4 октомври Светски ден на заштита на животните

Со постепениот цивилизациски развој се повеќе се развива и зајакнува свеста за заштита не само на луѓето туку и на животните кои што се дел од нашиот свет

582365
4 октомври Светски ден на заштита на животните

Денес е 4 октомври Светски ден на заштита на животните.

Со постепениот цивилизациски развој се повеќе се развива и зајакнува свеста за заштита не само на луѓето туку и на животните кои што се дел од нашиот свет.

Како резултат на тоа освен постојните меѓународни закони за заштита на животните во се поголем број земји се донесуваат исто или слични закони за заштита на животните кои претставуваат вид гаранција за спречување на поединечни нехумани однесувања кон животните.

Животните имаат само една цел,слободно да живеат.Токму поради тоа треба да ги почитуваме свесни за нивното право на живот исто како што и ние луѓето имаме право на живот.

Да не ги повредуваме животните и да укажуваме па дури и да ги спречиме сите оние кои им наштетуваат на животните.

Во топлите и жешки летни денови да се грижиме за бездомните животни, да поставиме садови со вода особено во градските центри, но исто така и во студените зимски денови да поставиме садови со топла храна за нив.

Денес достојно да го одбележиме 4 октомври Светскиот ден на заштита на животните.



Слични вести