Блискиот исток низ призмата на Турција 42-2016

Изборите во Мароко: Втората победа на Партијата за правда и развој

591954
Блискиот исток низ призмата на Турција 42-2016

На 7 октомври во Мароко се одржаа парламентарни избори. Големиот партнер на коалиционата влада во Мароко, Партијата за правда и развој (ПЈД) го зголеми бројот на гласовите и пратениците и со 125 пратеници стана прва партија на изборите. Партијата за правда и развој (ПЈД) е муслиманска демократска партија. Останатите три коалициони партнери изгубија по неколкку пратенички места. Гледано од аспект на процедурата, изборите беа одржани во релативно демократски и транспарентни стандарди.

Одѕивот на гласачите на изборите се намали за 2 насто во споредба со претходните и изнесуваше 43 насто од севкупниот број на гласачи.

Втора партија на изборите беше Партијата на автентичност и современост (ПАМ) која постигна најголем пораст на гласови. Имено оваа партија бројот на пратениците од 47 го зголеми на 102. Лидерот на партијата ПАМ Илјас Ал-Омери беше поранешен советник на кралот и другар од деството. Партијата ПАМ од страна на опозиционерите се оценува како партија на Сарајот. Партијата ПАМ изборната стратегија ја засноваше на платформа против Партијата за правда и развој (ПЈД). Политичката реторика на изборите ја засноваше на секуларизам и исламизација. Исто така имаше за цел партијата ПЈД да ја оддалечи од центарот.

За подетално анализирање на резултатите од изборите, најпрвин треба да погледнеме на нискиот одѕив на изборите. Исто така околу 5 милиони гласачи не се регистрираа на последите избори. Гледано од тој аспект можеме да кажеме дека на изборите гласаа само една третина од севкупната популација на Мароко.

Резултатите ја покажуваат неуспешноста на политичките партии за мобилизирање на масите за изборите во Мароко. Исто така претставуваат јасен показател за недовербата на поголемиот дел на народот кон политичарите. Мнозинството на народот мисли дека изборите нема да променат нешто повеќе во нивниот живот.

Изборите покажаа дека оптимизмот во првата етапа на Арапската пролет траеше многу кратко. Во периодот на Арапските бунтови во 2011 година, во Мароко беа одржани низа демонстрациии и протести кои беа смирени како резултат на ветувањето за реформи дадено од страна на кралот. Веднаш потоа кралот со уставните промени, некои овластувања ги препушти на парламентот. Наместо именување на еден од пратениците за формирање на владата, кралот прифати изборот на премиерот да се изврши од редовите на партијата која освои најголем број пратеници во парламентот. Меѓудругото, правото на распуштање на парламентот му беше дадено на премиерот. Покрај овие промени, не се промени перцепцијата дека сите дејствија во општеството завршуваат кај кралот. Продолжи мислењето дека сите одлуки кои се усвојваат од страна на парламентот, во суштина се одлуки на дворецот. Исто така кај поголем број граѓани продолжи ставот дека Парламентот стана место каде што партиите не можат да дискутираат нешто повеќе освен одредени теми.

Како партијата ПЈД го зголеми бројот на гласовите и пратениците, додека останатите помали коалициони партнери ги намалија?

Во периодот од 2011 до 2016 година, под водство на партијата ПЈД и премиерот Абдулилах Бенкиран беа формирани две коалициони влади. Двете влади не беа успешни во остварувањето на дадените ветувања. Предвидениот економски раст од 7 насто за жал беше остварен под очекувањата и остана под два насто. Владите на партијата ПЈД беше принудена да ги спроведува непопуларните политики на стегање на ременот. Високата стапка на невработеност и корумпираноста продолжија како структурални проблеми. Додека големиот партнер на коалиционите влади го зголеми бројот на гласовите и пратениците, тешко ќе биде да се оправда намалувањето на бројот на гласовите со слабиот перфоорманс на владата.

Освен двете партии кои ги зголемија гласовите, партиите кои изгубија гласови и не наидоа на очекувањата, можме да ги анализираме во две групи. На политичката арена на Мароко може да се види дека сите левичарски партии во земјата губат гласови. Дури новата Демократска левичарска федерација која се состои од три левичарски партии кои се обединија пред изборите и наидоа на широк оддек во медиумите, освои само две пратенички места.

Во втората категорија се наоѓаат партиите кои подолг период се наоѓаат на политичката арена на мароко и под протекторат на дворецот. Губењето гласови на овие партии можеме да го образложиме со следните два фатори: Прво, овие партии со истрошените личности и безвизионерсство, ја изгубија довербата кај гласачите.

Вториот фактор е податокот дека дворецот за нова партија која ќе ја држи под својот протекторат ја ибра партијата ПАМ. Индиректно, поголемиот број од лојалние гласови на кралот се префрлија на ПАМ. Партијата ПАМ свесно ја формираше линијата меѓу секуларистите и исламистите и на тој начин успеа да привелече дел од  секуларните гласови од другите партии. Три од овие партии се наоѓаат во оваа категорија на партии кои го зазедоа свое место во владата.

Цехот на слабиот перформанс на владите претежно се наплатува на сметка на системот. Во контекст на Арапската пролет, кај повеќето гласачи преовлада мислењето дека ветувањата дадени од дворецот не претставуваа ништо друго освен украсување на стариот систем.

Како може да се објасни бројот на гласовите што ги освои ПЈД согласно резултатите и состојбата на партијата?

Уште на почетокот да го изнесеме следниот факт: погрешното коментирање на порастот на гласовите за 18 пратенички места дека наводно политичкиот ислам удрил белег на државата. Ако се земе во предвид податокот дека на изборите на кои беше забележан низок одѕив на граѓаните, осв ојувањето 32 насто од вкупниот број на гласовите, во суштина се поистоветува со 10 насто од севкупниот број на гласови.

Исто така може да се каже дека партијата има стабилна социјална основа. Партијата ПЈД успеа да се идентификува со позначајниот дел на општеството.

Во меѓувреме, социјалните сили во средината кои имаме можност да ги согледаме во останатите муслимани, се стекнаа со функционалност на политички актер кои живеат во средината. Партијата ПЈД, ги опфаќа маригиналните социјални средини кои се придржуваат на затворената политика на дворецот и не ја пореметуваат рамнотежата. Мисијата која ја претставуваше демократската левица во периодот од 1998-2007 година, денес ја претставува партијата ЈДП во Мароко. Затоа, засновањето на изборната стратегија на партијата ПАМ која е позната како партија на кралот, против ПЈД може да се објасни од наведените причини.

Покрај реформите во Мароко,  кралот и неговата блиска средина и натаму ја држат политичката моќ под своја контрола. Бидејќи и натаму продолжува авторитетот на кралот врз системот, треба да кажеме дека станува збор за конкурентен авторитарен систем. Според резултатите од едно истражување во последно време, кај 82 насто од граѓаните владее мислењето дека државата е корумпирана. 91 насто од Мароканците веруваат дека е невозможно да се најде работа без врски и пријатели.



Слични вести