Блискиот Исток низ призмата на Турција 40-2016

Изборите, атентатот и економската криза: Тешки времиња во Јордан

582590
Блискиот Исток низ призмата на Турција 40-2016

Јордан која е соседна земја со Израел, Сирија и Ирак, директно ги чувствува трите најзначајни проблеми на Блискиот Исток.  Над половина од популацијата на земјата се состои од Палестинци, поради што Јордан директно е вклучен во Палестинското прашање. По американската окупација на Ирак во 2003 година, како последица на хаосот во земјата, сто илјадници Ирачани беа принудени да се засолнат во Јордан. Почнувајќи од 2011 година наваму, случувањата во Сирија беа причина околу еден милион Сиријци да се засолнат во Јордан.

Како последица на регионалните проблеми, Јордан се соочува и со многу сериозни внатрешни проблеми. Локалните избори на 20 септември, убиството на новинарот Нахид Хатер на 25 септември и економската криза претставуваат конкретни показатели за тешката ситуација низ која поминува Јордан.

Новинарот Нахид Хатер од христијанско потекло кој изјави дека е безбожник и левичар, беше силен поддржувач на Асад. Како резултат на заканите кои ги добиваше во последно време, живееше во Либан. Хатер беше убиен на 25 септември во Аман каде што престојуваше по повод судската постапка која беше покрената поради објавувањето на една карикатура на Фејсбук. По убиството на новинарот Хатер, во Јордан беа одржани различни протестни манифестации. Атентатите и протестите ги разгоруваа постоечките несогласувања и истите уште повеќе ги обелоденуваа. Секуларните елитни средини кои претежно живееја во Аман, атентатот врз Хатер го прифатија како напад врз нивните животи. Политичката партија Маан (Единство) која беше формирана од страна на овие средини, учествуваше на последните избори. Маан како партија имаше секуларна политичка програма и успеа да добие неколку пратеници во Аман. Влегувањето на партијата Маан во Парламентот, претставува предвесник дека политиката во Јордан ќе се загрее меѓу секуларистите и побожните.

Јорданскиот крал Абдула, изборите за Претставничкиот дом кои се одржаа на 25 септември ги оцени за пресвртница во историјата на земјата. Освен некои помали проблеми во одредени места, изборите претежно поминаа во мирна атмосфера. Заинтересираноста кон гласањето и изборите и покрај новиот изборен закон и поголемата транспарентност во споредба со минатото, за жал беше многу ниска. Перцепцијата за значењето на изборите кај граѓаните не се поистоветуваше со истото значење што го придаде кралот. Покрај бојкотот на Партијата Исламски фронт на трудот која го сочинува ‘рбетот на Муслиманското братство, учеството на граѓаните на претходните парламентарни избори кои изнесуваше над 50 насто. Додека учеството на граѓаните на изборите на 25 септември и покај учеството на Партијата Исламски фронт на трудот изнесуваше само 37 насто.

Учеството на граѓаните на изборите во Аман и Зерка, двата најголеми градови на Јордан изнесуваше само 25 насто. Две третини од градската популација на Јордан ја сочинуваат Палестинците. Поголемо влијание во политичкиот систем на Јордан има популацијата на локалното население составено од племенски заедници. Парламентот на Јордан не располага со потребните револуционерни карактеристики за промена на уставот. Меѓудругото, Второто собрание на Парламентот, Сенатот се состои од членови кои се именуваат од страна на кралот и ги имаат сите овластувања како и пратениците на Претставничкиот дом, кој претежно се состои од претставници на племенските заедници и не може да ја надмине улогата на намирување на потребите на локалната управа и барање работа за блиските на семејствата. Со законите кои беа усвоени во 2015 година се планираше да се зајакне улогата и значењето на Претставничкиот дом во системот и да се зајакнат политичките партии против племенските заедници. Но за жал усвоените промени не вродија со плод. Како резултат на овие случувања, гласањето во подрачјата каде што доминираат племенските заедници беше повисоко, додека во градовите пониско.

Партијата Исламски фронт на трудот на изборите освои 25 насто од гласовите, што значи дека во Претставничкиот дом ќе биде претставена со 12 пратеници. Најголемиот политички блок во новиот претставнички дом со 15 пратеници повторно ќе го формира Партијата Исламски фронт на трудот. Бројот на пратениците на останатите 8 партии се менува од 1 до 5. Мнозинството на Претставничкиот дом ќе се состои од кандидатите на племенските заедници и бизнисмените кои се блиски со Дворецот на кралот. Ниту новите реформски закони ниту пак резултатите од последните избори не ја обезбедија потребната сила за зајакнување на легитимноста на режимот.

По изборите Кралот Абдула побара новата влада да се фокусира кон економските реформи, економскиот раст и разнообразноста. Кралството согласно рамката на визијата за 2025 изготви две различни сценарија за постигнување на економскиот раст на земјата. Првото од нив, песимистичкото се предвидува да обезбеди раст од 4,8 насто во текот на претстојните 10 години во економијата на Јордан. Додека со второто се предвидува економски раст од 7.5 насто.

Двете цели од аспект на Јордан изгледаат нестварно. Еден од најзначајните извори на земјата е стратешката местоположба. Како резултат на стратешката местоположба има ограничени придобивки. Но Јордан има многу поголема потреба. Најзначајни извозни производи на Јордан се калиум карбонат, фосфат и работната сила. 40 насто од работната сила на Јордан се извезува надвор. Во Јордан владее голема криза со водата поради што овој фактор негативно се одразува врз развојот на земјоделскиот сектор кој ќе се базира на извоз. Поголемиот дел од работната сила на Јордан е вработен во јавниот сектор каде што платите се доста ниски. Исто така се забележува пад од 35 насто во странските инвестиции во земјата. Туризмот е еден друг значаен извор на приходи на земјата. Како последица на случувањата во Ирак и Сирија, за жал владее голем пад и во бројот на странските туристи кои доаѓаа. Стапката на невработеност во Јордан изнесува 14,5 насто, додека 30 насто од невработените се состојат од млади од 15 до 24 годишна возраст. Постојано растат трошоците за безбедноста на земјата и покрај помошта што пристигнува од САД.

Јордан излезот од тешката ситуација во која се наоѓа планира да го оствари со кредитите кои ќе ги добие од ММФ. Но сите проблеми и прашања на Блискиот Исток како и внатрешните проблеми, не тераат да размислиме потрезвено и да се соочиме со фактот дека невозможно е да ги решите проблемите во земјата независно од проблемите во регионот. Решавањето на проблемите и прашањата во регионот лежи во сфаќањето дека регионалните земји треба сами да изнајдат решение, без да ги вмешаат вонрегионалните актери во процесот за решавање на проблемите.



Слични вести