Блискиот Исток низ призмата на Турција 41-2016

Турција во Ирак бара стабилност и мир

587230
Блискиот Исток низ призмата на Турција 41-2016

На 1 октомври 2016 на Генералното заседание на Големото нацонално собрание на Турција беше усвоено одобрението за продолжување на овластувањето на Владата со кое се предвидува прекугранична операција во Ирак и Сирија. Одобрението беше продолжено до 30 октомври 2017. Усвојувањето на одобрението имаше големо значење како од аспект на операцијата Еуфратски штит која продолжува во Сирија како и наскорото започнување на операцијата со која се предвидува да се протера ДЕАШ од Мосул.

Освен усвојувањето на одобрението, значајно место на дневниот ред на земјата зазеде и изјавата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган во врска со операцијата на Мосул која се очекува да започне наскоро. Претседателот Ердоган во говорот што го одржа пред усвојувањето на одобрението и интервјуто за еден ТВ-канал во Дубаи на 4 октомври подвлече:

- Турција има долги граници со Ирак и Сирија. Затоа не може да остане индиферентна наспроти случувањата во наведените земји кои ја засегаат безбедноста на земјата.

- Турција не може да остане индиферентна наспроти инволвираноста на вонрегионалните влади и држави во случувањата во регионот.

- Мосул припаѓа на граѓаните на Мосул. По ослободувањето на Мосул од ДАЕШ, во градот треба да останат само сунитите Арапи, Туркменците и сунитите Курди.

- На северот на Сирија треба да се формира зона забранета за летови и околу 5 илјади км2 површина треба да се исчисти од тероризмот.

Ирак остро реагираше на ставот на Турција. Собранието на Ирак со одлуката која ја усвои соопшти дека не го прифаќа военото присуство на Турција во Башика кај Мосул и дека ќе направат се што е во нивна можност за протерување од ирачките територии. Одлуката на ирачкото собрание ги содржеше следните фактори:

- да им се суди на сите оние кои што бараа турските сили да влезат во Ирак,

- да се осудат изјавите на претседателот Ердоган,

- повторно да се разгледаат трговските и економските односи со Турција,

- Владата на Ирак под итно да се обрати до СБ на ОН и ОН за протерување на турските вооружени сили од земјата.

По одлуката на Собранието на Ирак, изјави дадоа ирачкиот премиер Хајдар ал-Абади и портпаролот за безбедност на шиитските милицајци Хашди Шеби (Ирачка народна мобилизација) Јусуф ал-Килаби. Ал-Абади ја обвини Турција за мешање во внатрешните работи на Ирак и се закани со регионална војна. Ал-Килаби изјави дека можат да војуваат против турските војници. Меѓудругото, Хашди Шаби изјавата на претседателот Ердоган за тоа кои народи треба да живеат во Мосул ја оцени како дискриминација.

Изјавите објавени од страна на Ирачаните беа поддржани од страна на САД и другите земји. Сите овие реакции беа разгледани апстрахирано од турските политиките кои ги следи Турција кон Ирак како и изјавите на претседателот Ердоган. Пред се, американските власти го заборавија следното: Основната причина и случувања поради кои се појави ДАЕШ во Ирак е американската интервенција на оваа земја како и анархијата и хаосот кои ги предивика. Меѓудргото, од 1991 година периодот на Првата заливска војна кога се појави недостаток на авторитет, дојде до поволни можности за формирање терористички структури на северот на Ирак и нивно стационирање. Случувањата во Сирија и појавата на ДАЕШ уште повеќе ја отежна безбедносната ситуација на Турција. Како и секоја држава која ги штити својата безбедност и националните интереси, не можеше да се очекува Турција да остане индиферентна наспроти случувањата во околината. Военото присуство на Турција на Северот на Ирак не предизвикува закана за територијалниот интегритет и независноста на Ирак. Единствената цел на турските војници во регионот е обучување на локалните сили со цел да ги повратат изгубените територии од ДАЕШ. Исто така турските војници во Ирак се наоѓаат како резултат на поканата на Ирачкото раководство и нивно познавање.

Како што истакна потпретседателот и портпарол на владата Нуман Куртулмуш, присуството на турската армија во Ирак има одлика на стабилност. Целта на Турција е да се укине политичката неизевсност предизвикана од терористичките организации и заштита на граѓаните на Мосул.

Во меѓувреме, не треба да се занемарат злосторствата на шиитските милициски сили Хашди Шаби. Владата во Багдад за жал постојано ги негира злосторствата на милициските сили и неповолните случувања се обидува да ги презентира како индивидуални грешки. Познато е дека припадниците на Хашди Шаби постојано вршат напади врз цивилите кои ги напуштаат градовите опкружени од страна на ДЕАШ. Според изјавата на валијата на Анбар, во процесот на ослободувањето на Фалуџа од ДЕАШ, десетици цивили беа убиени од страна на овие милицајци. Исто така стотици лица се водат за исчезнати. Комитетот за следење на човековите права во извештајот што го објави на 9 јуни соопшти дека приврзаниците на Хашди Шаби се одговорни за извршувањето на смртните казни без претхпдно судење, тортурите, исчезнатите лица и масакрираните мртви лица.

Оправдано дека граѓаните кои сакаат да се спасат од ДЕАШ во опкружените градови претежно не сакаат да се справат со милицајците. Затоа, властите на провинцијата Анбар бараа да се обезбеди граѓаните на Фелуџа во никој случај да не стапат во контакт со милицајците на Хашди Шаби. Еден друг фактор кој предизвиква загриженост е податокот дека на населението кое пред судирите го напуштија градот, покрај тоа што помина доста долг период, не им беше дозволено да се вратат во сунитските населени места кои беа ослободени од ДЕАШ. Ваквата состојба ја зголеми загриженоста дека се поигруваат со демографијата на градовите.

Накратко, слободно можеме да кажеме дека ирачките реакции против Турција претставуваат апстрахирани реакции. Турција како земја која се одала на борбата против тероризмот, не може да пружи поддршка на тероримот, како што тоа го изнесуваат некои средини, бидејќи ставот на Турција е многу јасен. Турција е на страната на зачувување на територијалниот интегритет на Ирак, зајакнување на стабилноста на Ирак и нејзината економија. Очигледно е дека се додека не се прифати фактот за еднаквост на сите граѓани кои живеат во земјата, не ќе може да се воспостави мир и стабилност во Ирак.



Слични вести