаме би можеле да бидеме како дома.

 

Автор на статијата објавена во весникот „Дејли Сабах“ на англиски е Ибрахим Калин, портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган



Слични вести