Блискиот Исток низ призмата на Турција 44-2016

Египет, земја чија економија е во колапс и владее криза со легитимноста

601401
Блискиот Исток низ призмата на Турција 44-2016

Денес 27 насто од египетскиот народ живее под официјалните граници на сиромаштијата. Колку е реален податокот за границата на сиромашијата која изнесува 50 долари е друго прашање. Бројот на граѓаните кои живеат под границата на сиромаштија во областа Горен Египет изнесува 60 насто. Стекнувањето со политичка стабилност на Египет поминува низ решавање на економските проблеми. За жал на хоризонтот нема ништо конкретно во врска со тоа. Случувањата покажуваат дека се повеќе се продлабочува економскиот и финансискиот јаз во Египет. Економската и финансиската криза во земјата ја поттикнува и разгорува и кризата за политичкиот легитимитет на раководството на Абдулфатах Ал Сиси.

Народните маси кои во 2011 година се дигнаа на бунт против режимот на Мобарек во Египет, имаа три барања: Леб, слобода и социјална правда. Раководството на Ал Сиси кој на власт дојде по отстранувањето на првиот демократски избран претседател Мохамед Мурси, денес за жал од аспект на сето она што го направи и не го направи, предизвика народот да го бара дури периодот на Мобарек.

Секако дека економската слика за земјата не е баш најдобра.

Во 2015 година економијата на Египет даде некои поволни сигнали. Инфлационата стапка релативно беше земена под контрола, стапката на невработеноста беше намалена во одредена мера, стапката на економскиот раст постигна одреден развој. Во 2015 година во голема мера беше намалена стапката на електрична рестрикција. Но овие поволни случувања не се одразија врз целото население.

Дури многу повеќе се влоши состојбата на оние со ниски примања.

Факт е дека по воениот удар во 2013 во Египет се очекуваше сериозна економска и финансиска криза и колапс. Финансиската помош од Заливските земји ги олеснаа проблемите на авторитарниот режим на Ал Сиси. Денешните економски проблеми во земјата претставуваат одраз на суспендирањето на помошта.

Од 11 фебруари 2011 година кога Воениот совет на земјата ја зеде власта под контрола, еден УСА долар изнесуваше 5,8 египетски лири. Денес цената на еден УСА долар изнесува над 15 египетски лири. Само годинава египетската лира изгуби вредност од околу 40 насто.

Девизните резерви во Централната банка на Египет во 2011 година изнесуваа 36 милијарди долари. Во август 2016 оваа бројка се намали на минималното ниво во историјата на земјата и изнесуваше 5.15 милијарди долари. Еден друг факт кој уште ја зголемува трагедијата е податокот дека помошта што ја доби Египет од Заливските земји по воениот удар во 2013 година достигна околу 50 милијарди долари. Накратко, покрај резервите во Централната банка на земјата кои исчезна, исто така исчезнаа и околу 20 милијарди долари од помошта.

Секоја година растеше и надворешниот долг на Египет. Кон крајот на 2015 година надворешниот долг на земјата изнесуваше 48 милијарди долари, а во 2016 година оваа бројка достигна 55,7 милијарди долари.

Каде отидоа парите кои исчезнаа? Во Египет сеуште нема некое економско закрепнување кое ќе ја олесни состојбата на општеството. Поголемиот дел од парите и материјалната помош се употребуваат за изградба на нови затвори, задушување на демонстрациите и бунтовите, зајакнување на безбедносните санкции и комуникациите. Корупцијата и корумпираноста кои не можат да се спречат исто така ги трошат изворите на земјата.

Освен наведените неповолности во земјата, да додадеме дека и приходите од туризмот кои сочинуваат 10 насто од националните приходи на Египет, за жал колабираше. Скоро 20 насто од девизните приливи на Египет се состоеја од туристичкиот сектор.

Една друга значајна ситуација која предизвика сите овие неповолности да станат уште понеподносливи е отежнувањето на секојдневниот живот. Падот на вредноста на валутата и зголемувањето на инфлационата стапка, предизвикаа и зголемување на основните намирници и производите за широка потрошувачка. Поголемиот број од народот на Египет имаат приходи со кои можат да ги намират само основните производи за широка потрошувачка. Покрај порастот на цената на шеќерот оризот, маслото за јадење и готвење, храна за бебиња и лекови, Египќани се соочуваат со сериозни тешкотии при нивното снабдување и набавка. Тешкотиите во субвенцијата на цената на наведените производи како во минатото, уште повеќе ја отежнува борбата за живот на граѓаните со ниски примања и сиромашните.

Во ноември ќе се потпише договор меѓу Египет и ММФ за доделување кредит во износ од 12 милијарди долари. Египетската влада прифати согласно договорот кој ќе се потпише да следи политика на стегање на ременот. Покрај тоа што египетската влада успешно ги оствари санкциите за економска стабилност, животот за поголемиот дел од народот ќе продолжи да биде тежок. Согласно одредбите на договорот, египетската влада ќе почне да спроведува данок на додадена вредност. Ќе се зголеми цената на нафтата и ќе се укине субвенцијата. Исто така девалвацијата ќе биде еден од предусловите во новиот период. Овие три елементи ќе предизвикаат повторно зголемување на цената на потрошувачките производи.

Политиката на структурно прилагодување на која Египетската влада смета како на спас од ситуацијата во која се наоѓа како и економските санкции кои ќе бидат спроведени, за поголемиот дел од народот уште повеќе ќе ги отежнат  животните услови. Ова состојба секако дека ќе ја продлабочи кризата со легитимитетот на режимот на Ал Сиси. Имено нема поголем број на историски пример на радикални политики на структурно прилагодување како што се предвидува да се извршат во демократските земји како што е Египет. Затоа слободно можеме да кажеме дека при спроведувањето на наведените политики, авторитарниот режим ќе употреби поголема доза на насилство. Затоа по се изгледа дека како резултат на зголеменото ниво на насилството во Египет, тешко ќе се надмине кризата на легитимитетот на авторитарната власт.



Слични вести