Балканска агенда 43/2016

Случајот Сјеверин: 24 годишна неизлечива болка

604532
Балканска агенда 43/2016

На 22 октомври беше одбележена 24-годишнината од случајот Сјеверин кога во 1992 година беа киднапирани и убиени  16 Бошњаци. На церемонијата на сеќавање на која учествуваа блиските на убиените, претставници на Исламската верска заедница на Србија, граѓански организации и локални функционери беше побарано да се скрши молкот и да се овозможи да се воспостави правдата во врска со случајот Сјеверин. Граѓанската организација „Жени во црно“ кои побараа од Србија да се соочи со своето минато одржаа и тивок протест во Белград и го одбележаа случајот Сјеверин.

Сјеверин е село во Санџак во западниот дел на Србија во близина на границата со Босна и Херцеговина. Поголемиот дел од жителите на Сјеверин во годините на војната во Босна работеа во градот Прибој на оддалеченост од 15 километри и од овде ги обезбедуваа своите животни потреби. Единствената врска за комуникација на Сјеверин со Прибој пак е источниот дел на Босна и Херцеговина под контрола на Србите.

Автобус кој превезуваше работници од селото Сјеверин за градот Прибој на 2 ноември 1992 година беше сопрен од страна на српските паравоени сили по име „Одмаздници“ и беше киднапиран со 16 Бошњаци кои се наоѓаа во автобусот. Киднапираните Бошњаци беа однесени во градот Вишеград во ентитетот Република Српска во Босна и Херцеговина, беа измачувани и убиени. И покрај тоа што се знае од чија страна, како и каде е извршено ова злосторство засега не вродија со резултат напорите во врска со пронаоѓањето на посмртните останки на убиените Бошњаци. Всушност и покрај тоа што поминаа толку години досега можеа да бидат пронајдени посмртните останки на само едниот од убиените.

Во врска со случајот Сјеверин беа изнесени различни коментари. Некои стоеја на тоа дека Бошњаците од Сјеверин беа киднапирани за да бидат разменети со српски заробеници. Се тврдеше дека откако не можеше да се направи размена беа убиени. Според едно друго пораспространето размислување пак случајот Сјеверин беше реализиран со цел исчистување од Бошњаците на селата во близина на границата со Босна и Херцеговина. Впрочем по случајот Сјеверин речиси сите Бошњаци кои живееја во околните села ги напуштија своите домови.

Според некои граѓански организации за човекови права државните функционери во тоа време можеа да го спречат масакрот од Сјеверин. Доколку државата стапеше во акција за спасување на своите Бошњачки граѓани можеше да го спречи извршувањето и на некои други воени злосторства, а не само масакрот на овие невини цивили.

Друг пример кој што покажува дека државата останала посматрач пред извршените убиства врз малцинствата е случајот Штрпци. Имено на 27 февруари 1993 година воз кој што патуваше од Белград за градот Бар  во селото Штрпци во близина на градот Пријепоље во Србија беше сопрен од страна на српските паравоени единици. Од овој воз беа киднапирани и убиени вкупно 21 патник од кои 19 беа Бошњаци, а двајца Хрвати.

Случаите и во Сјеверин и во Штрпци сведочат за тешките денови со кои беа соочени Бошњаците од Санџак во годините на војната во Босна. Во тие години властите и на Србија и на Санџак применуваа систематски притисок врз Бошњаците од Санџак. Под изговор дека се подготвуваат да ја формираат таканаречената државата Санџак некои водечки Санџачки Бошњаци беа уапсени, а под изговор дека се вршат претреси за оружје стотици Бошњаци беа измачувани. Освен тоа во периодот од 1990 до 1995 година беа убиени 34 Санџачки Бошњаци, повеќе од 100 беа киднапирани, беа кренати во воздух 105 згради во сопственост на Бошњаци, а додека 27 Бошњачки села беа подложени на етничко чистење. Поради овие видови применувања во годините на војната во Босна се претпоставува дека областа Санџак во Србија ја напуштиле над 60 илјади Бошњаци.

Денеска Србија делува бавно по прашањето на обелоденување на нерешените убиства кои заземаат место во стекнатото наследство од периодот на Слободан Милошевиќ и на настаните кои се третираат како воено злосторство. Првиот судски процес во врска со извршените воени злосторства на териториите на Србија во годините на војната во 1990-сетите години беше во врска со случајот Сјеверин. Судот во Белград во судскиот процес Сјеверин кој беше решен во септември 2013 година на едно лице му изрече затворска казна од 15 години, а на 3 лица затворска казна од по 20 години.

Поради тоа што не ги одбрани своите граѓани и не го спречи извршувањето на овој масакр, семејствата на жртвите од Сјеверин бараат оштета од државата Србија. Бидејќи е одбиена тужбата прашањето е доставено до Европскиот суд за човекови права.

Автор на програмата е доктор Ерхан Турбедар



Слични вести