„Политичките грижи и менталниот живот“

Портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин во својата статија за весникот „Дејли Сабах“ на англиски се осврнува на политичките и економските проблеми со кои што денеска се соочуваат муслиманските народи

599962
„Политичките грижи и менталниот живот“

Ибрахим Калин во оваа негова статија вели:

Додека нашите нозе стојат цврсто на нашиот центар и нашата традиција кон светот треба да гледаме со перспектива која го отвора хоризонтот пред нас. Ниту едно општество не би можело да располага со своја иднина без претходно да располага со своја традиција.

Муслиманскиот свет поминува низ турбулентно време. Неправедниот и хаотичен глобален  поредок, прокси војните, внатрешните судири, секташките тензии, општествените превирања и економските нарушувања не само што создаваат големи политички проблеми за муслиманскиот свет истовремено залудно ја трошат и неговата интелектуална и духовна енергија.

На крај муслиманските интелектуалци, научници и уметници заостануваат од светските стандарди и не можат да увидат дека немаат што да му кажат на светот.

Зарем е можно во оваа средина на постојано превирање да се изнајде неопходниот простор за реализација на интелектуални, културни и уметнички активности? Накусо одговорот гласи „Да“ и доволен доказ за ова и покрај сите политички удолнини и угорнини е долгата историја на муслиманскиот свет.

Некои големи научници на исламската интелектуална традиција живееја во време на многу големи политички трансформации.

Првата генерација муслимански правници и теолози беа сведоци на мошне големи превирања кои што се случија во склопот муслиманското општество и случувањата во врска со проблемите кои што се појавија особено по смртта на исламскиот божји пратеник Хазрети Мухамед во 732 година и проблемите околу тоа како полтичката власт ќе се пренесе на следната генерација.

Теолошките дискусиите во раниот период беа одблизу поврзани со политичките кавги. Филзофската и научна традиција во исламот порасна за време на изградбата на муслиманска држава во раниот период и турбулентните периоди во времето на воените освојувања.

Преминот од емевискиот период кон абасискиот период и формирањето на десетици исламски емирати на муслиманските територии не ги спречија муслиманските научници и филозофи да развиваат знаења со квалитет од прва класа.

Оваа нивна неистрошлива приврзаност кон вистината и знаењето ги постави темелите во понатамошните периоди на исламската цивилизација од Централна Азија да достигнат до Мала Азија, Месопотамија, Северна Африка и Андалузија и овде да егзистираат.

Големите муслимански филозофи како Хинди, Фараби и Ибни Сина своите големи дела во сферите на филозофијата, логиката, медицината и музиката ги напишаа за време на политичка неизвесност и воени походи.

Од 12-от до 14-от век муслиманските територии станаа сведоци на две окупаторски сили: Крстоносците кои дојдоа од Запад и Монголите кои дојдоа од Исток. Штетата што им ја нанесоа на муслиманските градови и текот на секојдневниот живот во историските книги  беа звнесени заедно со чувствата како што се патење, болка и лутина. И покрај сето тоа повторно во овој период беа создадени некои од најголемите дела на исламската култура и цивилизација.  Усаме бин Мункиз, современик на Селахаддин Ејуби кој во 1187 година го зазеде Ерусалим од Крстоносците, во својата позната книга Китаб ал-Л’тибар за овој период раскажува давајќи живописни детали. Ниту еден од политичките и воените судири на кои беше сведок не го спречија да го напише ова дело кое што привлекува внимание.

Згора на тоа значајните и водечки мислители како Ибни Араби (роден во 1240 годна) и Мевлана Џелаледдин Руми (роден во 1273 година) своите најголеми дела ги напишаа во 13-от век за време на кростоносните походи и монголските окупации.

Ибни Араби беше сведок на маките и тешкотиите со кои се соочуваше исламот во Анадолија, додека Мевлана Џелаледдин Руми бегајќи од монголската окупација се засолна во Конја каде што живееше и каде денеска е и погребан.

Голем број научници, филозофи и уметници во муслиманскиот свет Газали, Сухраварди, Насир ал-Дин Туси, Факхр ал-Дин ал-Рази, Мулла Садра, Ибн Кемал, Такијуддин, Имам Раббани, Шах Валиуллах од Делхи и други го продолжија своето творештво како личности приврзани кон своите интелектуални и духовни должности и како верни следбеници на мудроста.

Синан кој е еден од најголемите архитекти во историјата своите монументални дела ги изгради и покрај политичките превирања во дворецот во времето во кое живееше.

Шах-и Џихан го изгради Таџ Махал во 17-от век. Исламската калиграфија (уметноста хат), минијатурата, уметноста ебру и ументоста на корици за завиткување на книги своите највеличествени примери ги дадоа во 17-от век кога муслиманскиот свет се соочуваше со политички кризи и воени кавги.

Сиве овие општествени, политички и економски грижи апсолутно влијаеја на животот на овие големи научници и ументици, а можеби се одразија и на нивните мисли. Меѓутоа ниту една световна препрека не можеше да ги спречи своите животи да ги посветат на знаењето, правдата и духовноста. И покрај општествените и политичките тешкотии со кои што се соочуваа како предзвик во текот на својот живот се до денеска се одржаа нивните трајни придонеси кон општото знаење на човештвото.

Тоа се знаења од кои што треба да научи денешниот муслимански свет и да извлече лекција од нив. Како прво, политичките проблеми кои влијаат на животот на сите нас не можат да се решат само со политички средства. Решенијата треба да се потпипраат на сериозен интелектуален напор и научни знаења и мудрост. Така да за да се остварат сериозни научни и интелектуални трудови не е мошне разумно да се чека додека да се решат присутните политички и економски проблеми. Спротивно на тоа владите и научниците заедници мораат да им дадат приоритет и тоа во најголем степен на сериозните научни и интелектуални програми.

Второ, политичките проблеми онолку колку што му наштетуваат на интелектуалниот живот на единките и народите, воедно би можеле да станат причина кризите да ги претворат во прилики, одигрувајќи притоа поттикнувачка функција и за отворените, испитувачки и заинтересирани умови. Да се работи под притисок не е лесно, меѓутоа тоа би можело да е наградувачко.

Трето, денешните муслимани засега се уште не го откриле она богато интелектуално наследство со кое што располагаат. Само многу мал дел од научните и уметнички дела кои што беа создадени од страна на муслиманите во период од илјада години денеска можеа повторно да се преразгледат и повторно да се отпечатат. Има уште многу работи кои што треба да се направат. Причината поради која што тоа е толку многу значајно пак е тоа што овие дела денеска би можеле да ни помогнат да отвориме еден нов пат  пред нас, без притоа да ги негираме или порекнеме вистините на времето во кое живееме.

Додека нашите нозе стојат цврсто над нашиот центар и нашата традиција кон светот треба да гледаме со перспектива која го отвора хоризонтот пред нас. Ниту едно општество не би можело да располага со своја иднина без претходно да располага со своја традиција.

Политичките и економските проблеми со кои што денеска се соочуваат муслиманските народи се вистински и не треба да се омаловажуваат. Меѓутоа оваа состојба не може да претставува оправдување или изговор за да не одврати нас од одлучноста за создавање на сериозни и долгорочни интелектуални, научни и уметнички дела.

 

Автор на статијата објавена во весникот „Дејли Сабах“ на англиски под насловот „Политичките грижи и менталниот живот“ е Ибрахим Калин, портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган



Слични вести