Балканска агенда 42/2016

Парламентарните избори во Црна Гора: Изборот на страната на Западот

601635
Балканска агенда 42/2016

Демократската партија на социјалистите (ДПС) под водство на актуелниот премиер Мило Џукановиќ на одржаните парламентарни избори во Црна Гора на 16 октомври во недела освои 41-отсто од гласовите на бирачите. Со тоа освен тоа што покажа дека е најпреферирана партија Демократската партија на социјалистите (ДПС) за формирање на новата влада е проморена да најде коалициони партнери. Во овој случај како најпогодни коалициони партнери за актуелниот црногорски премиер Мило Џукановиќ се уочуваат Социјалдемократите (СД) и малцинските партии.

Една од најзначајните карактеристики на одржаните парламентарни избори во Црна Гора е тоа што како прашање кое што преовладуваше за време на предизборните кампањи беше надворешната политика. Од една страна актуелната власт земјата се обидува да ја носи кон членство во ЕУ и НАТО, а од друга страна опозицијата го нуди како алтернатива зближувањето со Москва. Затоа народот на парламентарните избори во Црна Гора во извесна смисла беше оставен да направи избор помеѓу НАТО и Русија.

Опозицијата поддржана од Москва и Србија не можеше да ги добие изборите, меѓутоа овојпат премиерот Мило Џукановиќ се соочи со поголеми тешкотии. Опозицијата во 2015 година се обиде да ја промени власта со насилство. Со таа цел успеа да ги повика да излезат на улица и широките народни маси. Затоа овие парламентарни избори во Црна Гора беа значајни за Џукановиќ и од тоја аспект. Демократската партија на социјалистите (ДПС) требаше да докаже дека ужива поддршка кај народот како и порано. За да ја постигне таа цел пак не се воздржа да ги мобилизира сите можности на државата. Внимание привлече и тоа што на само неколку дена пред изборите под изговор дека планирале акции на насилство и тероризам беа уапсени 20 приврзаници на опозицијата.

Демократската партија на социјалистите (ДПС) речиси се преобрази во легендарна партија на црногорската политика. Оваа партија која извојува победа на првите повеќе партиски избори кои што беа одржани во Црна Гора во декември 1990-та година постојано беше на власт до денеска и тоа како самостојно така и со коалиции. На почетокот Демократската партија на социјалистите (ДПС) стоеше блиска со власта на Слободан Милошевиќ во Србија, додека потоа во 1997 година по цена и на поделеност  целосно излезе од позиција на верна марионета на Белград. Кога ќе се направи проценка на нејзината историја во последните 20 години се гледа дека Демократската партија на социјалистите (ДПС) фрли потпис на значајни успеси. Најзначајниот успех несомнено беше стекнувањето на Црна Гора со својата независност во 2006 година.  Еден од успесите е и тоа што ги води преговорите за членство во ЕУ. Исто така Црна Гора во декември 2015 година доби и официјална покана за членство во НАТО. Меѓутоа за да би можела Црна Гора да стане 29-та членка на НАТО треба официјално да ја одобри и одлуката за пристапување кон НАТО. Опозицијата пак која се противи на членството во НАТО инсистира одлуката за пристапување кон Алијансата да се постави на референдум пред народот.

Би можеле да говориме за еден основен фактор со кој се олеснува успехот на Демократската партија на социјалистите (ДПС). Пред се значаен дел од народот на Црна Гора опозиционите партии ги сфаќа како партии кои ги бранат интересите на Србија. Затоа од страна на бирачите кои покажуваат чувствителност во однос на национални прашања постојано се поддржува Демократската партија на социјалистите (ДПС) чие име се истоветува со независноста на Црна Гора.

Во успехот на Демократската партија на социјалистите (ДПС) кој што продолжува приближно 26 години доста е голем придонесот и на нејзиниот лидер Мило Џукановиќ кој располага со каризматична личност. Тој уште од почетокот ја прифаќа пазарната економија и западната демократија, а освен тоа е лидер кој има цел цел неговата земја да се интегрира со европските и атлантските институции. Џукановиќ со политиките кои што ги следи и со реториката знае да го освои срцето на народот, а исто така во критичните моменти од својата политичка кариера секогаш ја добива поддршката  на бошњачкото, албанското и хрватското малцинство.

Всушност ако се погледне ќе се согледа дека историјата на Црна Гора е исполнета со критични моменти. Причината за тоа пак е длабоката поделеност на народот во оваа земја. Оваа поделеност чии корења се протегаат до 20-от век и се согледуваат со различни димензии, денеска се уочуваат од аспект на односите со Србија и Русија. За жал Демократската партија на социјалистите (ДПС) и покрај својата долгогодишна власт не можела да убеди ниту речиси 45-отсто од народот во однос на прашања како што се историјата на Црна Гора, нејзините национални вредности, па дури и суверенитетот на земјата. Затоа актуелниот премиер Мило Џукановиќ долги години дојде на власт со гласовите на малцинствата и го определи стратешкиот правец на својата земја. Исто така и резултатите од последните одржани избори укажуваат на тоа дека Џукановиќ за да дојде на власт има потреба од поддршката на пратениците од малцинствата. И покрај тоа што малцинствата во Црна Гора одигруваат една ваква клучна улога тие остануваат под сенката на политичката сцена во оваа земја.

Согласно пописот на населението во декември 2011 година најголема малцинска заедница во Црна Гора се Бошњаците кои сочинуваат 12-отсто, додека Албанците сочинуваат 5-отсто од населението.  Освен тоа макар што нивниот број е релативно помал во Црна Гора живеат и повеќе од 10 други малцински групи. Сега најверојатно политичките партии на малцинствата повторно ќе ја поддржат власта на Мило Џукановиќ. Меѓутоа овојпат Демократската партија на социјалистите (ДПС) би можела да биде приморена во новата коалициона влада да им даде поактивна улога на пратениците на малцинствата.

 

Автор на програмата е доктор Ерхан Турбедар



Слични вести